Македонија
Двајца починати и 152 новозаразени со Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаја на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 58, Куманово – 5, Дебар – 2, Штип – 5, Прилеп – 4, Тетово – 5, Струга – 6, Велес – 1, Битола – 5, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 1, Гевгелија – 6, Струмица – 14, Кочани – 18, Пробиштип – 1, Берово – 4, Валандово – 4, Делчево – 3, Свети Николе – 3 и два во Кичево.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 126 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 32, Куманово – 17, Штип – 5, Прилеп – 7, Тетово – 7, Струга – 6, Велес – 4, Битола – 1, Охрид – 2, Гостивар – 1, Гевгелија – 15, Струмица – 5, Крива Паланка – 2, Кочани – 7, Пробиштип – 1, Пехчево – 5, Берово – 2, Виница – 3 и по еден во Делчево, Кратово, Свети Николе и во Кичево.
Во болнички услови се починати се две лица, пациент од Охрид (77) и пациент од Радовиш (62).
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.200, бројката на оздравени пациенти е 14.312, на починати е 712, а во моментот бројот на активни случаи изнесува 2.176. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашните, а според завршените анализи, во моментот статистиката по градови е следна:
• Скопје 6.739, активни 625
• Куманово 1.713, активни 176
• Дебар 282, активни 41
• Штип 1.239, активни 53
• Прилеп 643, активни 124
• Тетово 1.405, активни 176
• Струга 660, активни 64
• Велес 313, активни 35
• Битола 285, активни 62
• Охрид 416, активни 51
• Кавадарци 222, активни 37
• Гостивар 918, активни 107
• Гевгелија 115, активни 49 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 204, активни 130
• Крива Паланка 102, активни 27
• Радовиш 74, активни 22
• Крушево 20, активни 3
• Кочани 304, активни 128
• Пробиштип 107, активни 19
• Демир Хисар 61, активни 2
• Македонски Брод 92, активни 13
• Пехчево 42, активни 3
• Берово 91, активни 29
• Валандово 24, активни 15
• Виница 103, активни 26
• Делчево 154, активни 83 (33 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 24, активни 2
• Свети Николе 322, активни 22
• Кичево 315, активни 36
• Ресен 162, активни 14
• Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Досега во земјата се направени вкупно 181.034 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно хоспитализирани се 72, од кои на кислородна поддршка се 45 пациенти.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на Ковид-19, како и 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се двајца, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 19, а во болницата во Штип – 41 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга хоспитализирани се 153 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Статистиката на активни случаи во скопските општини е следна:
• Чаир – 68
• Гази Баба – 74
• Аеродром – 93
• Карпош – 71
• Центар – 89
• Кисела Вода – 64
• Ѓорче Петров – 36
• Бутел – 33
• Шуто Оризари – 16
• Студеничани – 10
• Сарај – 14
• Арачиново – 8
• Илинден – 23
• Сопиште – 3
• Чучер Сандево – 5
• Петровец – 7
• Зелениково – 1
• Странец – 9
• Нераспределен – 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
(Видео) „Прифатена Иницијативата за конфискација на дивоградби, ова е голема победа на општината“, вели Герасимовски
Општина Центар извојува победа. Една година по поднесувањето на Иницијативата за регулирање, конфискација и пренамена на бесправно изградени објекти од градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски до ЗЕЛС, Собранието го донесе Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист, одземени предмети во кривична и прекршочна постапка.
Станува збор за Иницијатива со која на сите локални самоуправи во државата им се дава можност за конфискација на бесправно изградените објекти на нивна територија и нивна пренамена во функција на општината.
„Општина Центар е лидер во промени, лидер во храбри и позитивни одлуки и решенија во полза на граѓаните. Прифаќањето на Иницијативата за конфискација и пренамена на бесправно изградени објекти и нејзино преточување во Законско решение е победа на Општина Центар но и сите други општини во државата. Собранието на 19 овој месец, го донесе Законот за управување со конфискуван имот, имот на корист, одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, каде во Членот 66 е преточена Иницијативата која ја поднесов до ЗЕЛС со која се дава можност Агенцијата за конфискуван имот врз основа на одлука на Владата дивоградбата да ја предаде на општината. Ова значи дека ние општините имаме две можности или да го легализираме објектот или доколку има услови истиот да го урнеме во рок од 6 месеци од прием. Доколку одлучиме да го легализираме, ќе можеме да го дадеме на социјално ранливи категории на граѓаните или на користење за разни културни, пензионерски, младински домови“, посочи Герасимовски денеска пред медиумите.
