Македонија
Груби: И помалите заедници имаат придобивки од Охридскиот рамковен договор
Во рамките на одбележувањето на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, учествуваше на тркалезната маса на тема: „Важноста на Охридскиот договор за помалобројните заедници“, во организација на Агенцијата за остварување
на правата на заедниците во соработка со Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците.
Во својот говор Груби рече дека нашето општество во претходната пракса ги прифати добрите меѓуетнички односи и денес може да се каже дека тоа е основата на заедничкиот успех.
„Охридскиот рамковен договор донесе нови можности за сите заедници, донесе можности за сите нас еднакво да се вклучиме во развојот на државата. Сигурно е дека одржлив развој не е возможен доколку некој остави на маргините на општеството. Тука не зборувам само за етнички заедници, туку заедници од сите заинтересирани групи. Благодарение на Охридскиот договор, денес, покрај македонскиот и албанскиот јазик, имаме општини каде што официјален јазик е и ромскиот, турскиот, босанскиот, српскиот и припадниците на овие заедници веќе се интегрирани во сите сфери на општеството, иако не во посакуваниот и во потребниот број“, рече Груби.
Според него, фазата на затворање на нормативниот дел е достигната и соработката не треба да недостига и во спроведувањето на практичниот дел од Охридскиот договор.
„Добрите практики утврдени со Охридскиот мировен договор, добрите меѓуетнички односи, социјалната кохезија, недискриминацијата и толеранцијата преку постојано негување треба да бидат појдовна точка за секој последователен процес во општеството бидејќи заедно ги поминавме фазата на измена на Уставот, измената и донесувањето закони за имплементација на Рамковниот договор и ја достигнавме фазата каде што се завршува неговиот нормативен дел, апелирам да не недостига вашата дополнителна соработка и кохерентност и заедно да работиме на имплементација на практичниот дел од Охридскиот договор бидејќи секој од нас е дел од тој заеднички мозаик на едно еднакво општество за сите“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот конечно го напушта оклопот
Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија.
Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека е време на приватните клиники да се отвори Одделение за детоксикација и Клиничка токсикологија.
„35 години бев најголем борец за здрав јавен здравствен сектор. Дон Кохот конечно го напушта оклопот. Време е во некоја од приватните болници да се отвори Одделение за детоксикација и клиничка токсикологија. Бројот на консументи на психоактивни супстанции секојдневно расте“, пишува Беќаровски.
Ова се случува откако вчера на прес-конференција заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, дека не дозволува вработување на двајца дипломирани биолози и еден болничар. Наместо, тоа, таа инсистира да се вработат осумнаесетмина на кои им истекле договорите за дело, а меѓу нив има лица кои немаат соодветно образование.
Беќаровски кој е раководител на Одделението за интензивна нега на Клиниката рече дека едниот од нив, болничар, вршел притисок врз лаборант- барал урина во која имало наркотици, да биде сменета со урина која е чиста, ама лаборантот не прифатил.
За образованието на Иљази, лекарите не знаат ништо, ниту за познавањето на јазици – со оглед на тоа што македонскиот не го зборува, а Беќаровски се обидел да комуницира со неа на англиски јазик.
Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, д-р Данил Петровски, но не и економската директорка бидејќи немал сознанија за прекршок.
Македонија
Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени
ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, со доумерен ветер и со снег на повисоките места.
Кога се оди со возило на планините е препорачливо да се има полн резервоар гориво и да се внимава на лизгавоста и проодноста на патот, велат од ЦУК.
„Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации“, се наведува во соопштението.
Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.
„Во реонот на автопатот A2 Кичево-Охрид, што е во изградба, во период од 12 до 16 часот ако се слушнат силни детонации, граѓаните да не се вознемируваат, во повеќе наврати ќе се извршат минирања на теренот“, информираат од ЦУК.
Македонија
Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори
Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на Претседателските избори на 24 април.
Како што е објавено на веб страницата на ДИК, заклучно до 19 април, акредитирани се 342 домашни и 568 странски набљудувачи и преведувачи, од кои најбројни се од ОБСЕ/ОДИХР.
Парламентраните избори во земјава ќе ги следат над 2000 домашни и странски набљудувачи.
Изборите за шеф на државата ќе ги следат и странски новинари.
Седмите претседателски избори во земјава ќе се одржат на 24 април, а евентуалниот втор круг заедно со парламентарните на 8 мај.