Контакт

Македонија

Заев и Сугарески го означија почетокот на изградбата на експресниот пат Дреново-Градско

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска присуствува на настан по повод почнувањето на новата фаза од градежните работи за изградба на експресниот пат Градско-Прилеп, на делницата Градско-Дреново. Изградбата на оваа делница е финансирана со средства на ИПА2-програмата за поддршка на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

„Граѓаните од Градско, Росоман, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Битола, Крушево, Кривогаштани и другите поголеми и помали населени места зедоа учество, директно учество, во инклузивните програми на владата. Се вклучија со нивните предлози и упорност да почне и да се заврши овој експресен пат како исклучително важна делница од Коридорот 10, но и исклучително важна патна артерија за двата региона за граѓаните и компаниите. Најважно за граѓаните е што овој експресен пат отвора нови можности за брз транспорт на луѓе и производи, како и непречено и лесно поврзување на идеите за нови иницијативи, нови проекти, нови контакти“, порача премиерот во своето обраќање.

Во своето обраќање пред присутните амбасадарот на ЕУ во Македонија, Семуел Жбогар, истакна дека трансевропската патна мрежа, која е столб на европскиот внатрешен пазар, добива форма. Амбасадорот потенцира дека со отворањето на делницата Демир Капија-Смоквица се комплетира и последната алка што недостигаше во Коридорот 10.

„Денеска се среќаваме за да започнеме со изградбата на експресниот пат, делницата Градско-Дреново. Експресниот пат во должина од 15,5 км е дел од кракот Д на Коридорот 10,“ соопшти амбасадорот Жбогар.
Амбасадорот Жбогар рече дека Коридорот 10 е најважната меѓународна рута што поминува низ Македонија и што го поврзува регионот со преостанатиот дел од Европа и ги поврзува сегашните и идните земји членки на ЕУ и изрази очекување дека овој експресен пат значително ќе придонесе кон поттикнување на економскиот раст.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, порача дека за граѓаните од Вардарскиот и Пелагонискиот Регион и за сите граѓани од Македонија денешниот ден е многу значаен. „На мое огромно задоволство започнуваме со еден од најкрупните капитални проекти. Изградбата на најзначајната патна артерија во регионот ќе даде нов стимул за економската моќ на регионот, а бенефитот директно ќе го почуствуваат околу 250 илјади граѓани што живеат во овој дел од Република Македонија “, порача министерот Сугарески. Во своето обраќање тој информира дека овој експресен пат од Градско до Прилеп, кој се гради во три фази, претставува вкупна инвестиција од 60 милиони евра, и ќе се гради според сите безбедносни и технички стандарди и се очекува да биде завршен во 2020 година.

Македонија

(Видео) Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Објавено пред

„Ова е град на непокорот, град од каде се раѓала и негувала македонската револуционерна мисла, град на идеали, вера, истрајност, еснафлук, култура, цивилизација. Од Св. Климент и Наум до Самоил, од Глигор Прличев до Петре Пирузе Мајски. Овде се создавала историја, затоа од овде секогаш почнуваме, поради славните охридски семејства и овој народ тука кој живеел славна историја, која до ден денес ни е патоказ како да ја чуваме и негуваме идејата во која веруваме, а идејата е Македонија!“, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ вечерва од Охрид.

dobivaj vesti na viber

„Народот доаѓа по своето. Доаѓа по тоа што му е одземено. Доаѓа по Македонија. Да си ја врати во свои раце и да ги отпочне големите промени на свеста, на начинот на живот, на вредностите, со кои ќе покажеме на сите дека можеме, дека знаеме, дека си ја сакаме државата, дека не ја даваме, и дека ние сите заедно, сме силата на Македонија.

