Македонија
Донев: Охриѓани треба да знаат кој колку пари зел од оштетата за земјотресите
Сашо Донев до ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција обвини дека в.д. градоначалникот Константин Георгиески во недостиг на идеи, проекти и желба за работа се фали и ја замајува јавноста со процедурални активности. ВМРО-ДПМНЕ го повика Георгиески да одговори кој овозможил исплата на финансиски средства од буџетот на лица кои не се баратели на штети.
„Дали е точно дека спротивно на закон, се исплатени парични средства на име надомест на штета од земјотрес, во износ од над 30 000 денари, на лицето Илија Пиперкоски, шеф на Кабинет на градоначалникот, кој е надворешно лице ангажирано во Општина Охрид, иако не е подносител на барање за причинета штета од земјотресите во Охрид“, праша Донев.
ВМРО-ДПМНЕ му порача на в.д. градоначалникот доколку работи во интерес на граѓаните да побара од Пиперкоски да ги врати назад исплатените без основ парични средства.
„Дали случајно епицентарот на земјотресот беше лоциран во куќата на Илија Пиперкоски, на кој му е проценета и исплатена драстично повисока штета во споредба со другите граѓани на кој им се исплатени по 2 000 до 3 000 денари? Охриѓани најтранспарентно треба да знаат кој колку пари зел за оштета. Дали исплатите се вршат на лица кои од позиција на моќ даваат налози за такви исплати?
СДСМ и Георгиески се однесуваат како општината да е нивна приватна фирма, па исплатата на штетите оди по партиска основа. За овој криминал обелоденет од страна на ВМРО-ДПМНЕ тие мора да сносат одговорност затоа што најмногу страдаат охриѓани, кои и по две години не зеле пари за да ги санираат објектите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Гледајќи го овој криминал, како што додаде Донев, охриѓани нема да премолчат и за брзо ќе победат, а СДСМ ќе биде поразен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
Полицијата во Охрид го приведе А. И. (48) затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.
Македонија
ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери
Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на Јавното обвинителство за следење евентуални кривични дела поврзани со изборите, извести дека се издадени наредби за увид во службената документација на Јавното претпријатие „Комуналец“ во Делчево.
„Во текот на вчерашниот ден во Основното јавно обвинителство Делчево е заведен предмет по барање на Министерството за внатрешни работи за кој се побрани наредби за вршење увид во службената документација на Јавното претпријатие ’Комуналец’, со цел да се проверат наводите за евентуално сторено кривично дело поткуп при избори и гласање. Се работи за наводно поставување водомери во поголем број населени места во таа општина. Дадена е наредба за проверка на службената документација во претпријатието. Доколку се утврди дека има елементи за сторено кривично дело поткуп при избори и гласање, предметот ќе се процесира понатака“, рече обвинителот Бајрами.
Во Основното јавно обвинителство Радовиш денес е пријавено дека во село Бучим еден од гласачите наводно го покажал гласачкото ливче кон еден од набљудувачите од една политичка партија. И за овој настан обвинителот Бајрами рече дека се дадени насоки за проверка на наводите и доколку постојат елементи за сторено кривично дело, и овој предмет ќе се процесира.
Обвинителот Бајрами рече дека од аспект на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денешниот изборен ден се одвива без поголеми нарушувања и нерегуларности.
Македонија
Одѕивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а намалку во Врапчиште
Процентот на избирачите што гласале до 13 часот е 26,35 отсто, информира претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.
Според податоците, најголем е одѕивот во Новаци – 42,87, а најмал во Врапчиште – 10,18 отсто.
Заклучокот е дека досега гласањето се одвива мирно на сите избирачки места.
До ДИК се доставени 140 приговори за заштита на избирачко право, од нив 16 се усвоени и на избирачите им е овозможено да остварат право на глас, 8 се отфрлени како неуредни, а 9 одбиени. Другите се во обработка.