Контакт

Македонија

Група граѓани со тужба во Стразбур доколку се дозволи изградба на високотокатници кај „Холидеј ин“

Објавено пред

Со писмо до повеќе надлежни институции во државата, група граѓани, сопственици на станови и жители на зградите од Градски ѕид во близина на паркингот кај хотелот „Холидеј ин“ го изразуваат своето неверување и разочараност за како што велат изградбата на нов огромен станбен комплекс на местото на паркингот.

dobivaj vesti na viber

Во нивното писмо упатено до претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, до градоначалниците на Скопје и Центар и други надлежни министерства тие пишуваат дека претставуваат група на граѓани од околу 320 станбени единици, преку 20-ина деловни субјекти, 160 подземни гаражи и споделувајќи надземен партерен простор и паркинг со договор со Општина Центар во микролокација во самиот центар на градот Скопје на простор кој урбанизирано постои 45 години (од 1976) и ја изразуваат, како што велат, нивната крајна разочараност во содржината на најавените планови за изградба на споменатата локација, и ги повикуваат надлежните институции да спречат тешко дело против градот Скопје и условите за живеење во центарот на градот.

Во писмото меѓу другото стои:

Поаѓајќи од премисата дека не смее да постои законска регулатива и процедури кои до толкава мерка се спротивни на очигледниот јавен интерес во центарот на главниот град, стандардите на живеење и функционирањето на урбана средина во современи услови ги повикуваме надлежните институции, но и прогресивните граѓани на околните локации и пошироко да спречат тешка форма на уништување на градот и неговото функционирање. За последиците од непреземање соодветни мерки од страна на државата за спречување на споменатиот катастрофален план најавуваме и тужба во Меѓународниот суд за човекови права.

Локацијата на која живееме и поседуваме имот функционира 45 години како современ урбан микропростор со соодветни инфраструктурни и урбани содржини и секојдневно функционира како простор за домување и деловен простор во самиот центар на град Скопје. Оттука, секојдневно сведочиме за бројните карактеристики на микропросторот во рамки на функционирање на општината, градот и севкупниот живот во центарот на градот.

Нашето секојдневие сведочи за бројни аргументи кои се во целосна спротивност со издржливоста на најавените планови за локацијата „Градска четврт Ц 08 – Ново Маало 2“ и со целосна сигурност предвидува тешки и непоправливи последици по овој дел од центарот на главниот град. Следните секојдневни проблеми постојат со години, со текот на времето се влошуваат, а изостанува било каква активност за нивно надминување од истите инстанци кои ги процесираат најавените спорни планови за градба, би набројале само некои:

