Македонија
Денеска е Меѓународен ден на наставниците
По повод 5 Октомври, Меѓународниот ден на наставниците, Министерството за образование и наука упати честитка до сите кои се занимаваат со оваа дејност.
„Денес се одбележува Денот на наставниците. Празник на оние кои одлучиле да се занимаваат со најблагородната професија – да ги едуцираат и воспитуваат најмладите. Да создаваат индивидуи кои ќе бидат подготвени за справување со секојдневните животни и професионални предизвици и за поставување и остварување на цели и успеси. Да создаваат генерации кои ќе бидат идните носители на општествените текови и двигатели на севкупниот државен просперитет. Затоа, улогата на просветните работници има посебно знаење и место во секое општество. И мора да го добијат вниманието, кое впрочем и го заслужуваат. Дигнитетот на професија за која се одлучиле и почитта кон нив како индивидуи треба постојано да растат“, се вели во честитката.
Министерството понатаму додава дека како надлежна институција прават напори за подобрување на статусот на наставниците, преку континуирано подобрување на условите за работа, како од инфраструктурен аспект за опременост на училниците и обезбедување соодветни нагледни средства и помагала за олеснување на наставата, така и од аспект на унапредување на личната благосостојба преку зголемување на приходите. Од Министерството велат дека наставниците се најважната алка во воспитно-образовниот процес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ
Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората во Берлин на Коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ).
Меџити од овој собир на дијаспората и се обрати со зборови каде им ја даде убавата вест дека на 8 мај пристигнува победата, но и за вредноста на учеството на дијаспората во овие избори кои многу добро знаат да казнуваат режими и тие кои го мразат Курти и Косово.
„Првите политички движења се отпочнати од дијаспората, како за совладување на Југославија, така и за независноста на Косово, а токму од ова дијаспора ќе пристигне и казната за ДУИ која се спротиставува на Косово и кокетира со Вучиќ”.
Тој, исто така, додаде дека сега е историскиот момент за промени во албанската политичка сцена после децении, со обединетата опозиција и со Самоопределување.
Македонија
Во Скопје санкционирани 179 возачи
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи
Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.
Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.
Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.