Македонија
Директорката на домот: Свесни ли сте дека протестирате против деца кои немале среќа во животот
Директорката на домот „Ранка Миловановиќ“, вели дека утрово ги дислоцирале децата од домот за да не се соочат со гневот и омразата на луѓето што протестираат. Таа вели не знаеле воспитувачите што да им кажат оти децата прашувале зошто нивните соседи не ги сакаат.
„Не знам дали овие жители се свесни дека протестираат против три деца кои немале среќа во животот и се нашле во оваа институција. Сакам да апелирам да размислат, да се најде разумно решение да да не се соочат со нашите предрасуди, гнев и омраза. Замислете, образложението е дека децата не се достојни да живет во нивната како што ја нарекуваат приватна населба“, рече директорката на домот Виолета Масевска-Палиќ.
Таа ги демантираше наводите на жителите дека децата биле оставени сами на себе и дека вршеле девијантни појави, посочувајќи дека за децата се грижи стручен тим од 24 часа.
„Ова е институција од отворен тип , не е затвор. Тие имаат право да излезат и да се движат , да појдат до продавница, да прошетаат. Но, јас ве уверувам дека ниту едно од трите деца не излегло без да праша воспитувач. Тие се толку исплашени, што едвај излегуваат, а дури не ја ни познаваат населбата. Ако некој од жителите има такви наводи, повикувам да си пријави во полиција и да се расчисти таква ситација“, додаде Масевска Палиќ.
Групниот дом е отворен на 17 октомври, тука престојуваат три машки деца на возраст од 13 до 15 години, а според кажувањето на надлежните може да бидат сместени максимум пет деца
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ
Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората во Берлин на Коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ).
Меџити од овој собир на дијаспората и се обрати со зборови каде им ја даде убавата вест дека на 8 мај пристигнува победата, но и за вредноста на учеството на дијаспората во овие избори кои многу добро знаат да казнуваат режими и тие кои го мразат Курти и Косово.
„Првите политички движења се отпочнати од дијаспората, како за совладување на Југославија, така и за независноста на Косово, а токму од ова дијаспора ќе пристигне и казната за ДУИ која се спротиставува на Косово и кокетира со Вучиќ”.
Тој, исто така, додаде дека сега е историскиот момент за промени во албанската политичка сцена после децении, со обединетата опозиција и со Самоопределување.
Македонија
Во Скопје санкционирани 179 возачи
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи
Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.
Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.
Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.