Македонија
Заев: За претседател Албанец, потребно е мнозинство и од неалбанското гласачко тело
Преседателот се избира на непосредни избори на кои гласаат граѓаните, тоа не се договара партиски, тоа е невозможно, изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција на прашањето како ја коментира изјавата на коалицискиот партнер ДУИ, односно дека Ахмети во кампања изјавил дека следно што ќе го реализира е Албанец да биде претседател на државата.
„Тој момент ќе сакам да го дочекам, да бидам жив и здрав, јас, а и сите ние, што ќе значи афирмација на личност, на граѓанин, пред сѐ, и како граѓанин, без разлика на својата етничка определба, да помине кај граѓаните, што се најмалку 50 % од Македонците, 50 % од Албанците, 50 % Србите, Власите, Ромите, Бошњаците и сите што живеат во нашата земја би го гласале тој претседател“, рече Заев.
Додаде дека тоа е добра амбиција за да се алудира кон македонското гласачко тело или неалбанското гласачко тело. „За ваквата амбиција на ДУИ, треба и мнозинство гласање од неалбанското гласачко тело“, рече премиерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија“, вели СДСМ
„Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола Груевски. За врме на посетата на Мицкоски на Гевгелија беа злоупотребени млади лица и ученици, исто како што правеше Груевски, кога се редеа деца за да го поздравуваат“, соопшти СДСМ.
„На ист начин вчера, под палка на локалната власт на ДПМНЕ во Гевгелија беа поставени ученици да му аплаудираат, овој пат на Мицкоски.
Мицкоски е ист како Груевски. Во ДПМНЕ нема никакви промени. Тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови.
Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.
Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови
„Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Идната влада ќе имплементира модел за намалување на цените и ограничување на маржите на лековите и медицинската опрема. Народот не смее да го преплаќа лекот.
Ќе се спроведе ревидирање и модернизирање на позитивната листа на лекови со вклучување на најголем дел од основните лекарства кои граѓаните ги користат.
Лековите мора да се издаваат согласно потребите на пациентот, со персонализирана и индивидуализирана терапија. ВМРО-ДПМНЕ има за цел да го крене здравството на сосема ново ниво“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Апасиев: Дали е вистина дека директорот на велешката болница забранил да им се дава инфузија на деца со температура 40 – за да заштеди
„Дали е вистина дека директорот на велешката Болница – Зоран Арсовски од СДС забранил да им се дава инфузија на Детското одделение, на деца со температура 40 – за да заштеди“, прашува претседателот на партијата Левица, Димитар Апасиев преку социјалните мрежи.
„И дали е вистина дека за операција на жолчка, во истава болница, докторите отворено си бараат мито од пациентите – од 500 евра ‘по тарифа’“, додава Апасиев.