Македонија
Државниот студентски дом: Истражувањето е од времето на претходната власт, денес состојбата е сменета
Државниот студентски дом Скопје ја известува јавноста дека истражувањето од МОФ околу исхраната и трошењата на институцијата се однесувало на периодот од 2015 година кога со институцијата раководела претходната власт, откако денеска беше презентиран извештај во кој се вели дека просечно по 61 денар се издвојува дневно за оброк за станарите во студентските домови.
Од студентскиот дом преку соопштение велат дека поради недомаќинско работење во изминатите 10 години, институцијата се соочила со долг во висина над 300 милиони денари коj сегашното раководство за нецели 2 години го намалило за повеќе од половина.
„Недомаќинското работење на претходната власт ги запусти домовите до степен на потсмев кај домашната јавност. Раководството кое сега управува со студентските домови се соочи со речиси секојдневни дефекти во инсталациската мрежа поради која студентските домови во зимскиот период многу често имаа недостиг на топла вода и греење. Денес по само 2 години студентите ги немаат овие проблеми. Раководството и оваа Влада реализираше и отпочна инвестиции кои во голем дел ги решија дефектите“, велат од студентскиот дом.
Нагласуваат дкеа за ова кратко време наспроти деценијата на претходната власт, исплатени се долговите кои се однесувале на режиските трошоци поради кои студентските домови биле комплетно нефункционални, а намален е и долгот на институцијата и реализирани се инвестиции во сите студентски домови.
„Државниот студентски дом за овој период реализираше активности кои претходната власт не ги направи за десет години. Ова истражување е показател колку биле запуштени и оставени сами на себе студентите во претходните години. Денеска состојбите не се исти, а доказ за тоа се наброените проекти кои се дел од активностите кое раководството со помош на Владата планира да ги реализира. Државниот студентски центар посветено работи на обезбедување подобар стандард за сите студенти во сите студентски домови кои се под надлежност на институцијата“, велат од Државниот студентски дом Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Постојниот простор на СВР Охрид ќе се стави во функција на градот, надземно ќе биде убав парк, а подземно катна гаража
„Денеска на покана на министерот и градоначалникот сум во Охрид, да дадам и јас лично поддршка на проектот кој тие двајца го најавија дека тоа ќе биде еден од приоритетите на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија. Станува збор за простор на СВР Охрид кој ќе се стави во функција на општина Охрид или ќе биде надземно убав парк, а подземно катна гаража“, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ценам дека треба да се слушаат потребите на граѓаните, треба да се слушаат потребите на тие кои се избрани од граѓаните.
Ценам дека на овој начин ќе се овозможи еден поголем комфор во рамките на градското централно подрачје во Охрид во оној дел каде што е туристичка зона и ценам дека како држава треба да поддржуваме проекти кои ќе значат додадена вредност за средините во кои се прават. Еден од тие проекти е овој овдека.
Така што уште еднаш од мене голема благодарност и до министерот и до градоначалникот на поканата. Очекувам вакви и слични проекти и во иднина во други области во Македонија“, изјави Мицкоски.
Сервисни информации
Сообраќајот на патот Прилеп-Македонски Брод, се одвива наизменично по една коловозна лента
Во 14:58 часот сообраќајот на регионалниот пат Прилеп-Мак.Брод, сообраќајот се одвива наименично по една коловозна лента.
АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Апел за помош за малиот Војдан
„Почитувани, ви се обраќам како очајна мајка на Војдан, кој е дете со церебрална парализа. Војдан е предвремено родено дете, кој е борец уште од првата секунда од неговиот живот. 71 ден ги помина во инкубатор, на респиратор, со мал милион дијагнози и прогнози, но тој се избори и си дојде дома.
Кога мислевме дека нема крај на нашата среќа. Господ повторно ни го зададе најголемиот удар, на Војдан му дијагностицираа Церебрална парализа. 8 месеци ги поминавме по болничките лавиринти во нашата држава, со што немаше значителен напредок. Од негови 11 месеци, одиме на рехабилитација во Загреб. Одиме секој месец и остануваме таму по една недела. Војдан има сериозен напредок во неговата битка, која продолжува и од кога ќе се вратиме дома. Секојдневно има физикална терапија, со што јас како родител сум обучена да работам со него, дефектолошки и логопетски третман одиме на приватно. Фондот за здравство не ни го признава лекувањето на Војдан, па цели овие години одиме со помош на нашиот хуман народ. Како мајка на која единствена желба и е здравјето на нејзиното дете, уште еднаш и до бескрај ги молам сите хумани граѓани кој се во можност да ни помогнат за Војдан да излезе како победник во битката“.
Информации околу кампањата за собирање на донации имате тука