Герасимовски појаснува дека новото Законско решение налага локалните самоуправи да не можат да го ОТУЃАТ објектот на градежни фирми или други субјекти кои се работат со недвижности, што всушност значи дека се иззема било каква можност за профит на сметка на нелегално изградените објекти. Новиот Закон за управување со конфискуван имот, имотна корист, одземени предмети во кривична и прекршочна постапка не се однесува за дивоградбите кои се на приватно земјиште, за кои веќе се води инспекциска постапка за рушење или се води постапка за легализација.
На прес-конференцијата Герасимовски потсети дека иако поднесувањето на Иницијативата беше широко прифатена од градоначалниците сепак мораше да ги помине институционалните процедури во Министерството за транспорт и врски, Министерството за правда и Собранието како законодавен дом.
„Во државата има близу 100 илјади дивоградби, еве во Општина Центар има дивоизградени објекти и на државно земјиште и во зелена зона. За онеспособување на два такви поголеми објекти сумите се енормно високи, околу 5,5 милиони денари за две згради да ги оневозможиме да бидат функционални. Но сега со новото законско решение наместо дувло на бездомници како што најчеста е реалноста дивоградбите ќе можат да се пренаменат и за други потреби односно да бидат или пензионерски домови, креативни работилници или клубови за млади или пак предадени за социјално загрозени семејства“, потенцира Герасимовски.
Герасимовски напоменува дека со донесувањето на ова законско решение ќе се превенира урбанистичкиот хаос, а градежниците ќе треба да се запрашаат дали ќе градат без одобрение за градба. Воедно потсетува градоначалникот дека средствата планирани за уривање на нелегални објекти општините ќе може да ги пренаменат во други потреби за граѓаните.
Македонија
ЛДП в петок организира „Pet Friendly“ ден во канцеларијата „Либерално ќоше“
Во новоотворената канцеларија на ЛДП „Либерално ќоше“ во срцето на Скопје в петок од 18:00 часот ќе се одржи „Pet Friendly“ ден за дружење, разговори и идеи на граѓаните со претседателката на Либерално-демократската партија Моника Зајкова.
– Водејќи се од нашата совесност, свесност и одговорност, покренавме иницијатива за носење на нов закон за благосостојба на животните. Милениците, се семејство, не потрошен предмет и затоа секој сопственик кој го остава својот миленик на улица треба да сноси одговорност и да се обезбеди регулиран систем на одговорно одгледување и размножување. Воедно да се обезбедат соодветни услови за бездомните кучиња и мачки и при тоа да ги заштити граѓаните од несакани повреди, е пораката на Зајкова.
Граѓаните се добредојдени на петочното дружење заедно со своите миленици, а своите идеи и предлози може да ги споделат и во писмена форма.
На полето на заштита на животните, ЛДП до Собранието поднесе и предлог за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните, којшто ќе воведе построги мерки против оставање животни на улица, поодговорно сопствеништво и ќе ги подобри нивните услови.
Скопје
„Маски, смеа, рингишпил – дојди во Шеговил!“ – голема забава под маски во Кисела Вода
Со слоганот „Маски, смеа, рингишпил – дојди во Шеговил!“ општина Кисела Вода, в понеделник, на 1 април, организира голема забава под маски за најмладите.
Пред салата „Расадник“ ќе биде поставен забавен парк со разни реквизити, ќе има кловнови и аниматори, а за музичкиот дел се задолжени „Поточиња“.
Настанот почнува во 11 часот, а за изборот на најдобра маска ќе одлучи жири-комисија од Општината. Најдобрите маски ќе добијат награди, велат од Општината, и ги покануваат сите дечиња да дојдат во Шеговил и со своите насмевки, шеги и маски да поминат еден прекрасен ден.