Македонија
ДУИ: Дневно по 750 тестови за брзо враќање во нормален живот
Дисциплината, одговорноста и истрајноста се причините на нашиот успех во борбата против академијата од вирусот Ковид-19. Оценката на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ние сме во воена ситуација со невидлив непријател кој го ризикува животот на секој граѓанин, и додека сме во војна главниот збор го имаат експертите од здравството, уште еднаш докажува дека ова војна треба да се победи до крај, соопшти ДУИ.
Според партијата, иако досегашното соочување со создадената криза од пандемијата се
оценува како успешно, не е време за еуфорија, не е време за брзање.
„Кризата и опасноста сè уште не се завршени. Ковид-19 е сè уште тука.Затоа, треба да бидеме внимателни и одговорни – почитувајќи ги достојно препораките од експертите за соочување со епидемијата. Мерките засоцијална дистанца на оправдано растојание остануваат и ние треба да орада ги следиме и треба да се направат нови мерки, но тие, ако сме одговорни,ќе бидат олеснителни, и веќе ќе се вратиме во нашата социјална рутина чекор по чекор.
Но, за ова да се реализира, неопходно е да се имплементира тоа што останува главна алатка во моментов за спречување на епидемијата, а тоа е стручното и стратегиско мониторирање на ситуацијата, или попрецизно, масовното тестирање на населението.Ова не е само наше оценување, туку врз база на меѓународните препораки,зголемувањето на бројот на тестирањата е најефикасниот начин за изолација на пациентите и за спречување на ново проширување.Иако нашата земја е на ниво на другите земји во регионот и пошироко според бројот на тестирање на населението, ова е потребно и ќе сезголеми бројот на тестирањата.
Треба да водиме во регионот и да бидеме, најмалку во ниво на европските развиени земји. Како идна членка на на Еу, ние веќе треба да постапиме како земја на ЕУ. Ние треба да го зголемиме бројот на тестирање да направиме најмалку 500 тестови на ден, а потоа многу брзо да се достигне бројката од 750 тестови на ден за краток период. Затоа имаме потреба од сериозна стратегија за тестирање, по успешните модели од европските земји. Тоа значи, дека не треба да ги тестираме само граѓаните со симптоми и лицата кои биле во контакт со заразените лица за да ги изолираме навреме и така да ги заштитиме останатите, но
овој круг на тестирањата треба да се зголеми секојдневно“, соопшти партијата.
Според ДУИ, зголемување на тестовите базирајќи се сериозна стратегија – е клучно во
борбата против вирусот во нашата земја, но и за укинувањето на ограничувањата и враќањето во нормалност што е можно поскоро. Професионалното следење треба да се комбинира со хигиенски мерки и само-одговорност за да се спречи ново проширување по укинувањето на
ограничувањата. Тоа е единствениот начин да ги заштитиме нашите граѓани и економијата. Никој не би имал корист од укинување на ограничувањата, доколку дојде до друго избувнување и ќе мораме повторно да затвориме сè. Затоа, масовното тестирање е единствениот начин за скоро враќање во секојдневната животна рутина. Значи тестирањето е единствениот начин
за што е можно поскоро, да се вратиме во нашата рутина, во нашиот живот, така како што го знаеме“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Во недела посебен сообраќаен режим во Скопје
Министерството за внатрешни работи известува дека на 31.03.2024 (недела) со почеток во 09.00 часот поради одржување на атлетска трка на 10 км, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот „Св.Пантелејмон“ и обратно, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.
Македонија
Левицата: Решението за градба кај болничкиот комплекс Воена болница да се поништи веднаш
„Го повикуваме градоначалникот Стевчо Јакимовски да ги почитува законите и да го поништи Решението за градба на 17-катницата кај Болничкиот комплекс „Воена болница“, истакнуваат од Левица.
Потсетуваат дека политичката партија Левица повеќепати укажа на штетноста од градбата на повеќекатницата на истата локација, паралелно организираше протест на којшто граѓаните јавно го искажаа незадоволството од своеволието на градоначалникот и инвеститорите за противзаконската одлука на истите да почнат со градба на зграда за којашто немаат законска дозвола.
„Од пред неколку дена е правосилно Решението со кое се поништува незаконски позитивното конзерваторско мислење, кое се обидоа да го издејствуваат инвеститорите, а истото, по наши сознанија, е пристигнато во Општината на 21.3.2024 година, по што градоначалникот треба веднаш во законски рок да постапи по истато. За жал, Решението за градба уште не е поништено.
Од општинската администрација не даваат одговори по однос на прашањето по Решението со кое се одбива жалбата на инвеститорите, но успеавме да го добиеме, бидејќи е информација од јавен карактер“, дообјаснуваат од оваа партија.
Го повикуваат градоначалникот Стевчо Јакимовски во пресрет на изборната претседателска кампања да се одважи, како што велат, да ги испочитува законите и да го поништи Решението за градба веднаш, како би докажал пред граѓаните дека, навистина, ги застапува нивните интереси“.
Македонија
Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат
Полицијата поднесе кривична пријава против шест инспектори, вработени во Државниот пазарен инспекторат, и тоа: С. Б. (32), Ј. Р. (54), В. М. (47), Б. С. (46), С. С. (61) и Р. Б. (37), сите од Скопје, поради злоупотреба на службената положба и овластувањето.
Во текот на март и април 2023 година, вршејќи контрола кај три менувачници, лоцирани во близина на Бит-пазар, а за кои било утврдено дека не биле регистрирани како фирми и не поседувале лиценци издадени од НБРМ за вршење менувачко работење, но подолг временски период работеле како менувачници, инспекторите на затекнатите лица во дивите менувачници биле должни да им изречат решение за забрана за вршење дејност, да им ги запечатат објектите, да им ги одземат предметите, опремата и средствата со кои е направен прекршокот, како и да им изречат глоба во износ од 1.000 до 20.000 евра во денарска противвредност.
Но, пријавените пазаришни инспектори ги прекршиле сите одредби од наведениот закон и во три извршени вонредни инспекциски надзори на затекнатите лица во сите три објекти како менувачници ниту им издале решение за забрана за вршење нерегистрирана дејност, ниту им ги запечатиле просториите во кои ја вршеле противзаконската активност, ниту им ги одзеле средствата, предметите и опремата со кои е направен прекршокот ниту, пак, им изрекле глоба во износ од 1.000 до 20.000 евра.
Напротив, во сите три извршени вонредни надзори на сите три менувачници на секој од сопствениците им изрекле еднократна глоба во износ од 80 евра во денарска противредност и ги оставиле и понатаму менувачниците редовно да работат, со што постапиле спротивно на законот за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност и со неизвршување на својата службена должност го сториле кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.