Секојдневно сведочиме дека пристапните сообраќајници се едвај доволни за сервисирање на постојната населеност во овој дел на градот. Булеварите Кочо Рацин и Филип II Македонски се преоптоварени во голем дел од фреквентните часови, а се единствени сообраќајници за сервисирање и на спорните градби.
Крстосниците кај Народна банка, Народна и универзитетска библиотека „Св Климент Охридски“, „Црвен крст“ и ЈЗУ градската хируршка болница „Св. Наум Охридски“ претставуваат црни точки во сообраќајот на градот, а се главните крстосници кои гравитираат на спомнатата локација.
Погореспоменатите сообраќајници на само неколку стотици метра од спорната локација водат до Собранието, единствената хируршка болница во центарот на градот како и до повеќе значајни државни институции со постојани потреби за непречен транспорт.
Истото се однесува и на бројните деловни субјекти посебно во Градскиот трговски центар.
Нашето секојдневно искуство говори дека на овие сообраќајници и крстосници ниту се изведени ниту предвидени долгорочни решенија за подобрување на протокот, функционалноста и безбедноста на граѓаните освен минорни промени во позитивна насока на подобрување на велосипедска инфраструктура и поместување на пешачки премин.
Движењето на пешаците не е подобрено со години, а со постојната инфраструктура незамисливо е да се добие проток на пешаци соодветен на центар на современа урбана средина.
Како долгогодишни корисници на градската елементарна комунална инфраструктура сведочиме дека постојните главни инфраструктурни доводи на вода и канализација не се одржуваат редовно и не се подобруваат соодветно на светки искуства и стандарди со цел да одговорат и на постојните потреби со што често пати доаѓа до комунални проблеми кои директно го засегаат квалитетот на живеењето и се на товар исклучиво на нас како крајни корисници.
Сведоци сме дека одредени проблеми од јавното осветлување на овој простор не се решаваат на соодветен начин преку 30 години и истата останува непоправливо осветлена под стандардите на урбаното живеење. Одржувањето на околните инсталации за јавно осветление е под современите минимални стандарди.
Поради дотраеност и несоодветна институционална покриеност дел од подземната инфраструктура за топлинска енергија е надвор од функција, доводот на парно греење е во прекин на дел од нашата локација цела сезона со можност за решавање само со приватна иницијатива и инвестиција повторно само на крајните корисници без никакво споделување или поддршка од институциите.
Дури и постојните подземни гаражи поради дотраеност на хидроизолација тешко се одржуваат со континуирани штети и без можност за институционална поддршка во нивно решавање, а слично важи и за проблемите со функционирање на паркинг-просторот кој го стопанисува општина Центар на нашата адреса.
Одржувањето на градското зеленило, ако се изземе косењето на тревата, е непостоечко, а се работи за зеленило кое е засадено пред 40-ина години. За пософистицирано одржување на зеленилото дури не можеме ни да се надеваме, а се работи за дрва со веќе напредната старост, како и за зеленило на кое не ми се овозможува ни елементарно полевање.
Сведоци сме на начинот на кој се одржува елементарната хигиена во актуелната населеност на просторот. Просторот е нечист и не се одржува во согласност со санитарни стандарди.
Секојдневно сведочиме за исклучителната важност на локацијата на најавените градби во однос на нејзината поставеност поред реката Вардар, делумно и на самиот кеј. Оваа важност се темели не само на естетски и функционален план туку претставува и клучен фактор во синџирот на параметри што директно влијаат на загаденоста на воздухот во главниот град, и соодветно на квалитетот на климата во градот и микроклиматските карактеристики на локацијата.
Локацијата на нашето живеење наметнува и директно секојдневно сведочење на лошите и штетни решенија од голем дел на објектите од т.н. проект Скопје 2014, што дополнително ни дава за право аргументирано да ги анализираме и последиците од реализацијата на најавените градби на предметната локација и да бидеме сигурни во нивната штетност и неодржливост.
За непочитувањето на стандардите на урбано живеење од аспект на пристапност на локациите за итните служби и одговарањето во ситуации на катастрофа и во постојната состојба сведочиме за проблеми кои не се решаваат, а не е тешко да се предвиди до какви последици би дошло кога најавените планови за нови градби би се реализирале.
Според погореизнесеното, сметаме дека најавените градежни активности на споменатата локација означена со „Градска четврт Ц 08 – Ново Маало 2“: се во целосна спротивност со елементарните параметри на урбано живеење во современ град од актуелните димензии на нашиот главен град, најавите за минорни јавни простори на истиот се замајување на јавноста и обид за извртување на основната сопственичка бизнис логика, претставуваат евидентна опасност за безбедноста во центарот на градот на сите граѓани и корисници вклучувајќи ја и нашата микролокација на сопственици на простор за домување и деловни активности, ги нарушуваат во тежок степен комуникациските и функционални артерии на градот до степен на нефункционалност, претставуваат естетско злодело со трајни последици, ја нарушуваат последната пристапна точка до кејот на реката Вардар, претставуваат тежок удар на микроклимата во овој дел на градот и на сите современи параметри за борба против загадениот воздух во градот во целина, се крајно несоодветни за постојната основна градска комунална инфраструктура, претставуваат тежок удар врз напорите за зголемување на зеленилото во градот, оневозможуваат формирање на јавен простор од интерес на граѓаните, жителите во непосредната и посредна околина и сите посетители на градот не само на долги туку и на дефинитивни рокови не се во согласност ниту во  каков било сооднос со постојните изградени урбани содржини во непосредната околина и пошироко, се во целосна спротивност на препораките од плановите за развој на градот Скопје и експертските ставови за апсолутна забрана за градење покрај реката Вардар поради сеизмичките карактеристики на тлото, се еклатантен пример за наметнување на правата од приватната сопственост врз јавниот интерес и простор од клучно значење за главниот град на државата, што е во целосна спротивност со елементарните современи параметри за управување со урбани средини, се целосно несоодветни на најскорешните тешки искуства со последната санитарна криза предизвикана со пандемијата од Ковид-19 и начинот на кој светот се бори против неа, не содржат ниеден аргументиран елемент карактеристичен за прогресивни, одржливи и решенија во согласност со апсолутно приоритетните трендови за развој во согласност со природата, т.н. зелени политики и параметрите на хумано живеење, напротив се еклатантно во директна спротивност со истите, се сосема несоодветни во однос на развојните препораки во насока на урбано живеење на деца, ранливи категории и лица со посебни потреби,
директно тешко го нарушуваат квалитетот на живеењето на постојната локација на бул. Кочо Рацин бр. 14 и кулите на бул. Кочо Рацин.
Од овие причини, ние граѓаните сопственици на станови, деловен простор и подземни гаражи и жители на адреса бул. Кочо Рацин бр. 14 (Градски ѕид блок 9) и кулите на адреса бул. Кочо Рацин ги повикуваме највисоките инстанци на демократските институции во државата да се повикаат на предимството на елементарниот јавен интерес над секојдневната процедурална и законска регулатива и да го спречат уништувањето на центарот на главниот град и условите на живеење во него. Ги поддржуваме сите досегашни јавни иницијативи, почнувајќи од Мораториумот инициран од Советот на општина Центар, бројните граѓански здруженија кои со право повикуваат на разумност и професионалност, платформата Здравје пред профит, мислењата на архитекти експерти, здруженијата на архитекти и слично. Ги поддржуваме актуелните петиции на социјалните мрежи во оваа насока. Го осудуваме неделувањето на институциите согласно основните постулати на нивната институционална поставеност. Доколку не се најде начин на кој ќе се реши овој проблем и ќе се спречат долгорочни тешки проблеми во функционирањето на главниот град, нашите права за заштита на елементарните параметри за квалитет на живот на имотот кој го поседуваме ќе ги бараме во меѓународните институции по судски пат.

