Македонија
Димитров: Македонскиот јазик ќе ужива статус на официјален јазик на ЕУ во моментот кога ќе станеме полноправна членка
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска имаше воведно обраќање на 10–та јубилејна он-лајн конференција на Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Северна Македонија на тема: „На прагот на иднината”, на која што учествуваа видни експерти од областа на преводот и толкувањето кај нас, како и претставници од Генералниот директорат за преведување и толкување при Европскта комисија.
„Повеќејазичноста е сржта, срцето на Европската Унија. Денес ЕУ со своите 24 официјални јазици и над 500 можни јазични комбинации, како своевидна „вавилонска кула” преводот и толкувањето ги поставува и како услов sine qua non за нејзиното непречено функционирање”, истакна Димитров во воведното обраќање.
Осврнувајќи се на централната и координатививна улога на Секретаријатот за европскки прашања во процесот на европска интеграција на нашата земја, Димитров нагласи дека во насока на континуитет и интензивирање на започнатиот процес, СЕП се заложува за стимулирање и уште поефикасно унапредување на подготовката на националната верзија на правото на ЕУ.
„Потврда на заложбата на Секретаријатот за европски прашања за враќање на системот на надворешни преведувачи е неодманешното објавување на јавна набавка за услуги за превод, со што, сакаме да придонесеме и кон засилено раздвижување и регулирање на пазарот за преведувачки услуги. Нашата намера е, според најдобрите домашни и европски практики, да овозможиме отворено поле за фер натпревар помеѓу понудувачите, со крајна цел, избор на најквалитетни понудувачи, кои ќе испорачаат најдобри резултати во поглед на подготовка на националната верзија на правото на Европската Унија на македонски јазик”,додаде Димитров.
Имајќи предвид дека процесот на преведување на правото на ЕУ е комплексен и долгорочен, ЗПВ Димитров потенцираше дека сега е моментот да се искористат можностите и да се придонесе за стандардизација на македонскиот јазик во аспекти каде тоа сѐ уште не е сторено. Во оваа смисла, Секретаријатот за европски прашања ќе стане промотор и двигател на истражувачката дејност од областа на „евро-жаргонот” или правниот јазик на ЕУ, во насока на дополнување на стари и креирање нови поимници и терминолошки бази од специјализирани области.
„Јазиците ги дефинираат личните идентитети, но тие исто така се дел од заедничко наследство. Тие можат да послужат како мост кон другите народи и култури преку промовирање на меѓусебно разбирање и заедничко чувство за европски идентитет, а не како бедем кој разделува и ограничува, затоа што ЕУ одамна „ги има срушено бедемите” и успеа низ годините да создаде европски дух на заедништво и единство. Тоа е Унијата кон која се стремиме и тоа се вредностите и принципите кои и самите мора да ги практикуваме, живееме и да ги поттикнуваме, за колку што е можно поскоро да станеме и вистински дел од таа заедница”,заклучи Димитров на денешната онлајн конференција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Сервисни информации
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините повремен снег
Времето денеска ќе биде, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.
Локално, врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.
Скопје
Осум скопски општини денеска без струја
Според добиеното известување од ЕВН Македонија АД, Регионалниот центар за управување со кризи-Град Скопје, информира дека, поради планирани технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат неколку скопски општини.
· Во периодот од 08:30 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Максим Горки, реон Дом на градежници (општина Центар).
· Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, поголемиот дел од потрошувачите на ул.Ринхини.(општина Ѓорче Петров)
· Во периодот од 09:00 до 10:30 часот, корисниците од с.Визбегово, дел од с.Мирковци, Бразда, Глуво, Чардак, Оризари.(општините Бутел, Шуто Оризари и Чучер Сандево)
· Во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул.Кавалска.(општина Кисела Вода)
· Во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на пат за Долно Лисиче, од Кодакопласт, кон Паци Петрол до реката, од Св.Петар и Павле по патот кон Долно Лисиче.(Аеродром)
· Во периодот од 09:00 до 10:00 часот, корисниците од дел од ул. 4031, село Марино.(општина Илинден)
· Во периодот од 09:00 до 13:00 часот, корисниците на дел од бул.Борис Трајковски (од Техноскоп до кружниот тек пред Драчево).(општина Кисела Вода)
· Во периодот од 10:30 до 12:00 часот, корисниците од с.Сандево, Бањане, Горњане, Дел од с.Мирковци.(општина Чучер Сандево)
· Во периодот од 13:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Исаија Мажовски и Воин Драшкоци.(општина Ѓорче Петров)
Македонија
Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг
Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат Максим Димитриевски. Иако е јасно дека не влегува во вториот круг, Димитриевски првиот круг од изборите го смета за голем успех.
„Можам да потврдам дека се роди третата политичка сила во македонскиот политички блок во државата, која во следниот период имаме намера дополнително да ја потврдиме и надградиме, со цел еден ден граѓаните да имаат можност да изберат нешто ново“, рече Димитриевски.
На противкандидатите им честита за успехот и се заблагодари на можноста да води кампања за која рече дека не била еднаква за сите оти законот што е во сила не дава еднаква можност за медиумско претставување на сите партии.
Рече дека се гордее на секој глас што го добиле како партија регистрирана пред само три месеци.
„Факт е дека јас како кандидат и ЗНАМ освоив повеќе од 80.000 гласа. Регистриравме субјект што постои нешто повеќе од три месеци и со граѓанската поддршка се етаблира на трето место во политичкиот блок. Сметам дека тоа е одличен појдовен резултат за понатамошна борба. Јас не се сеќавам дека во историјата на плурална Македонија имало вакви примери, да имате партија со некаде три и пол илјади члена, а да освоите над 80.000 гласа. Искрено, се гордеам на секој глас што дојде како поддршка за мене и ЗНАМ. И покрај тоа што трендовите се тие, десницата добива, а левицата губи, единствено десницата доживеа пораз во бастионот на асномска Македонија, а тоа е Куманово“, рече Димитриевски.
Им порача на сите политичари дека треба да учат од овие избори оти граѓаните дале јасна насока каде сакаат да се движи државата, а посебна порака упати до Стево Пендаровски, кој има 100.000 гласа помалку од Гордана Силјановска-Давкова.
„Почитуван мој претседателе, разликата е огромна. Доколку сакате да опстанат централната и левата идеја во државата, откажете се од оваа битка и оставете нѐ да победиме во име на граѓаните во вториот круг“, порача Димитриевски.
Кога ќе завршат парламентарните избори, Димитриевски е уверен дека ЗНАМ ќе биде политички фактор за стабилност во државата, без кој нема да може да се формира идната влада. Најави дека кога ќе ги почнат преговорите за формирање парламентарно мнозинство, на сите политички партии ќе им ги испорачаат нивните предлози за црвените линии на македонскиот народ.