Македонија
Делегација од Турска пошта во работна посета на Македонска пошта
Делегација на Турска пошта задолжена за проектот за развој на електронска трговија помеѓу двете поштенски управи во понеделникот ја посети АД „Македонска пошта“ – Скопје.
Оваа посета следува по потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу генералниот директор на Македонска пошта, Фаадис Реџепи и генералниот директор на Пошта Турцијам Кенан Бозгејик, во Истанбул, во октомври 2016-та година.
Целта на Меморандумот е развој на електронската трговија (e – commerce), квалитет на услуга, поштенско – финансиски услуги, размена на информации и формирање на проектни групи помеѓу двете поштенски управи.
Тема на состанокот помеѓу генералниот директор на Македонска пошта, г.Фаадис Реџепи и претставниците од Турска пошта предводена од директорот на Сектор за меѓународни односи Џандан Шенјуз беше имплементирање на електронската трговија во Македонска пошта.
За време на престојот во Македонја претставниците од Турска пошта ќе имаат неколку работни состаноци со претставници на службите на Македонска пошта и членовите на работната група, формирана во Македонска пошта со цел воведување на електронска трговија. Меѓу другото, претставниците од Турска пошта ќе го посетат и Главниот центар за поштенски сообраќај ГЦПС Скопје 2, изменична пошта и неколку единици на поштенска мрежа.
Реџепи истакна дека Македонска пошта е подготвена за отпочнување со воведување на електронската трговија, која како нова услуга освен за Македонска пошта ќе биде корисна и за корисниците на услугите на Македонска пошта и за граѓаните на Македонија./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.