По споделување со сите станари од наведените Куќни совети петицијата се потпишува од страна на претседателите на Куќните совети / Заедниците на сопственици на станови како следи:

Бул. „Кочо Рацин“ бр.14 (Влезoви I, II, III, IV, V, VI)
Бул. „Кочо Рацин“ бр.18 (Кула Б-20)
Бул. „Кочо Рацин“ бр.20 (Кула Б-19)
Бул. „Кочо Рацин“ бр.26 (Кула Б-18)
Бул. „Кочо Рацин“ бр.28 (Кула Б-17)
Бул. „Кочо Рацин“ (Кула Б-16)

Пишуваат овие граѓани во писмото.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Пендаровски: Прифаќам дебата со сите противкандидати

Објавено пред

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски ја прифати поканата на националниот јавен сервис за учество на дебата со сите противкандидати во претседателската трка, информираат од неговата кампања.

dobivaj vesti na viber

„Решив да ја прифатам поканата за заедничка дебата на националниот јавен сервис – Македонска радио телевизија, со оглед на тоа дека сите мои противкандидати ја прифатиле поканата да учествуваат во дебатата.

Дополнително, информирам дека останувам на претходно изнесениот став дека е потребно да се расветли случајот во кој имаше јавно изнесени индиции дека јавниот сервис бил користен за изработка на лажни анкети и дебати за рејтингот на политичките партии и кандидатите за претседатели, а со тоа и фабрикување на јавното мислење.

Останувајќи доследен на принципот на транспарентноста за мојата работа и како претседател и како кандидат за претседател во тековната кампања, ја информирам јавноста за овие прашања за кои имаше интерес изминатите денови“ изјави Пендаровски.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Коалицијата ВЛЕН најавува спектакуларен митинг во понеделник на плоштадот Скендербег – не добиле дозвола на митинг на Плоштад Македонија

Објавено пред

Шефовите на изборната кампања на Коалицијата ВЛЕН денеска ја информираа јавноста за централниот митинг што ВЛЕН (ВРЕДИ) планира да го одржи во понеделник на 22 април, 2024 година.

dobivaj vesti na viber

– За да бидеме максимално транспарентни пред граѓаните, сакаме да ве информираме дека, како што налага процедурата, поднесовме барање до Град Скопје за да го организираме централниот митинг на плоштадот Македонија, за сите да видат што значи извонреден митинг, со слободна волја и без притисок, додека корумпираната власт во бегство да види што значи народна поддршка, што тие одамна ја немаат, беше кажано на денешната прес конференција.