Победата мора да е голема за да видат сите оние кои се прашуваат дали народот ќе дојде по своето, за да им докажеме и на најголемите скептици кои го потценуваат овој народ, дека Македонија и нејзините граѓани се горди и достоинствени и дека доаѓаат по своето, доаѓаат по својата единствена татковина Македонија. Доаѓаат да си ја земат државата во свои раце, затоа што лошо се живее, затоа што институциите се распаднати, затоа што државата е киднапирана од неколкумина од ДУИ и СДСМ и нема набавка или тендер кој не е злоупотребен, нема работник кој не е разочаран, нема пензионер кој не е загрижен, нема доктор и инженер кој не се прашува што бара тука, нема млад кој не е скептичен, и ретко човек кој не помислил дали да си оди од овде. Накусо нема надеж и сон кои не се уништени.

Но во нас мора да се роди повторно пркосот, не им ја даваме Македонија, не им ја даваме иднината, не им дозволуваме повеќе да си играат со нашите животи и да се коцкаат со животите на нашите деца.

Тргнавме и нема назад, доаѓа цунамито што ќе ги одвее од политичката сцена и ќе ги испрати во заборав на историјата. А историјата може само да ги забележи како лош период во кој заради нив се изгубила човечноста, се уништиле вредностите, се изгубил редот, се изгубила и понижила Македонија.

По ништо друго нема да ги памтиме. Ако ги слушате нив ќе помислите дека живееме во Елдорадо, и сите се среќни и богати, имаат изгубено контакт со реалноста.

Рекордери се во Европа по корупција и криминал, нема извештај што тоа не го потврдува, рекордери по сиромаштија и апатија, рекордери по инфлација, 600 илјади граѓани живеат со само 150 денари на ден, а македонската младина е најнесреќна во Европа. Граѓаните не си одат оттука, тие буквално бегаат од Македонија. И не само Македонците, сите, би рекол најмногу Албанците, затоа што и тие се разочарани од политиките на партијата која е рекордер по години на владеење во светот, ДУИ, и која истовремено на толку сторен криминал нема еден нивен член што е во затвор. Да не должам на темава да ви кажам. Ќе одговарате за се. Дебело ќе одговорате. Не е ова никаква закана. Ова е мое ветување, запаметете го добро. Ви повторувам, ќе одговарате за се што и направивте на Македонија.

Еден пријател Албанец со кого се знам долги години, сме семејни пријатели, ми вели некои имаат впечаток дека со ова што ВМРО-ДПМНЕ го напаѓа ДУИ му прави услуга на ДУИ и му го качува рејтингот. Јас му велам, не ги потценувај Албанците. Албанците се мудри и еснафи. Гледаат, знаат. И тие не се среќни во Македонија. И нивните деца и внуци си бегаат надвор. Сигурно не бегаат затоа што ДУИ добро владее. Напротив. Бегаат затоа што гледаат дека од ДУИ бел ден не можат да видат. Им пречи што се краде, а тие се секој ден се посиромашни, им пречи што Артан вози коли на фирми кои добиваат тендери по институциите, додека тие едвај врзуваат крај со крај, им пречи што нема учебници во училиштата затоа што фирма блиска до Артан зела тендер за печатење учебници и си поделиле пари, а книги нема. И на Албанците како и на Македонците им пречи што сите продукти во продавниците се поскапени до облаци. И имаме највисока инфлација во регионот. Од лидери во регионот станавме последна дупка овие 6 и половина години. Овие 6 и половина години се години на пропаст, и со право кај и да одиме луѓето, Македонците, Албанците, Турците, Србите, Ромите, Бошњаците, Власите, буквално сите граѓани ни велат дека немаме држава, веќе ја немаме Македонија онаква каква што ја сакаме.

Власта на ДУИ со нивните пудлици од врвот на СДСМ ја уништија Македонија. И сега е моментот. Или народот ќе си ја врати во свои раце или целосно ќе се изгуби. И ние како генерација мора да разбереме дека ова тешка задача историска ни е доверена на нас. Ни доаѓа во наше време.

Проблемите не ги одбираат луѓето ни времето во кое доаѓаат. Сега дошле. И наша е одговорноста да ги решаваме и да направиме подобро.

Да има раст и развој, да има соживот, да има среќен и задоволен народ.

