Македонија
Заев на нови преговoри за мнозинство, одложена седницата
По одложувањето на седницата за уставни промени во 15 часот, јасно е дека премиерот Заев сè уште не успеал да го обезбеди потребното 2/3 мнозинство. Од Собранието не образложија зошто седницата се одлага.
Но, според извори на „Макфакс“, сè уште спорат осумте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои не се согласуваат со барањата на Беса на Касами. Инаку, Заев од утринава имал две координативни средби со нив, но засега нема информации за исходот од нив. До почетокот на седницата Зоран Заев ќе одржи нова средба со Биљал Касами, по неуспешните преговори од денешната средба на пладне.
Според собраниски избори, Касами не отстапувал од барањето за државјанство да биде вметнато во уставните измени. Неизвесно е дали Касами ќе попушти и како ќе се испеглаат ставовите, затоа што ако не се најде компромис, неизвесен ќе биде гласот на одметнатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.
75-тата собраниска седница на чии денвен ред се четирите амандмани и нивна дискусија, наместо во 13 часот, ќе почне во 15 часот.
Утринава Заев изјави дека не ја знае бројката на пратеници кои би гласале за промените во Уставот. Според него, барањата на Беса за вметнување на другите народи во преамбулата на Уставот се принципиелни. Заев посочи дека ако нема 80 пратеници, ќе свика состанок на Централниот одбор на СДСМ, а таму некој ќе треба да сносни одговорност.
На прашањето дали осумте пратеници го поддржуваат барањето на Беса, премиерот Заев не одговори конкретно. Во однос на изјавата од Касами дека ако Владата не ги прифати барањата на Беса, нивните двајца пратеници нема да гласаат за уставни промени, Заев вели дека е оптимист за изнаоѓање решение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има распоредено сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес.
„Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес. Денот е убав, се надевам дека граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори. Покриени се сите сектори за внатрешни работи со технички услови. Се постапува според утврдените насоки од изборниот штаб“, додаде Тошковски.
Тошковски смета дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Македонија
Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Владата го прогласи денот на изборите за неработен.
Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со државјанство на Северна Македонија.
Во посебен избирачки список запишани се 2.147 лица кои издржуваат затворска казна или притвор.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.