Македонија
Министрите на ЕУ не донесоа одлука за почеток на преговори со Северна Македонија
Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија не донесоа одлука за определување датум за почеток на преговори за Северна Македонија и за Албанија, изјави попладнево во Луксембург министерката за надворешни работи на Финска, Тити Тупураинен, по состанокот на Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.
Таа додаде дека прашањето ќе биде дискутирано од страна на лидерите на ЕУ на Самитот што ќе се одржи кон крајот на неделава.
Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, рече дека жали што не е постигнат договор и дека ова не бил најславниот момент на Европа.
„Многу жалам што членките не донесоа одлука за отворање преговори со Северна Македонија и Албанија. Ова не е најславен момент на Европа, ова е третпат за 16 месеци да разговараме за ова важно прашање“, рече Хан.
We have to restore our credibility in the #WB and live up to our commitments! #NorthMacedonia and #Albania have done their homework and implemented painful reforms. #EUaccession is a merit based process and that’s why we need to acknowledge concrete progress.” 3/3
— Johannes Hahn (@JHahnEU) October 15, 2019
Тој наведе дека важно е да се нагласи дека мнозинството членки ја поддржале препораката на Европската комисија за почеток на преговори за двете земји.
Хан вели дека секое понатамошно одложување ќе ѝ наштети на улогата на ЕУ во регионот на Западен Балкан и на кредибилноста на нејзините амбиции да стане посилен глобален играч.
„Ние мораме да го вратиме нашиот кредибилитет во регионот на Западен Балкан и да ги исполнуваме нашите обврски. Северна Македонија и Албанија ја завршија својата домашна задача и спроведоа болни реформи. Пристапувањето во ЕУ е процес базиран на заслуги и затоа треба да прифатиме конкретен напредок“, вели Хан.
Финска претходно предложи да се раздвојат преговарачките процеси за Северна Македонија и Албанија, но ваквиот предлог не го прифатија Франција, Германија и Италија.
Франција е против ново проширување сè додека не се реформира преговарачкиот процес, а Германија и Италија стравуваат дека доколку преговорите започнат само со Северна Македонија, Албанија вечно ќе остане во чекалницата на ЕУ.
Холандија, пак, ги услови преговорите за Северна Македонија со носењето на закон за јавно обвинителство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На 12,78 отсто се искачи одѕивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто
До 11 часот на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи на 12,78 отсто.
Најголем е одѕивот во Демир Капија, 23,99 отсто, каде што од вкупно 3.208 граѓани до 11 часот гласале 769.
На седмите претседателски избори во земјава право на глас имаат 1.814.317 граѓани на 3480 избирачки места.
Македонија
Даштевски: Во првите два и пол часа пријавени се само технички проблеми, кабел или батерија, ги решаваме во од
Ситни техники проблеми околу биометриските уреди се пријавени во првите два и пол часа од гласањето. Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски извести дека гласањето се одвива мирно и без неправилности, а техничките проблеми вели дека тековно ги решаваат.
„Пријавени се само технички проблеми, батерија или кабел на биометриските уреди кои ги решаваме во од. Сите гласачки места се отворени и засега нема прекин никаде“, рече претседателот Даштевски.
Одѕивот во првите два и пол часа е 3,85 отсто, но пристигнале податоци од само 832 избирачки места. На овие избори право на глас имаат 1. 814.317 граѓани на 3480 избирачки места.
Македонија
3,85 отсто е одѕивот за гласање во првите два и пол часа, 12 приговори пристигнале во ДИК
Одѕивот на граѓаните во првите два и пол часа од гласањето за избор на претседател на државата на седмите претседателски избори е 3,85 отсто. Гласањето е почнато навреме, се одвива мирно и без пријавени неправилности. Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски утрово рече дека одѕивот е мал, но мал е и бројот на избирачки места од кои се пристигнати податоци.
„До девет часот пристигнати се податоци за одѕив на гласачите од 832 избирачки места. Од вкупно запишани 42.748 гласачи на овие избирачки места, гласале 15.487 или 3,8 отсто од гласачите. До овој момент во ДИК се доставени вкупно 12 приговори за заштита на личното избирачко право кои се предмет на обработка“, рече Даштевски.
На бесплатниот телефонски број 0800 555 44 граѓаните можат да постават прашање или да пријават неправилности до Државната изборна комисија.
Активна е и видеокол линијата 076 488 360 преку која граѓаните со оштетен слух и говор ќе можат преку видео повик да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на знаковен јазик. На сите граѓани на располагање им се интернет страницата на ДИК www.sec.mk како и страниците на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“ и каналот на јутјуб.
На страната rezultati.sec.mk може да се следи во живо излезноста на гласачите, вкупна и по општини.
На овие избори право на глас имаат 1. 814.317 граѓани на 3480 избирачки места. Податоци од повеќе избирачки места претседателот Даштевски најави за следната прес – конференција.