Македонија
Грозданова: Синовак вакцината е безбедна и ефикасна
Крај на пандемијата не се вакцините туку самиот процес на вакцинација, рече претседателката на Националниот комитетот за имунизација, Александра Грозданова, која учествуваше на денешната Трибина на тема „Вакцинација и предизвици со Ковид-19“ заедно со министерот за здравство Венко Филипче, д-р Драган Даниловски и Александар Петличковски од Институтот за имунобиологија и хумана генетика.
Грозданова очекува дека во текот на летото ќе се аплицира доволен број на вакцини да доколку во есенските месеци се јави одредена промена на епидемиолошката состојба да бидеме спремни и индивидуално но и општествено.
„Соочувајќи се со нов бран всушност сој на делта вирусот верувам дека сите уште посвесни ќе станеме дека единствен начин да заврши оваа пандемија е што помасовна вакцинација. Ова е одличен период кога бројките на заболени се намалени и достапноста на вакцините е големо за да може населението да дојде и да се вакцинира. Така што еден јавен апел до сите без размислување најпрво да го пријават својот интерес затоа што тоа е наједноставниот начин да се добие терминот за вакцинација и потоа нормално да се вакцинираат“ – рече Грозданова.
Грозданова објасни дека кинеските вакцини „Синовак“ и “Синофарм“ претставуваат класични вакцини каде е инјектиран ослабен вирус односно технологија за добивање вакцини која се користи децении и е многу позната. Оттука вели Грозданова кај широката популација можеби се доживува како една од најбезбедните платформи во однос на новите вакцини како што беа РНА вакцините. Во однос на возрасна на којашто се дава, Грозданова рече дека нема ограничување и дека во Кина се аплицира и кај деца над 3 возраст, а во нашиот случај ќе се користи над 18г и без ограничување на возраста кај возрасните лица. Вакцината се препорачува кај доилки и трудници за разлика од руската „Спутник“ која што е јасно контраиндицирана за трудници и долки.
„Вакцината е доста безбедна и ефикасноста се движи помеѓу 56 и 78 отсто. Истата е препорачана од страна на СЗО и веќе неколку земји во светот ја користат. Очекуваме и интересот на граѓаните особено по појавувањето на делта сојот односно индискиот сој да се зголеми. Втората доза се дава помеѓу 14 и 28 дена и во нашите протоколи ќе биде избран 21 ден односно на три недели ќе се аплицира втората доза“, потенцираше Грозданова.
Прележувањето на Ковид-19 обезбедува имунитет најмалку од шест па и девет месеци па оттука на лицата коишто ја прележале болеста им се препорачува вакцинација најрано три месеци по прележувањето односно по комплетното нивно оздравување, заврши Грозданова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Македонија денеска избира претседател: пет имиња се на гласачкото ливче
Во Северна Македонија ќе се одржат седмите претседателски избори, а до затворање на избирачките места во 19 часот, на сила е изборен молк.
Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Владата го прогласи денот на изборите за неработен.
Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со државјанство на Северна Македонија.
Во посебен избирачки список запишани се 2.147 лица кои издржуваат затворска казна или притвор.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно и потопло со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има локален слаб дожд, краткотрајно пороен, проследен со појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.
Во Скопје променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 22 степена.
Во четврток ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи, а на повисоките планини ќе преминуваат во повремен слаб снег. Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време.