Ветуваа живот – го уништија животот на илјадници луѓе, ветуваа Европа, не заглавија во корумпирана држава без пасоши, ветуваа просперитет и благосостојба донесоа апатија и разочарувања.

Од толку многу скандали кои некогаш се и по два три дневно, не можеме веќе и да се сетиме на сите не може да се сетиме на сите глупости што ги направија, но ако не може да се сетиме не значи дека чувството на разочараност не напуштило или дека гневот што ја урнисаа државата ќе ни помине“, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сања Лукаревска во Крива Паланка: Само кога СДСМ победува, победници се и државата и граѓаните

Објавено пред

Важноста на овие избори не е во тоа дали ќе ги задржиме нашите позиции туку да ја сочуваме државата, нејзината стабилна и предвидлива иднина. СДСМ е силна, голема, моќна партија која поминала низ бројни премрежја од кои излегувала посилна. Не смееме да заборавиме низ што поминавме, и ние и нашата држава. Не смееме да ги заборавиме оние мачни години, години на прислушување, на закани, на молк, на навреди, рече носителката на третата изборна единица Сања Лукаревска, вечерва во Крива Паланка.

dobivaj vesti na viber

– Победивме заедно со народот, со слободољубивите граѓани, го исполнивме нашето најголемо ветување-живот во слобода. Сега ви ветуваме иднина, предвидлива, спокојна, европска. Затоа, клучно е СДСМ да победи на изборите. Сите добро знаете дека не претерувам кога велам дека само кога СДСМ победува, победници се и државата и граѓаните, рече Лукаревска.

Таа истакна дека во времето на кризи ниту еден граѓанин не беше заборавен.

„Се грижевме за сите граѓани, да им останат работните места, да добијат помош оние кои работат во приватниот сектор, непречено да тече исплатата на пензиите, социјалната помош, помошта за најранливите. Не ги заборавивме ниту земјоделците, ниту сточарите. За нас проблемите се предизвик. И тука сме. Се бориме со проблемите, не ги сокриваме, не ги подметнуваме кај друг. И затоа ќе победиме. Сите ќе победиме.

Знам дека Крива Паланка и на 24 април и на 8 мај ќе го направи најдобриот избор- Стево Пендаровски и Социјал демократскиот сојуз на Македонија. Ви ветувам дека заедно ќе ја прославиме победата. Тоа е победа на граѓаните, победа на Европска Македонија. Нема откажување од иднината, таму е нашата заедничка победа“, рече носителката на третата изборна единица, Сања Лукаревска.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Филипче од Гевгелија: Како пратеник ќе останам достапен за грижите, но и за идеите на граѓаните

Објавено пред

Дочекан со аплаузи и овации, носителот на листа на Изборна единица 4, д-р Венко Филипче го отвори централниот караван за парламентарните избори на СДСМ и Коалицијата за европска иднина кој попладнево започна во Демир Капија и Гевгелија.

dobivaj vesti na viber

Во своето вечерно обраќање во Гевгелија д-р Филипче говореше за своите лични заложби како пратеник во Собранието и вети дека како претставник на граѓаните во идното Собрание ќе остане достапен за нив, за нивните грижи, маки, но и идеи и предлози.

„Јас како лекар и неврохируг знам колку е важно да им бидеш достапен на граѓаните кога им треба. А така треба да биде и во политиката. Контактот со граѓаните и грижата за нивните проблеми не смее да заврши на денот кога ќе завршат изборите“, рече Филипче.

Тој додаде и дека како лекар не прави разлика меѓу луѓето од различна етничка, религиозна или политичка припадност, а така ќе се однесува и во политиката. „Бидејќи пред сè сме луѓе, па потоа сè друго“, потенцираше д-р Филипче.

Тој пред присутните граѓани и симпатизери се осврна и на сработеното во последните 7 години и рече дека политиките кои ги водеше СДСМ се дефиниција за лидерство и патриотизам.

