Македонија
Два случаја на вирусот коксаки во градинката „Пролет“ во Козле
Надлежните медицински служби преку родителите ја известиле детската градинка „Пролет“ во oпштина Карпош, која се наоѓа во населбата Козле, дека две деца што престојуваат во нивната установа се заболени со вирусот коксаки.
Управата на градинката „Пролет“ веднаш го известила Центарот за јавно здравје, односно одделението за епидемиологија, по што била извршена дополнителна дезинфекција во групите каде што престојуваат децата, како и во другите простории на објектот.
Како што информираат од Општина Карпош, преземени се сите мерки неопходни при вакви случаи. Покрај тоа, превентивно, според протоколот, специјалист извршил прегледи и врз другите деца, при што било констатирано дека вирусот коксаки не бил проширен меѓу нив.
Престојот во градинката се одвива без прекин, со вообичаената динамика и без дополнителни пречки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.