Македонија
ДОМ: Уставниот суд да се изјасни зошто не постапува по пријавите за урбанистичките планови во Карпош
Од партијата Демократска обнова на Македонија (ДОМ) јавно ги прашуваат членовите на Уставниот суд зошто не постапуваат по четирите пријави за скандалозните детаљни урбанистички планови (ДУП) во Карпош, поднесени од граѓанската иницијатива „Коалиција О2“.
Од партијата истакнуваат дека во пријавите за ДУП 3 06, 3 04, 3 05 и С3 19 јасно е наведено прекршувањето на процедурата за донесување, со тоа што не е објавена одлуката за неспроведување стратегиска оцена за влијанието врз животната средина на официјалната страница на Општина Карпош.
„Евентуалната реализација на овие спорни ДУП би значела натамошно загрозување на животната средина на жителите на општина Карпош, но и на сите скопјани имајќи го предвид обемот на население што се планира да се всели во нацртаните градби со гиганстски димензии. Ниеден од овие планови нема предвидено 20 отсто зеленило, како што стои во одредбите од Законот за урбаното зеленило, донесен во јануари оваа година, како егзистенцијален минимум за нормално и квалитетно живеење. Сите тие планови го прекршуваат Генералниот урбанистички план на Скопје во одредбите за обезбедување еколошки услови за живеење (растојание меѓу објекти, зеленило, проветреност, осончаност, движење пешаци и моторни возила, инфраструктура и сл.)“, се наведува во соопштението на ДОМ.
Велат дека несфатливо е зошто Уставниот суд веќе со месеци ги крие пријавите за ДУП во Карпош во фиока, а постапува по нови подоцнежни пријави, спротивно на законската обврска и пракса.
„Ова нè наведува на помислата дека некој или некои од уставните судии се во директна спрега со заинтересираните инвеститори на овие гигантски објекти. Затоа јавно ги прашуваме дали е ова така како што изгледа од страна, а ако не е, ги повикуваме да ги земат предметите, да ги анализираат и да донесат чесна одлука во интерес на граѓаните на Карпош“, истакнуваат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Герасимовски: Конечно Работнички се враќа на шампионските патеки
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вчера вечер присуствуваше на тренингот на КК Работнички во салата Кале. Со кошаркарите разговараа за издигнувањето на тимот и потребите за достигнување на високи резултати и на следните натпревари.
„Сакам да се заблагодарам пред се и на тренерот на цел стручен тим но и на сите играчи за одличните резултати коишто ги имаме годинава. Успеавме со клубот од невозможно да направиме возможно. Клубот којшто го начекавме пред две години на 10то место со 4-5 неисплатени плати и долг од 600 000 евра да го вратиме на победничките патеки. Важно е што во моментов табелата трепка што сме на прво место и се надевам дека тоа така ќе остане и до крај. Јас верувам дека ќе имаме успех оваа сезона и уште поголем успех следната“, им порача Герасимовски на кошаркарите.
При средбата Герасимовски ги извести играчите дека општина Центар го има имотниот лист на салата и успеа да го исполни ветувањето дека ќе ја врати сопственоста на салата под ингеренции на општината.
Општина Центар на крајот на минатата година доби финансиски средства од Владата во вредност од 30 милиони денари наменети за реконструкција на салата, при што Герасимовски ги информираше играчите со процесот и проект планот кој е веќе во изработка за реновирање на матичната сала на Работнички. Конечно Работнички се враќа на шампионските патеки, ви благодарам за тоа, порача Герасимовски.
Македонија
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска објави дека судот донел одлука со која се утврува дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, неправедно ја клеветел.
„Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел да ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста, Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки“, пишува Петровска.
Во продолжение таа додава дека не сака пари од нечесник и се откажува од паричниот надомест.
„Секој го прави тоа што најдобро го знае, тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“, додава Петровска.
Македонија
Манолева: По 43 години, болницата во Отешево доби комплетно нов лик, современи услови за третман и медицинска опрема
Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО. Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.
„Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, рече Манолева.
Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови. Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.