Македонија
Заев врши економски егзодус врз државата, обвинува опозицијата
Во недостиг на идеи како да ја развиваат македонската економија, најновите најави се дека износот на персоналниот данок значително ќе се зголеми и наместо досегашниот рамен данок ќе се воведат даночни стапки од 10,15 и 18 отсто. Ќе се даночат и приходите од камати над 12.000 денари. Тоа значи дополнително оптоварување на приватниот сектор што ќе влијание на зголемување на невработеноста, полнење на администрацијата со партиски кадри на СДСМ, кои како привилегирана каста ќе живеат на грбот на народот, миграцијата ќе се зголеми, а компаниите ќе го селат капиталот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според опозициската партија, нема радиофузна такса, меѓутоа граѓаните за три часа паркинг во Скопје плаќаат 130 денари и сите плаќаат поскапи горива како резултат на зголемената акциза за нафта.
„Зоран Заев врши економски егзодус врз државата. Повеќе од една година Заев е на власт, повеќе од една година економијата е на нула, нема нови работни места, нема повисоки плати, нема просперитет.
Над 300 милиони евра изнесува новото задолжување на картелот во првите три месеци од годината. Долгот во континуитет се зголемува. Не поминува месец, а картелот да не ја задолжи државата за неколку милиони, кои никој не знае каде завршуваат. Тоа е животот што ќе им го донесе СДСМ, беда, сиромаштија, сивило, високи даноци, полициска држава“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ
Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората во Берлин на Коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ).
Меџити од овој собир на дијаспората и се обрати со зборови каде им ја даде убавата вест дека на 8 мај пристигнува победата, но и за вредноста на учеството на дијаспората во овие избори кои многу добро знаат да казнуваат режими и тие кои го мразат Курти и Косово.
„Првите политички движења се отпочнати од дијаспората, како за совладување на Југославија, така и за независноста на Косово, а токму од ова дијаспора ќе пристигне и казната за ДУИ која се спротиставува на Косово и кокетира со Вучиќ”.
Тој, исто така, додаде дека сега е историскиот момент за промени во албанската политичка сцена после децении, со обединетата опозиција и со Самоопределување.
Македонија
Во Скопје санкционирани 179 возачи
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи
Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.
Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.
Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.