Контакт

Македонија

(Видео) Заев на свечена академија по повод 12 години Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев присуствуваше и се обрати на свечената академија по повод 12 години од основањето на Универзитетот „Гоце Делчев“, што се одржа во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип.

dobivaj vesti na viber

Пред своето обраќање кон присутните студенти, академици, ректори, проректори, декани, професори од другите приватни и државни универзитети, претставници на државни институции и граѓанскиот сектор, премиерот Заев ги разгледа штандовите на факултетите на УГД Штип, поставени пред Центарот за култура, заедно со ректорот Блажо Боев и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски. Во своето обраќање, премиерот Заев ги истакна определбата и заложбите на Владата за јакнење на квалитетот и подобрување на материјалната поддршка на високото образование и науката.

Во продолжение, ви го пренесуваме во целост обраќањето на премиерот Заев:
„Посебно е чувството да се биде на ова место и да се прослави денот 27 март, кога во 2007 година е донесена одлуката за основање на државниот Универзитет ’Гоце Делчев’.
Од повеќе причини, од кои најважната е дека со оваа свечена академија му оддаваме почит на знаењето што е собрано на овој универзитет и кое секоја година се пренесува на нова генерација запишани студенти. Другата, емотивната причина што сакам тука да ја нагласам е што универзитетот во Штип не само што го носи името на Гоце Делчев, туку и што ректоратот на оваа високообразовна институција е во зградата каде што своевремено учителствуваше токму Гоце Делчев, апостолот на нашето национално движење.

Тоа е посебна чест и инспирација за академската заедница и студентите на универзитетот, како и за граѓаните на Штип и целиот овој источен наш регион. Она што е интересно е што и тогаш, како и денес зборуваме за време на динамични промени. Токму тие, брзи – а понекогаш и изненадувачки промени што се случуваат во светот, ја нагласуваат важноста на висококвалитетното високо образование во нашата земја. Tоа по ништо не се разликува и од улогата на универзитетите во целиот свет.

Во услови на постојани и динамични промени, од универзитетите се очекува да бидат активни, креативни, отворени, непристрасни и да ја преземаат улогата на вистински пионери за разбирање и создавање  знаење и вештини за генерациите што доаѓаат и што треба да го заземат своето место во светот на интензивни промени и во општества засновани на знаење.
На тој начин, автентичните универзитети го остваруваат нивниот придонес во она што значи јавен интерес, а продукцијата на знаење и вештини што студентите и општеството го добиваат од овие врутоци на знаење е – јавното добро.Во современа смисла на концептот за универзитетите во општества засновани на знаење, знаењето, се разбира, е многу повеќе од акумулација на факти. Во таа насока знаењето е секогаш рака под рака со способноста да се промислува и анализира, да се собираат нови информации соодветни на конкретни прашања, да се утврди колку се сигурни изворите на знаењето и потоа тоа знаење да се комуницира ефикасно со оние кои од него ќе ги добијат неопходните придобивки.

Оттаму произлегува и важноста да се покаже соодветен одговор и на барањата на бизнис-заедницата кога се нагласува важноста на образовните стратегии да ги препознаат потребите од различни перспективи. Затоа денес знаењето е отворено и затоа дипломираните студенти учат и во текот дури и на нивните работни кариери. Успехот во кариерата зависи од креативната адаптација на променливите услови и од стекнатите знаења. Ова упатува на тоа дека студентите за време на универзитетското образование се стекнале со вештина да размислуваат критички и ефективно и да ги изразат своите мисли, соодветно на духот на времето во коешто живееме и опстојуваме. Во таа насока, почетокот на универзитетските студии, во извесна смисла, за сите нови студенти е патување низ светот на знаењата. Почнуваат да учат нови работи, да ги отвораат умовите за нови идеи, да стануваат независни и да се развиваат како личности.

Се отвораат нови хоризонти, студентите откриваат нови области и информации, а образованието достигнува нови длабочини.Не е занемарлив ниту фактот дека тоа патување може и треба да биде и забавно. И тоа е дел од животот на универзитетот. На универзитетските кампуси се создаваат нови пријателства. Некои од нив остануваат трајни. Се нудат можности за вклучување во различни активности. Само на Универзитетот „Гоце Делчев“ во изминатите 12 години студирале нешто повеќе од 30 илјади студенти.

Студентските години може да бидат најдобрите времиња од животот кога стекнатото знаење и вештини се поврзани со нови пријателства и со спомени на кои со задоволство се навраќаме низ целиот наш живот.Кога нашите студенти дипломираат, освен со лични придобивки, тие стануваат и архитекти на иднината, претходници на промените за добро на заедницата.
На Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип се едуцираат студенти за да учествуваат во промените на нашата земја и светот во општо. За промени на подобро, за промени подобри за сите нас.

Иако зборуваме за сообразување на универзитетите со динамичните општествени промени во земјата и во светот, она што е константа е Автономниот статус на универзитетите и слободата на истражување како клучни принципи кои мора да се поддржуваат. Високата доверба во подготвеноста и способноста на универзитетите да постигнат најдобри можни истражувања и образовни програми соодветни на времето, е очекувано и многу важно.

