Македонија
(Видео) Димовски: Се соочуваме со правно лудло, брзаат законот за ЈО да го донесат за два дена
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, изјави дека владејачкото мнозинство се обидува да го забрза носењето на законот за Јавното обвинителство бидејќи, како што рече, некому му гори под нозете.
„Некому му се брза да се донесе закон за два дена, па ние затоа се соочуваме со ова правно лудило на кое треба да му се стави крај. Не знам дали треба да чекаме до 3 часот наутро да почне оваа седница и кога граѓаните се изморени и исцрпени да им го протнеме законот. Законот е пристигнат уште во 9 часот изутрината и веќе поминаа 10 часа, што е повеќе од доволно да се почне процедурата“, вели Димовски.
ВМРО-ДПМНЕ нема официјални информации која е причината за доцнењето на седницата, но, неофицијално, како што рече Димовски, тековно се предлагаат некакви измени.
„Се знае процедурата, освен со поднесување амандмани, законот може да претрпи измени. Или, пак, предлагачот може да си го повлече законот и да изготви нова верзија, која ќе ја достави до Собранието. Но, нема да бидам изненаден доколку владејачкото мнозинство се охрабри да направи фалсификат, при што ќе бидат прекршени сите правни и деловнички процедури“, изјави Димовски.
Тој нагласи дека според изјави на пратениците, текстот на законот што е даден во Собранието не е ист со усогласениот закон на седницата на Владата, но, како што рече, кога официјално ќе го добијат, ќе видат дали станува збор за тој закон.
На прашањето дали претседателот на СДСМ, Зоран Заев, бил во Собранието и во кое својство, Димовски рече дека нема да биде изненаден доколку тука биде присутна половина Влада затоа што намерата е под притисок и на брзина да се донесе законот.
Седницата за законот за Јавното обвинителство беше закажана за 17 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДУИ: Мицкоски сака враќање на државата пред 2001 година, Македонија без Албанци
Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци. Тој дури отворено ги повикува сите Македонци да се обединат против Али Ахмети и ДУИ, се вели во партиското соопштение од ДУИ.
– Мицковски на митингот во Кратово побара обединување на сите Македонци за Албанците да не добијат ниту еден пратеник во третата изборна зона. Вокабуларот на Мицкоски не е само против Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија, туку и против Охридскиот рамковен договор, барајќи конкретно враќање на државата пред 23 години, се вели во соопштението.
Во соопштението се додава дека „ДУИ и Европскиот фронт изразуваат длабока загриженост за националистичкиот и антиевропскиот речник на ВРМО, кој чувствувајќи го поразот на 24 април и 8 мај, поттикнува меѓуетничка и антиевропска омраза во Северна Македонија“.
Исто така, тие ја повикаа албанската опозиција „да се вразуми и да не стане алатка на руската агенда што ја прокламира ВМРО и нивните гласноговорници“.
Македонија
Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ
Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората во Берлин на Коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ).
Меџити од овој собир на дијаспората и се обрати со зборови каде им ја даде убавата вест дека на 8 мај пристигнува победата, но и за вредноста на учеството на дијаспората во овие избори кои многу добро знаат да казнуваат режими и тие кои го мразат Курти и Косово.
„Првите политички движења се отпочнати од дијаспората, како за совладување на Југославија, така и за независноста на Косово, а токму од ова дијаспора ќе пристигне и казната за ДУИ која се спротиставува на Косово и кокетира со Вучиќ”.
Тој, исто така, додаде дека сега е историскиот момент за промени во албанската политичка сцена после децении, со обединетата опозиција и со Самоопределување.
Македонија
Во Скопје санкционирани 179 возачи
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.