Македонија
Дескоска: Венециската комисија со позитивна оценка за Законот за судови
Деветтата седница на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформи на правосудниот сектор (2017-2022 година) на Владата на Република Македонија почна со реферирање на министерката за правда, Рената Дескоска, за позитивното мислење од Венециската комисија за Законот за судови.
Министерката Дескоска ги информираше членовите на Советот дека Венециската комисија дала „зелено светло“ за Законот, со потврда дека нема посериозни забелешки или сугестии на законот. Таа рече дека комисијата има свои видувања за две работи, но дека и за нив дозволува расправа во парламентот. Имено, станува збор за ситуации кога судија е на времен трансфер во понизок суд и притоа да не му се намалува платата, како и за прашањето за неизземање на судија.
„Станува збор за ситни забелешки. Генерално, Секретаријатот на Венециската комисија смета дека предложените измени се во согласност со позицијата на комисијата изразена во претходните мислења. Текстот на законот за судови сега е многу појасен, внатрешно покохерентен и многу подобро го одразува европскиот пристап кон одговорноста на судиите“, се вели во дел од писмото коешто во името на Венециската комисија е потпишано од Томас Маркерт, директор на Секретаријатот.
По усвојувањето на записникот од седницата на Советот, одржана на петти овој месец, Советот за реформи на правосудниот сектор пристапи кон разгледување на законите од областа на јавното обвинителство, а со акцент на Законот за специјално јавно обвинителство.
Во дискусијата јавниот обвинител на Република Македонија, Љубомир Јовевски, рече дека ги прифаќа сите искажани забелешки за сметка на Законот за јавно обвинителство, но во исто време тој е на мислење дека би било убаво да постои единствен закон за јавно обвинителство, што, пак, подразбира дека во тој закон би се вклопил и сега понудениот Закон за специјално јавно обвинителство.
Некои од членовите во Советот се на мислење дека специјалното јавно обвинителство треба да остане и да функционира како посебно обвинителство, со тоа што тоа треба да прерасне во уставна категорија. Идејата на предлагачите е СЈО да продолжи да ја извршува својата работа без притоа да размислува дали ќе дојде до промена на власта и евентуално нивно укинување или формирање на некое сосема ново обвинителство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Државјанин на Турција приложил фалсификуван пасош на Ќафасан
Денеска на Граничниот премин Ќафасан, полициски службеници го привеле Т.С.Т.(48) од Република Турција затоа што при пасошка контрола било констатирано дека на увид приложил фалсификувана патна исправа.
Известен бил Јавен обвинител, а тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.
Македонија
Тошковски се сретна со амбасадорот на Турција: врвен приоритет е склучување билатерален договор за соработка во областа на безбедноста
Денеска, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и заменик-министерот Назим Буши остварија работна средба со амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој.
Министерот Тошковски на новоименуваниот амбасадор Улусој му посака пријатен престој и успешно вршење на амбасадорската функција со желби за унапредување на билатералните односи меѓу двете земји.
На средбата беа отворени тековни прашања од соработката во областа на безбедноста, внатрешните работи и конзуларни прашања во надлежност на Министерството за внатрешни работи за што се потврдија заложбите за искрена соработка на овие теми.
Една од главните заложби е одржувањето на стабилноста и безбедноста на регионот за што двајцата соговорници се согласија дека од врвен приоритет е склучувањето на билатералниот договор за соработка во областа на безбедноста, кој е во фаза на заемно усогласување.
Скопје
Едукативен мото-настан утре во Кисела Вода
Утре, со почеток во 11 часот, пред салата Расадник, ќе се одржи едукативен мото-настан од отворен карактер „Сите возиме, но некои знаат“.
На присутните од страна на лиценцирани инструктори ќе им бидат презентирани важноста за техничка исправност на моторното превозно средство (мопед, скутер, мотор), правилната употреба на безбедносна опрема за возење, како и справување во реални ситуации на улица.
„Преку дружење со претставници и членови од мото-клубови, автошколи и здруженија ќе се изврши едукација за безбедно возење во и надвор од урбани средини, за брзината како фактор за општа безбедност и за намалувањето на загаденоста на воздухот преку користење електрични превозни средства“, велат од Општина Кисела Вода.