Македонија
Заев и министрите Филипче и Нуредини учествуваа на глобалниот бизнис-форум „Блумберг“
Загрозената животна средина и економските кризи како најголеми закани и предизвици за глобалниот просперитет се централните теми на годинешниот трет глобален бизнис-форум „Блумберг“, што се одржа за време на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк и кој ги собра шефовите на држави и влади со извршните директори и претседатели на управни одбори на најголемите глобални компании за да разговараат за изнаоѓање заеднички акции за овие прашања.
Премиерот Заев и дел од делегацијата на Владата, министерот за здравство, Венко Филипче, и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, учествуваа во работата на форумот на кој беа споделени искуствата и иницијативите што имаат потенцијал да бидат одговор на климатските промени, со честите суши, недостигот на вода, што предизвикуваат сериозни последици во економијата, особено во земјоделството, и дестабилизираат повеќе општества во светот.
Овие, и дополнително бегалските и миграциските кризи, се закана за повеќе од 50 проценти од населението во светот и затоа се налага потребата од итни одговори за кои од исклучителна важност е сојузот меѓу лидерите од јавниот и приватниот сектор.
На глобалниот бизнис-форум „Блумберг“ во Њујорк беа презентирани повеќе примери за напредок, кои се постигнуваат преку партнерства и инвестиции меѓу јавниот и приватниот сектор на овој план, и форумот беше средина за средби и размена на идеи за иницијативи во кои активно учество зедоа премиерот Заев и министрите Филипче и Нуредини.
Во текот на денешниот ден премиерот Заев ќе има свое обраќање на дијалогот на лидерите во рамките на форумот на највисоко ниво на самитот за целите за одржлив развој како дел од програмата на 74. Генерално собрание на ОН.
Денешната програма на премиерот завршува со обраќањето на дебатата „Иднината на евро-атлантските интеграции на Западен Балкан: Каде оди Западен Балкан“, во организација на меѓународниот центар „Низами Ганџави“ во Њујорк.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата
Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов по првиот круг од претседателските избори.
„Затоа е потребна општа мобилизација за уште посилна победа на коалицијата “Твоја Македонија” предводена од ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните ги отпишаа СДСМ, да запнеме сите заедно да ги отпишеме и ДУИ. Овојпат ДУИ мора да падне! Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата!“, порача Анеглов.
Ангелов пред еден месец соопшти дека неговата партија излегува од коалицијата предводена од СДСМ.
Тој со години се залагаше воените инвалиди и семејства на загинатите бранители да бидат обештетени, но немаше слух од своите коалициони партнери. Како што самиот рече, добивал поддршка од премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, но поради противењето на ДУИ тоа не се случило.
Македонија
Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи
Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските избори освои само 8.103 гласа, односно 0,90 %. Тоа е помалку од бројот на собрани потписи за претседателската кандидатура зад која му се потпишаа 10.000 граѓани.
Јакимовски во неговата општина освои 2.143 гласа, а во родната Крива Паланка за Јакимовски гласале 182 граѓани.
Тој вчеравечер призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Силјановска-Давкова. Додаде дека не е задоволен од изборниот резултат.
Поразот на Јакимовски вчера беше главна тема на социјалните мрежи.
Стевчо Јакимовски ни комшиите не го гласале. Пошо да го гласаа ќе тепаше у прв круг.
— Ракун (@HumoroidM) April 24, 2024
Стевчо има повеќе квадрати во една општина свои отколку гласови
— БУГАРСКИ ПАСОШ🇲🇰 (@NemamBgPasos) April 24, 2024
И доктортот Нико Беќаровски за него објави хумористичен статус.
„Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“, напиша тој на „Фејсбук“.
Стевчо Јакимовски во првиот круг заврши последен по бројот на гласови на претседателските избори.
Македонија
Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро
На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија.
Тој соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, а беше познат и како крал на местенките во фудбалот.
Соработуваше со големи музички ѕвезди, како Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгоевиќ, „Бјело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена.
Своевремено има изјавено дека организирал 5.000 концерти и многубројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.