Од ВЛЕН (ВРЕДИ) информираа дека од Град Скопје се уште немаат никаков одговор на барањето да се одржи митинг на Плоштад Македонија, што тие го толкуваат како негативен одговор. Според шефовите на изборната кампања на претседателскиот кандидат Арбен Таравари, негативна одлука донеле градоначалничката Данела Арсовска, Блерим Беџети и Левица кои се во коалиција. Причината за тоа, според нив е обид да ја спречат коалицијата ВЛЕН да го организира централниот митинг поради, како што рекоа, големата поддршка што ја има ВЛЕН (ВРЕДИ) од граѓаните.

– Секој одговор што ќе дојде во понеделник ќе биде закаснет и тенденциозен поради краткото време за организирање. Но, ние не остануваме со скрстени раце, заедно со нашите структури и народ, решивме да ја завршиме оваа исклучително позитивна кампања за претседател нигд едруго освен овде, на нашиот плоштад, на плоштадот што гоноси името на нашиот херој Ѓерѓ Кастриоти Скендербеу, да ја најавиме победата на Коалицијата ВЛЕН, со голем собир!, рекоа од ВЛЕН нагласувајќи дека централниот митинг ќе се одржи во Скопје, на плоштадот Скендербег, на 22 април, понеделник, во 20:30 часот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Стојаноска: „Платформа 1198“ предвидува рамен данок со што, Македонија ќе стане една од земјите во регионот со најниски даноци

Објавено пред

Додека министрите на ДУИ мака мачеа да постигнат гол или кош повеќе во просториите на министерствата и додека мака мачеа да договорат тендер плус, и на сето ова, секако, министрите на СДСМ не смеат да гугнат, тетовските стопанственици, пак, мака мачат да опстанат, рече Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6.

dobivaj vesti na viber

– Поради овие аздисани политичари, во програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Платформа 1198“ се ветува рамен данок кој што ќе остане и во иднина, се ветува Македонија да стане една од земјите во регионот со најниски даноци. И, се ветува на стопанствениците поголема поддршка и помош. Токму поради овие причини, стопанствениците во Македонија ќе гласаат за бројот два (2), затоа што сакаат Македонија да се врати во нивни раце и Македонија повторно да ја направиме горда, додаде таа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија29 минути

Пендаровски: Прифаќам дебата со сите противкандидати

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски ја прифати поканата на националниот јавен сервис за учество на дебата со сите противкандидати во...

Македонија47 минути

Коалицијата ВЛЕН најавува спектакуларен митинг во понеделник на плоштадот Скендербег – не добиле дозвола на митинг на Плоштад Македонија

Шефовите на изборната кампања на Коалицијата ВЛЕН денеска ја информираа јавноста за централниот митинг што ВЛЕН (ВРЕДИ) планира да го...

Свет1 час

Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува...

Македонија1 час

Гордана Силјановска Давкова учествуваше на одбележувањето на 75 годишнината од крајот на Граѓанската војна во Грција и 76 годишнината од прогонството на Македонците од егејскиот дел на Македонија

Во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН, на 20 април...

Регион4 часа

(Видео) Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Силно невреме ја зафати Грција, поточно Лариса, каде обилните дождови доведоа до излевање на канализацијата, која ги поплави улиците, а...

Свет5 часа

Десетгодишно дете призна дека убило човек пред две години, полицијата во Тексас во шок

Десетгодишно дете од американската сојузна држава Тексас, кое било испрашувано поради наводна закана дека ќе го убие својот соученик, им...

Македонија5 часа

Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ

Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората...

Свет5 часа

Северна Кореја тестираше „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала боева глава со „супер-голема“ крстосувачка ракета и нова противвоздушна ракета. Тестот за моќност на...

Македонија6 часа

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Во рамки на кампањата за парламентарните избори, која почна во четвртокот, и денеска кандидатите за пратеници во шесте изборни единици...

Македонија6 часа

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија7 часа

Силјановска-Давкова со 8 прашања, како граѓаните да се решат дали и за кого ќе гласаат на изборите 

Во својот говор на синоќешниот митинг во Крива Паланка професорката Горданa Силјановска -Давкова порача дека оваа власт не креира рационални политики,...

Македонија18 часа

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост, рече Пендаровски

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија18 часа

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија18 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија19 часа

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија23 часа

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија24 часа

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија1 ден

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија1 ден

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија1 ден

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...