Македонија
Груевски упатил барање до Кривичен совет за одложување на затворската казна
Адвокатите на експремиерот Никола Груевски, осуден на двегодишна затворска казна за случајот со набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра, вчера поднеле жалба до кривичниот совет за одложување на издржувањето на казната.
Претходно одбраната на Груевски по одлуката на Апелацискиот суд со која се потврди одлуката на Кривичниот суд, поднесе жалба за одложување на затворската казна која беше одбиена од страна на судијата одреден за извршување на санкција.
Ова е последна можност на Груевски за одложување на казната пред случајот да отиде во Врховниот суд. Доколку кривичниот совет го одбие и ова барање, Груевски ќе мора да се пријави во затворот во Шуто Оризари.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Први април, вториот ден на Велигден, неработен за граѓаните од католичка вероисповед
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 1 април 2024 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, според Грегоријанскиот календар е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Северна Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот.
Македонија
Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со цел појаснување на начинот на примена на правилата од Изборниот законик донесе Упатство за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарни избори 2024.
Со Упатството се опфатени правилата за лимитите за платеното политичко рекламирање (ППР), означувањето на нарачателот на рекламирањето, распределбатата на времето во вести кај Јавниот сервис, бесплатното политичко претставување на Собранискиот канал, обезбедувањето пристапност на содржините за изборниот процес за лицата со попреченост, правилата за известување во деновите на изборниот молк особено за периодот на преклопување на двата изборни процеси.
За време на изборната кампања за Претседателските избори, во првиот круг на гласање, радиодифузерите може да емитуваат вкупно девет минути и триесет секунди дополнително време за рекламирање на реален час емитувана програма, исклучиво наменети за ППР. Во Упатството е точно утврдена распределбата на овие минути меѓу седумте подносители на листи/кандидатите за претседател. Во вториот круг на гласање вкупното време за ППР ќе зависи од времето за ППР што го користат подносителите на листи/кандидатите за претседател кои ќе ја продолжат изборната кампања во вториот круг.
За време на изборната кампања за Парламентарните избори, радиодифузерите имаат право на дополнителни девет минути и триесет секунди за рекламирање на реален час, исклучиво наменети за ППР. По потврдувањето на поднесените листи на кандидати за пратеници од страна на Државната изборна комисија, Агенцијата соодветно ќе го дополни Упатството за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарни избори 2024.
За време на изборниот молк за Претседателските избори, на 23 и на 24 април (до 19 часот) 2024 година, продолжува изборната кампања за Парламентарните избори, но запира медиумското покривање во вестите и во посебните-информативни емисии на учесниците во изборните кампањи за двата изборни процеси.
Јавниот сервис и телевизиите на државно ниво што ќе објавуваат платено политичко рекламирање, треба да емитуваат содржини поврзани со изборниот процес во формат пристапен за лицата со попреченост.
Упатството за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарни избори 2024 е достапно на веб страницата www.avmu.mk.
Македонија
МТЕЛ со нова понуда за стриминг-платформата Move TV, корисниците одсега имаат избор од над 250 канали
Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија
Подгответе се да се нурнете во свет на бескрајни можности за забава бидејќи стриминг платформата на МТЕЛ, Move TV отсега е со најголем број ТВ канали понудени од кој било телеком провајдер во Македонија. На и досега широкиот избор од ТВ канали компанијата додава бесплатно нови ТВ канали.
Со ова корисниците добиваат избор од над 250 канали вклучени во претплатата кои опфаќаат различни жанрови, јазици и култури, избор што може да воодушеви секој.
„МТЕЛ како компанија не само што го редефинира уживањето во квалитетната телевизиска понуда, тука на самиот корисник му даваме моќ да ја преземете контролата врз своето искуството со стриминг платформата. Без разлика дали сте спортски ентузијаст, љубител на филмови или љубители на ТВ серии, нашата разновидна палета на понуди гарантира дека има по нешто за секого. Во три различни пакети по особено поволни цени за корисници во Македонија се вклучени Арена спорт каналите, ХБО, Суперстар, Еуроспорт, БлицТВ“, велат од компанијата.
Покрај изборот од над 250 ТВ канали, МОVE TV нуди и видеотека со над 10 000 филмови и серии, можност за слушање на најдобрите домашни и регионални радио-станици. МОVE TV може да се користи на телевизиски уред (обичен со MOVE Android Box или смарт телевизор), на телефон и таблет.
Една од главните придобивки за корисниците е можноста за паузирање и премотување сите телевизиските канали во реално време, до 7 дена наназад. Освен тоа, со МОVE Android Box секој телевизиски уред станува паметен, а МOVE TV може да се користи на 5 уреди истовремено во зависност од избраниот пакет. А, сите ваши активности на платформата се синхронизираат на различните уреди на кои ја користите. Повеќе информации може да добиете на телефонскиот број 15010 или на mtel.mk.
ПР