„Го вложивме секој денар за да ги поддржиме семејствата и компаниите во економската криза. Го вложивме секој атом енергија да ги лечиме и спасуваме луѓето во Ковид кризата. Ги донесовме сите мерки да ги намалиме трошоците на родителите да имаат повеќе за своите деца. Ние со дигната глава можеме да кажеме дека СДСМ водеше исправни политики во интерес на сите граѓани во услови на светска дестабилизација. Тоа е дефиниција за лидерство и патриотизам.“, порача Филипче.

На крајот од своето обраќање носителот на Изборна единица 4 Венко Филипче истакна и дека СДСМ има чесна понуда и нуди јасна визија за иднината во која Македонија економски расте во Европската унија и иднина во која оние кои заминаа ќе сакаат да се вратат во оваа држава која ќе нуди еднакви услови како развиените земји.

„На сите оние кои можеби решиле да се пасивизираат или се незадоволни. Сега е време за размислување со ладна глава, бидејќи одлуките денес имаат големи последици на иднината. СДСМ е партијата која секогаш е на вистинската страна на историјата, која и кога греши не скршнува од вистинскиот пат. Затоа повикувам на масовно обединување кое значи само подобра иднина и сигурен пат напред. А јас, Венко Филипче, лично ветувам дека во мене секогаш ќе имате партнер и другар а мојата врата ќе биде отворена за сите“, заклучи Филипче.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

(Видео) Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

„Ова е град на непокорот, град од каде се раѓала и негувала македонската револуционерна мисла, град на идеали, вера, истрајност,...

Македонија2 часа

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...

Македонија5 часа

Министерството за здравство за приватните специјализанти: Решение ќе има после изборите

„Министерството за здравство секогаш се залага за подобрување на условите за работа на здравствените работници и соработници, кои меѓу нив...

Македонија9 часа

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Ние водиме позитивна кампања, кампања на проекти, кампања на надеж, кампања која ќе ја врати довербата во институциите по шест...

Македонија9 часа

(Видео) „Нема откажување од иднината“ – СДСМ и коалицијата „За европска иднина“ го означија почетокот на кампањата за парламентарните избори

Со настан во Музејот на современа уметност, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Kоалицијата за европска иднина, го означија почетокот на...

Македонија10 часа

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не им биде исплатена платата за март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија10 часа

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова претставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова претставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...

Македонија10 часа

ДУИ симулира седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието, а Османи на државата

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се...

Македонија13 часа

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Свет14 часа

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...

Свет14 часа

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Украинскиот премиер изјави за Би-Би-Си дека ќе има трета светска војна доколку Украина ја загуби војната со Русија, апелирајќи до...

Македонија1 ден

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Народот знае дека гласот за Стево е глас за ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби. Гласот за Стево е глас...

Топ1 ден

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид. Од МВР информираа дека инцидентот...

Македонија1 ден

Арсовска: Министерката за култура успеа самата себеси да се побие и не одговори на ниедно прашање

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска успеа самата да се побие и не одговори на ниту едно прашање коешто беше поставено,...

Топ1 ден

Кривична против Курто Дудуш: за директори на градинка именувал лица што не биле вработени таму

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 49-годишниот К. Д., градоначалник на скопска општина...

Македонија1 ден

„Два месеца нема плата за вработените, а пред избори се примаат работници“ – „Национални шуми“ на протест

Триесет подружници се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“ со цел да го изразат незадоволството оти втор месец немаат добиено...

Македонија1 ден

Со Арсовска ќе се видиме на суд да објасни како јас сум знаела, а не сум пријавила пожар во Универзалната сала, најави министерката за култура

За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчерашните обвинувања од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се лаги, скандалозни тврдења и обид...

Македонија1 ден

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како...

Македонија1 ден

Училиштата не може да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите: набавките за униформи за учениците, за фотографирање и за ужина се нетранспарентни

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките што се финансираат со пари...

Регион2 дена

По високите температури, Србија во снег: мештаните шокирани

Силниот дожд во утринските часови на територијата на западна Србија прерасна во лапавица и снег, а на Златибор веќе е...