Македонија
Дојави за бомби во осум средни училишта во Скопје
Денеска, околу 11.40 часот, во СВР Скопје е пријавено дека на електронските адреси на осум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.
Веднаш по добиената пријава, како што соопшти МВР, од полициски службеници биле преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата.
Според полицијата, во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија
Народот одлучува за иднината на Македонија, порача кандидатот за претседател, Максим Димитриевски по гласањето.
„Jас го остварив своето право и гласав. Народот одлучува за иднината на Македонија! Посакувам демократски избори и можност граѓаните самостојно да одлучат!“, рече Димитриевски, споделувајќи фотографии од гласањето.
Македонија
Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт
Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот круг од претседателските избори.
„Јас никогаш не агитирам за себе, граѓаните знаат за кого да гласаат, знаат да си го искористат избирачкото право. Генерации гинеле за негово користење! Споредете и направете го вистинскиот избор!“, додаде таа.
Македонија
(Видео) Османи: Овие избори се одлучувачки, граѓаните имаат две опции
Кандидатот за претседател Бујар Османи посака изборите да бидат слободни, фер и демократски.
„Граѓаните да излезат, масовно да гласаат, да гласаат според своето убедување, со цел и надеж за подобри денови на нашата држава во големата европска фамилија. Овие избори не се обични избори, туку се одлучувачки избори по однос на иднината на државата. Граѓаните се исправени пред две опции – изолација или интеграција, очекувам да ја донесат правата одлука“, кажа Османи.