Македонија
Граѓански собир по повод Светскиот ден за борба против родителско отуѓување
Граѓански собир по повод 25 Април, Светскиот ден за борба против родителско отуѓување, ќе се одржи денеска пред Собранието со почеток во 17.30 часот. Настанот е организиран од страна на Граѓанската иницијатива за заедничко и одговорно родителство по развод и е поддржан од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“.
Целта на овој собир е да се укаже на фактот дека сè повеќе деца се предмет на родителско отуѓување, односно влијание на едниот родител за децата да го отфрлат другиот родител. Ваквата тешка злоупотреба на децата е директна последица од начинот на постапување на државата со децата од разведени бракови и нивното доделување на чување и воспитување на само еден родител.
Предвидено е пред присутните со почеток во 18:00 часот да се обратат Драги Змијанац, основач и претседател на Детската амбасада „Меѓаши“, Весна Петрушевска Бејби, позната актерка и водителка, Наум Рибароски, претставник на Граѓанската иницијатива за заедничко и одговорно старателство по развод, Наташа Стојческа, претставничка на Граѓанската иницијатива за заедничко и одговорно старателство по развод.
Планирано е за време на собирот да говорат и родители кои на своја кожа го осетиле родителското отуѓување. Својата болна приказна ќе ја сподели родител чие дете веќе подолго време е надвор од земјава и со него нема контакт. Исто така, се очекува преку видеопорака поддршка да дадат и граѓански здруженија од соседните држави.
Граѓанската иницијатива за заедничко и одговорно родителство по развод своите барања за измена на постоечките закони и пракса ќе ги достави до Собранието и до Владата надевајќи се дека надлежните конечно ќе се свртат кон решавање на овој горлив проблем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ
Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите, ќе се одработат во две саботи, односно на 18 мај и 1 јуни, објави претседателот на Самостојниот синдикат за образование и култура (СОНК), Јаким Неделков.
Во дописот што го објави Неделков стои дека причината е за да се исполни одредбата од Законот со кој учебната година остварува во 180 наставни дена, а притоа да не се продолжи учебната година.
МОН, покрај тоа, ги задолжува основните училишта во Град Скопје на 15 јуни да ги одработат и пропуштените часови од 30 ноември лани, кој беше неработен ден поради одржување на Министерскиот совет на ОБСЕ.
Неделков побара од министерот Јетон Шаќири веднаш да го повлече известувањето до училиштата.
„Од кога неработните денови преку ноќ стануваат работни? Министерот за образование веднаш да го повлече известувањето до училиштата со кое се задолжуваат да ги одработат ‘неработните’ денови, прогласени од Владата заради одржување на претстојните избори! Впрочем, и други учебни години завршувале и биле верифицирани од страна на министерот со помалку од 180 работни денови, како на пример учебната 2021/22 година“, напиша Неделков на Фејсбук.
Владата претходно ги прогласи за неработни за сите граѓани деновите на одржување на изборите, 24 април и 8 мај.
Македонија
Пендаровски: Знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв од ветинг
Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски вчеравечер од Кочани одговори зошто не е доцна во државата да се спроведе ветинг.
„2016 јас бев дел од тие кандидати за пратеници тогаш тоа го ветувавме. Добивме инструкција од Брисел дека заради негативните искуства во соседна Албанија, каде многу малку судии и обвинители го поминале тој тест, ветинг е проверка на имотната состојба, преведено на народски, дали си живеел во мандатот само од плата или си крадел и од други места. Значи, дали си чесен. Ги послушавме и дојдовме до 2% доверба во правосудството“, рече Пендаровски.
Во оваа насока тој истакна дека не само оваа политичка структура, туку дека после изборите сите треба да се заложат да се спроведе ветинг на судиите и на обвинителите, но и на политичарите.
„Значи не можеме ние целата вина да ја ставаме на судии и обвинителите, а самите да се амнестираме од тоа. Прво да се тргне од претседателот, од премиерот, од неговите роднини, пријатели, колеги, блиски, подалечни роднини, да не случајно си префрлил имот на друго име, само така ќе знаеме кој е човек со образ, кој суди по Устав и по закон. Сè друго е лажење на народот“, подвлече Пендаровски.
Потребно е да го спроведеме ветингот, за како што рече тој, граѓаните да не се сомневаат дали судиите и обвинителите работат согласно со законите или како што ќе им наложи некој друг.
„Да нема генерална перцепција во народот дека за 10 ќебапчиња или за 50 денари украдени на наплатна рампа одиш во затвор, а за милијарди украдени си живееш лагодно по не знам кој светски даночен рај. За да го избегнеме тоа, јас сум за ветинг или проверка на имотот на секој од нас и не само последните пет години. Ајде да тераме од 1990. Зошто да не? Јас немам од што да се плашам. Меѓутоа, знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв“, заклучи Пендаровски.
Македонија
ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и Скопје 2014, велат од СДСМ
Ништо не е променето во ДПМНЕ, оценуваат од владејачката СДСМ.
„На митинзите на ДПМНЕ и Силјановска е истата кореографија од времето кога се носеа Хунзи и кога им се правеше пречек на скопскиот аеродром, а граѓаните Македонци се претставуваа како нивни големи наследници.
Тоа е истото време на грабежот од Скопје 2014 и историскиот инженеринг на ДПМНЕ“, додаваат од СДСМ.
Според нив, ДПМНЕ е истата режимска партија.
Со ДПМНЕ, како што велат, е можно само враќање назад во изолација и режим, во темното минато на недемократските процеси и далеку од ЕУ.