Македонија
(Видео) ДУИ очекува СДСМ да си стои на договорот за заеднички кандидат за претседател
Коалциониот партнер на СДСМ, ДУИ, очекува СДСМ да си стои на договреното и на претседателските избори да излезат со консензуален кандидат. Бујар Османи од ДУИ не сакаше да ги коментира имињата што кружат во јавноста, однсно дали би ги поддржале Стево Пендаровски или Денко Малески за претседателски кандидати. Тој додаде дека сè уште е рано да каже дали тие ќе извадат свој предлог на маса за кој ќе бараат поддршка од коалционерите.
„Начелен договор за консезуален кандидат постои со СДСМ уште кога се формира коалицијата. Сметаме дека државата треба да ги надмине етничките и партиските пречки затоа што претседателот треба да биде фигура што ги спојува сите. Не сакаме да се доведеме во ситација како со Ѓорге Иванов, кој не ја извршуваше функцијата како што треба. Се обидовме оваа идеја да ја реализираме со ВМРО-ДПМНЕ, но не успеавме, од таму одбија. Се надеваме дека со СДСМ ќе најдеме заеднички прифатливо решение“, рече Османи.
Претходно, потпретсдателката на СДСМ, Фросина Ременски, изјави дека сите опции се во игра не отфрлајќи ја можноста за заеднички предлог што ќе би го поддржле партиите од парламентарното мнозинство.
„Прашањата меѓу коалиционите партнери во Владата се водат во рамките на партиите и тие не се завршени. Консултации и анализи постојат, но сè уште не сме го отвориле прашањето за можните кандидати и дали тоа ќе биде концептот на консензуален кандидат. Секако, сите опции се отворени за разговор и секако дека ќе избереме најсоодветен начин да можеме да ги обединиме граѓаните за изборот на кандидат на СДСМ“, изјави Фросина Ташевска-Ременски по завршување на средбата во Државната изборна комисија.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, кандидатот за претседател ќе го обелодени на конгрес во Струга, кој ќе се одржи на 16 февруари. До тогаш на отворениот оглас ќе се пријавуваат кандидатите по што париските органи ќе одлучат со кој ќе излезат на претседателските избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.