Македонија
Единствена Македонија: Спасовски потврди дека Македонија си за ја замислуваат како лото-игра
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска изјави дека нема ништо спорно во тоа што Џезаир Шаќири како исламско-фундаменталистичкиот фанатик и извршител на убиството на припадник на МВР е поставен за советник за безбедност на Зоран Заев. Според министерот Спасовски, такви контроверзни имиња ја водат државата од 2002 година до денес, алудирајќи дека и власта на ВМРО-ДПМНЕ назначувала функционери кои работат директно против македонскиот народ и македонската држава. Единствена Македонија го потсетува Спасовски дека смислата на владеењето со Македонија не е да погодуваме, дали СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ повеќе ја уништувал државата, туку, власта на СДСМ треба да ги спречи и отстрани опасните работи кои ги правела претходната власт.
„Со денешната изјава на Спасовски дојде директната потврда дека марионетската власт на СДСМ си ја замислува Македонија како лото-игра во која треба само да погодуваме кој повеќе, СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, учествувал во рушењето на Македонија и Македонците. Единствена Македонија и македонскиот народ ќе ја победат погубната антимакедонска определба на партијата ‘Погреб за Македонија’ составена од хунтата на СДСМ и режимот на ВМРО-ДПМНЕ, и сите кои учествувале во политиките на антимакедонска и антидржавна основа, ќе одговараат“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија“, вели СДСМ
„Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола Груевски. За врме на посетата на Мицкоски на Гевгелија беа злоупотребени млади лица и ученици, исто како што правеше Груевски, кога се редеа деца за да го поздравуваат“, соопшти СДСМ.
„На ист начин вчера, под палка на локалната власт на ДПМНЕ во Гевгелија беа поставени ученици да му аплаудираат, овој пат на Мицкоски.
Мицкоски е ист како Груевски. Во ДПМНЕ нема никакви промени. Тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови.
Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.
Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови
„Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Идната влада ќе имплементира модел за намалување на цените и ограничување на маржите на лековите и медицинската опрема. Народот не смее да го преплаќа лекот.
Ќе се спроведе ревидирање и модернизирање на позитивната листа на лекови со вклучување на најголем дел од основните лекарства кои граѓаните ги користат.
Лековите мора да се издаваат согласно потребите на пациентот, со персонализирана и индивидуализирана терапија. ВМРО-ДПМНЕ има за цел да го крене здравството на сосема ново ниво“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Апасиев: Дали е вистина дека директорот на велешката болница забранил да им се дава инфузија на деца со температура 40 – за да заштеди
„Дали е вистина дека директорот на велешката Болница – Зоран Арсовски од СДС забранил да им се дава инфузија на Детското одделение, на деца со температура 40 – за да заштеди“, прашува претседателот на партијата Левица, Димитар Апасиев преку социјалните мрежи.
„И дали е вистина дека за операција на жолчка, во истава болница, докторите отворено си бараат мито од пациентите – од 500 евра ‘по тарифа’“, додава Апасиев.