Македонија
Единствена Македонија: Марионетската власт лаже дека добива покана за членство во НАТО
Партијата Единствена Македонија преку соопштение ги осуди, како што велат оттаму, бесрамната пропаганда и новинарскиот терор врз нацијата од марионетската власт во Скопје во обидот да прикаже дека Републка Македонија на самитот на НАТО во Брисел ќе добие покана за членство во НАТО.
„Ова е една голема лага бидејќи Република Македонија во Брисел добива само обично ветување дека во блиска иднина ќе добие покана за членство во НАТО иако таквото ветување само по себе е неизвесен факт, необврзувачка изјава и претпоставка за која уште сега може да потврдиме дека во иднина и навистина нема да се оствари“, се наведува во партиското соопштение.
Од Единствена Македонија додаваат дека лагата е уште поголема ако се знае дека природата на поканата за пристапување во НАТО е јасно пропишана во членот 10 од северноатлантскиот договор од 4 април 1949 година.
„Го повторуваме повеќепати кажаното во јавноста дека Република Македонија ниту ќе стане членка на НАТО ниту ќе го промени името. Единствено, ќе останат срамот и одговорноста на марионетската власт во Скопје во очајничкиот обид да избрише сè што е македонско, која требало да размислува не само за моментот, оти се доведе во ситуација да се срами од нив и нивните поколенија“, велат од партијата на Јанко Бачев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска објави дека судот донел одлука со која се утврува дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, неправедно ја клеветел.
„Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел да ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста, Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки“, пишува Петровска.
Во продолжение таа додава дека не сака пари од нечесник и се откажува од паричниот надомест.
„Секој го прави тоа што најдобро го знае, тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“, додава Петровска.
Македонија
Манолева: По 43 години, болницата во Отешево доби комплетно нов лик, современи услови за третман и медицинска опрема
Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО. Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.
„Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, рече Манолева.
Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови. Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.
Македонија
Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара
Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.
Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.