Македонија
Груби: Сите што сакаат европска иднина утре ќе гласаат за законот за ЈО
Пратеникот од ДУИ, Артан Груби порача дека сите кои мислат на европската иднина треба да гласаат за законот за ЈО.
„Веќе не се преговара, оние кои ќе гласаат за дво-третинските закони ќе гласаат, јас се надевам дека Беса и Алијанса за Албанците ќе го променат своето мислење и ќе дадат глас за Законот за Јавно обвинителство, за да не дозволиме било какво оправдување од страна на земјите од Европската Унија. Се надевам дека утре сите оние кои сакаат европска Македонија ќе се поредат и заедно со нас ќе гласаат“, рече Груби.
Тој изрази задоволство што синоќа беа изгласани измените на изборниот законик.
„Многу сум задоволен што добвиме порамнување на изборните единици, односно Ростуше, Маврово и Дебар со измените на изборниот законик сега ќе бидат гласачки места во 5-та изборна единица. Овие измени се носат по препорака на ОБСЕ и ОДИХР, а за нив се преговара уште од 2014 година. Задоволни сме што ова решение е консензуално донесено. Сакам да кажам дека тоа не било услов и дел од некакви преговори дали да се донесат или не други закони, туку резултат на повеќе месечени преговори, кои завршија со изнаоѓање соодветно решение“, рече Груби.
Што се однесува до законите за ЈО и Советот на јавни обвинители, Груби истакна дека се прифатени нивните барања за бадентер при избор на шеф на обвинителството за организиран криминал, како и употребата на законот за јазиците.
„Денеска ќе се отвори дебата и за законот за Советот на јавно обвинителство, но очекуваме да се расправа и законот за АВМУ и за законот за одбрана. Но, не сум сигурен дали денеска ќе ги изглсаме законите за кои се бара 2/3 мнозинство“ изјави пратеникот од ДУИ Артан Груби на прес-конференција од Собранието.
“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска објави дека судот донел одлука со која се утврува дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, неправедно ја клеветел.
„Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел да ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста, Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки“, пишува Петровска.
Во продолжение таа додава дека не сака пари од нечесник и се откажува од паричниот надомест.
„Секој го прави тоа што најдобро го знае, тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“, додава Петровска.
Македонија
Манолева: По 43 години, болницата во Отешево доби комплетно нов лик, современи услови за третман и медицинска опрема
Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО. Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.
„Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, рече Манолева.
Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови. Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.
Македонија
Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара
Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.
Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.