Македонија
Демократски сојуз со писмо до Макрон: Со добивање датум сите реформски процеси ќе се одвиваат со многу поголем оптимизам
Демократскиот сојуз во отворено писмо до францускиот претседател Емануел Макрон порача дека македонскиот народ и сите граѓани во изминатите 30 години направија многу компромиси и отстапки на патот кон ЕУ.
„Се откажавме од многу вредности и идентитетски прашања, ги менуваме уставот, знамето и, на крајот, името на државата, со надеж дека тие се пречки на нашиот пат кон ЕУ. Европерспективите се движечката сила на реформите и имплементацијата на преку 400 закони усогласени со евростандардите.
Постои граѓански и политички консензус за прифаќање на европските демократски вредности.
Свесни сме дека имаме уште многу работа на планот на реформите за достигнување на европските стандарди. Искрено се надеваме дека со добивање датум за почеток на преговорите, сите реформски процеси ќе се одвиваат со многу поголем оптимизам и позитивна енергија. Ќе се влијае на внатрешната и пошироката стабилност, за младите ќе се отворат нови перспективи во нашата држава и ќе се подобри економската ситуација.
Поради овие, како и поради илјада други причини, дајте ѝ шанса на Македонија да се движи напред. Се работи за преговарачки процес кој долго трае и во кој сме подготвени да ја оствариме крајната цел.
Вашиот позитивен став ќе има огромно влијание во Македонија и ќе остане врежан во колективната свест на граѓаните на Македонија.
Искрена благодарност!“ стои во писмото до Макрон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДУИ: Мицкоски сака враќање на државата пред 2001 година, Македонија без Албанци
Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци. Тој дури отворено ги повикува сите Македонци да се обединат против Али Ахмети и ДУИ, се вели во партиското соопштение од ДУИ.
– Мицковски на митингот во Кратово побара обединување на сите Македонци за Албанците да не добијат ниту еден пратеник во третата изборна зона. Вокабуларот на Мицкоски не е само против Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија, туку и против Охридскиот рамковен договор, барајќи конкретно враќање на државата пред 23 години, се вели во соопштението.
Во соопштението се додава дека „ДУИ и Европскиот фронт изразуваат длабока загриженост за националистичкиот и антиевропскиот речник на ВРМО, кој чувствувајќи го поразот на 24 април и 8 мај, поттикнува меѓуетничка и антиевропска омраза во Северна Македонија“.
Исто така, тие ја повикаа албанската опозиција „да се вразуми и да не стане алатка на руската агенда што ја прокламира ВМРО и нивните гласноговорници“.
Македонија
Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ
Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората во Берлин на Коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ).
Меџити од овој собир на дијаспората и се обрати со зборови каде им ја даде убавата вест дека на 8 мај пристигнува победата, но и за вредноста на учеството на дијаспората во овие избори кои многу добро знаат да казнуваат режими и тие кои го мразат Курти и Косово.
„Првите политички движења се отпочнати од дијаспората, како за совладување на Југославија, така и за независноста на Косово, а токму од ова дијаспора ќе пристигне и казната за ДУИ која се спротиставува на Косово и кокетира со Вучиќ”.
Тој, исто така, додаде дека сега е историскиот момент за промени во албанската политичка сцена после децении, со обединетата опозиција и со Самоопределување.
Македонија
Во Скопје санкционирани 179 возачи
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.