Македонија
ДОМ: Обвинителството да ја преиспита одлуката за градоначалникот на Сарај
Зелената партија ДОМ е длабоко разочарана од одлуката на Јавното обвинителство да не ја прифати иницијативата на антикорупциската комисија за испитување на законитоста на работата на градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети.
„Даваме целосна поддршка на ставот на антикорупциската комисија за преиспитување на одлуката на Обвинителството и контрола од повисоките инстанци“, велат од ДОМ.
Од партијата потсетуваат дека на почетокот на минатата година Инспекторатот на Град Скопје изврши инспекциски надзор, со кој констатира дека платформите на Матка се бесправно изградени. Антикорупциската комисија утврди дека градоначалникот на Сарај, и покрај законската обврска, не ги одбил барањата за легализација и со своето непостапување го оневозможил отстранувањето на дивоизградените платформи на Матка. Со тоа тој дозволи узурпација на природното наследство во заштитеното подрачје -споменик на природата Матка за што мора да има одговорност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.