Македонија
Жерновски-Спроул: Северна Македонија и Канада глобални сојузници во НАТО
Заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, го прими Дејвид Спроул, генерален директор за европски и евроазиски прашања во Министерството за надворешни работи на Канада.
На средбата беше направен пресек на билатералните односи помеѓу двете земји, кои беа оценети како традиционално блиски и пријателски, со потенцијал за нивен натамошен развој и унапредување. Соговорниците се осврнаа и на состојбите и актуелните прашања во регионот.
Жерновски, заблагодарувајќи се на континуираната поддршка од Канада во остварување на стратешките приоритети на нашата држава, изрази очекување за продолжување на соработката меѓу двете земји во областите од заемен интерес. Од страна на директорот Спроул беше истакнато дека полноправното членство на нашата земја во НАТО и почнувањето на процесот за интегрирање во ЕУ претставува значаен придонес кон стабилноста и просперитетот на регионот.
Соговорниците со задоволство констатираа дека полноправното членство на Република Северна Македонија во НАТО претставува ново стратешко сојузништво со Канада на глобален план.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара
Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.
Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.
Македонија
„Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија“, вели СДСМ
„Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола Груевски. За врме на посетата на Мицкоски на Гевгелија беа злоупотребени млади лица и ученици, исто како што правеше Груевски, кога се редеа деца за да го поздравуваат“, соопшти СДСМ.
„На ист начин вчера, под палка на локалната власт на ДПМНЕ во Гевгелија беа поставени ученици да му аплаудираат, овој пат на Мицкоски.
Мицкоски е ист како Груевски. Во ДПМНЕ нема никакви промени. Тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови.
Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.
Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови
„Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Идната влада ќе имплементира модел за намалување на цените и ограничување на маржите на лековите и медицинската опрема. Народот не смее да го преплаќа лекот.
Ќе се спроведе ревидирање и модернизирање на позитивната листа на лекови со вклучување на најголем дел од основните лекарства кои граѓаните ги користат.
Лековите мора да се издаваат согласно потребите на пациентот, со персонализирана и индивидуализирана терапија. ВМРО-ДПМНЕ има за цел да го крене здравството на сосема ново ниво“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.