Македонија
Заев – Куик: Нашето економско партнерство ќе создаде бенефити и приходи, особено за младите
Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот задолжен за дијаспората Едмонд Адеми, и заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, денеска се сретна со заменик-министерот за надворешни работи на Грција, задолжен за грчката дијаспора, Теренс Николаос Куик, кој е во дводневна работна посета на нашата земја.
„Со мојот пријател, грчкиот премиер Алексис Ципрас, покажавме дека пред нас стојат отворени можности за соработка и дека заедничките интереси можеме да ги искористиме за позитивна соработка, да ги надоместиме изгубените години. Со нашата заедничка политичка волја покажуваме и веќе чувствуваме дека е возможна одлична економска и трговска соработка меѓу нашите пријателски земји, како и соработка во областа на туризмот, образованието, културата и спортот“, рече премиерот Заев на средбата со грчката делегација.
Исто така, на средбата беше потенцирана и важноста на акцискиот план, кој беше потпишан од страна на премиерите Заев и Ципрас при неодамнешната посета на делегацијата на грчката влада на нашата земја, со кој се регулираат сите активности што опфаќаат договори за унапредување на заедничката соработка во одбраната, енергетиката, транспортот, земјоделството, здравството, како и асистенција на Грција во процесот на нашето зачленување во Европската Унија.
„Беа разменети мислења и беше изразена безрезервна поддршка за засилување на економското партнерство со цел да се создадат услови за отворање нови работни места, особено за младата генерација. Беше изразена волја, плодовите од изразеното искрено пријателство од двете страни да биде искористено за зближување на двата народа за заеднички раст и развој како пример за соработка на две соседни земји во целиот регион“, соопштија од Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале
Во 14 часот е пријавено дека на избирачко место во Штип М.Ш. (23) го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок, соопшти МВР.
Полициски службеници од СВР Штип го привеле Г.Ј. (34) од с. Тработивиште затоа што го фотографирал гласачкото ливче. Според полицијата по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
„Во 15.30 часот е пријавено дека на избирачко место бр. 1680 во с. Сопот Р.А. од с. Сопот го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.
Во 15.40 часот е пријавено дека на избирачко место бр. 2880 во Скопје Р.Х. (72) го скинал гласачкото ливче. Р.Х. е приведен и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Во 15.50 часот е пријавено дека во избирачкото место бр.2783 во Скопје Б. С. (48) го скинала гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок“, информираат од МВР.
Македонија
Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија
Народот одлучува за иднината на Македонија, порача кандидатот за претседател, Максим Димитриевски по гласањето.
„Jас го остварив своето право и гласав. Народот одлучува за иднината на Македонија! Посакувам демократски избори и можност граѓаните самостојно да одлучат!“, рече Димитриевски, споделувајќи фотографии од гласањето.
Македонија
Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт
Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот круг од претседателските избори.
„Јас никогаш не агитирам за себе, граѓаните знаат за кого да гласаат, знаат да си го искористат избирачкото право. Генерации гинеле за негово користење! Споредете и направете го вистинскиот избор!“, додаде таа.