Македонија
ДКСК: 23 пратеници имале станови во Скопје, а наплатувале патни трошоци
Дваесет и тројца пратеници имале сопствени станови во Скопје или станови на име на членови на нивното потесно семејство, а сепак примале надоместоци за да користат автомобил во лична сопственост за да доаѓаат и да си одат од работа од местото на живеење до Собранието.
Ова го покажува анализата на Државната комисија за спречување на корупцијата, која ги прибирала податоците анализирајќи ги анкетните листови за имотната состојба на пратениците. Во анализата не се наведени имињата на пратениците со станови во Скопје, кои користат буџетски пари за автомобил за да доаѓаат и да си одат од работа.
Антикорупционерите пресметувале колку пари се одлеале во периодот од 2015 до 2019 година за патни трошоци за користење автомобил во лична сопственост за доаѓање и враќање од работа. Во овој период, на пратениците им биле исплатени вкупно 178.079.681 денари, или 2,8 милиони евра.
Инаку, според Законот за плата и други надоместоци на пратениците во Собранието и другите избрани и именувани лица, на пратеник во Собранието, претседателот, потпретседателот и членовите на Владата, им се обезбедува бесплатен превоз во железничкиот и патниот сообраќај во Републиката во сите правци.
Анализата на ДКСК покажува дека најмногу пари за патни трошоци им биле исплатени на пратениците во 2015 и во 2016 година и тоа:
Во 2015 година биле исплатени над 770 илјади евра;
Во 2016 година биле исплатени над 698 илјади евра;
Во 2017 година биле исплатени 512.000 евра;
Во 2018 година биле исплатени над 522 илјади евра евра;
Во 2019 година биле исплатени околу 390 илјади евра.
Правото на овој надоместок во 2015 година го користеле 90 пратеници, во 2016 година 88 пратеници, во 2017 година 86 пратеници, во 2018 година 76 пратеници и во 2019 година 75 пратеници.
„Намалувањето на исплатата на надоместокот е поради измената на одлуката за висината на надоместокот во 2018 година, од 30 проценти на 20 проценти, но и на зголемувањето на бројот на пратеници кои користеле закуп на стан“, се вели во анализита.
Па така, во периодот од 2015 до 2017 година само тројца пратеници од внатрешноста закупувале стан во Скопје, а во 2018 и 2019 година ова право го користат 15 пратеници.
Сепак, за антикорупционерите има недоследности во однос на донесената одлука во која меѓудругото се предвидува дека за одреден пратеник да бара надоместок за закупнина на стан, треба да достави „лична изјава заверена кај нотар дека нема во сопственост или под закуп стан или куќа со површина од најмалку 80 квадратни метри во Скопје“.
„Не е јасно на кој начин е утврдено дека помалата површина од 80 м2 е услов за да може пратеникот да оствари правото за стан под закуп, и дали тоа значи дека ако има два стана до 75м2, пратеникот може да користи стан под закуп? Исто така со одлуката не е утврдено правото на максимална квадратура за изнајмување, а во зависност од тоа дали пратеникот живее сам или со семејство. Од договорите за закуп кои ни беа доставени видно е дека за различна квадратура се плаќа ист износ“, стои во анализата.
За намалување на патните трошоци на пратениците, за наменско и законско користење на буџетските средства и спречување на злоупотребите, комисијата предлага натамошно регулирање на оваа проблематика, односно консолдирање на законите, утврдување прецизни критериуми за користење на правата на наедоместоци и носење методологија за утврдување на надоместоците по сите основи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи
Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.
Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.
Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.
Македонија
Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми
Во рамки на кампањата за парламентарните избори, која почна во четвртокот, и денеска кандидатите за пратеници во шесте изборни единици ќе ги претстават своите платформи пред граѓаните во повеќе делови од државата. Во исто време продолжува и кампањата за претседателските избори, чиј прв круг ќе се одржи в среда, на 24 април, додека вториот круг треба да се одржи заедно со парламентарните избори на 8 мај.
Кандидатот за претседател поддржан од коалицијата на СДСМ Стево Пендаровски во рамки на изборниот караван денеска ќе ги посети жителите на Ново Село, Босилово, Василево, а митинзи ќе одржи во Радовиш и во Струмица.
Кандидатката за претседател на државата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Македонска Каменица, Пехчево, Берово и Делчево.
Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски и коалицијата „Храбро за Македонија“ ќе одржат митинг во скопската населба Карпош, а кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија Максим Димитриевски ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Ресен, Претор, Новаци и во Битола.
Во рамки на третиот ден од кампањата за парламентарни избори, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски ќе биде меѓу граѓаните на Брвеница и на Тетово.
Македонија
Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост
Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира со кого сака. Но, понудата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за коалицирање со неговата партија, уште на првиот ден од кампањата за парламентарни избори, покажува дека тој бара помош.
„Ние среде кампања не бараме помош од пријател. Мене ми се чини дека тоа е јасен знак на слабост, затоа што господинот Мицкоски знае што го очекува на 24 април и на 8 мај. Инаку зошто би барал помош од страна?“, рече Пендаровски.