Во таа насока, Владата останува на определбите за јакнење на квалитетот на високото образование преку дополнително подобрување на акредитацијата и евалуацијата на високото образование, како и со заложбите за подобрување на материјалната поддршка на високото образование и науката.Како една од клучните насоки за сообразеност на универзитетското образование е внимателното слушање на пулсот на промените за развивање на соработката помеѓу институциите за високо образование, приватниот сектор и релевантните јавни институции.Посебно место има охрабрувањето на вмрежувањето со странските универзитети за трансфер на знаења, особено во делот на европскиот образовен и научен простор.

Живееме во време кога знаењата се исклучително важни за нашите општества и економии, во свет на брзорастечки капитал и во ера на револуционерни комуникациски технологии, сериозен технолошки развој, но и време на четвртата индустриска револуција.Знаењето сè почесто ги заменува другите ресурси како главен двигател на економскиот раст, а образованието станува основа за индивидуален просперитет и социјална мобилност. Оттаму, со овие констатации за универзитетот како средишен центар на знаењето и на вештините за управување со знаењето, ви ја честитам годишнината и ви посакувам на сите, на професорите и на студентите, и на сите вработени во Универзитетот ’Гоце Делчев’ успешни идни години како академска средина која секогаш ќе се стреми да ги проширува академските хоризонти”, рече Заев.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Сервисни информации

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Објавено пред

Времето денеска ќе биде, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.

dobivaj vesti na viber

Локално, врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.

Прикажи повеќе...

Скопје

Осум скопски општини денеска без струја

Објавено пред

Според добиеното известување од ЕВН Македонија АД, Регионалниот центар за управување со кризи-Град Скопје, информира дека, поради планирани технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат неколку скопски општини.

dobivaj vesti na viber

· Во периодот од 08:30 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Максим Горки, реон Дом на градежници (општина Центар).

· Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, поголемиот дел од потрошувачите на ул.Ринхини.(општина Ѓорче Петров)

· Во периодот од 09:00 до 10:30 часот, корисниците од с.Визбегово, дел од с.Мирковци, Бразда, Глуво, Чардак, Оризари.(општините Бутел, Шуто Оризари и Чучер Сандево)

· Во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул.Кавалска.(општина Кисела Вода)

· Во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на пат за Долно Лисиче, од Кодакопласт, кон Паци Петрол до реката, од Св.Петар и Павле по патот кон Долно Лисиче.(Аеродром)

· Во периодот од 09:00 до 10:00 часот, корисниците од дел од ул. 4031, село Марино.(општина Илинден)

· Во периодот од 09:00 до 13:00 часот, корисниците на дел од бул.Борис Трајковски (од Техноскоп до кружниот тек пред Драчево).(општина Кисела Вода)

· Во периодот од 10:30 до 12:00 часот, корисниците од с.Сандево, Бањане, Горњане, Дел од с.Мирковци.(општина Чучер Сандево)

· Во периодот од 13:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Исаија Мажовски и Воин Драшкоци.(општина Ѓорче Петров)

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Објавено пред

Денеска ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат на ЗНАМ, Максим Димитриевски. Иако е јасно дека не влегува во вториот круг, Димитриевски првиот круг од изборите го смета за голем успех.

dobivaj vesti na viber

„Можам да потврдам дека се роди третата политичка сила во македонскиот политички блок во државата која што имаме намера во следниот период дополнително да ја потврдиме и надградиме, со цел еден ден граѓаните да имаат можност да изберат нешто ново“, рече Димитриевски.

На противкандидатите им честиташе за успехот и се заблагодари на можноста да води кампања за која рече дека не била еднаква за сите оти законот кој е во сила не дава еднаква можност за медиумско претставување на сите партии.

Рече дека е горд на секој глас што го добиле како партија регистрирана пред само три месеци.

„Факт е дека јас како кандидат и ЗНАМ освоивме повеќе од 80.000 гласови. Регистриравме субјект кој постои нешто повеќе од три месеци и со граѓанската поддршка се етаблираше на трето место во политичкиот блок. Сметам дека тоа е одличен појдовен резултат за понатамошна борба. Јас не се сеќавам дека во историјата на плурална Македонија имало вакви примери, да имате партија со некаде три и пол илјади членови, а да освоите над 80.000 гласови. Искрено сум горд на секој тој еден глас што дојде, како поддршка за мене и ЗНАМ. И покрај тоа што трендовите се тие, десницата добива, а левицата губи, единствено десницата доживеа пораз во бастионот на асномска Македонија, а тоа е Куманово“, рече Димитриевски.

Порача на сите политичари дека треба да учат од овие избори оти граѓаните дале јасна насока каде сакаат да се движи државата, а посебна порака упати до Стево Пендаровски, кој освои повеќе 100.000 гласови помалку од Гордана Сиљановска-Давкова.

„Почитуван мој претседателе, разликата е огромна. Доколку сакате да опстане централната и левата идеја во државата, откажете се од оваа битка и оставете не да победиме во име на граѓаните во вториот круг“, порача Димитриевски.

Кога ќе завршат парламентарните избори, Димитриевски е уверен дека ЗНАМ ќе биде политички фактор за стабилност во државата без кој нема да може да се формира идната влада. Најави дека кога ќе ги почнат преговорите за формирање парламентарно мнозинство, на сите политички партии ќе им ги испорачаат нивните предлози за црвените линии на македонскиот народ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија9 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија10 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија10 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија10 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија11 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија12 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија13 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија13 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија13 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија13 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија14 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија14 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија14 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...

Македонија14 часа

(Видео) Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека...

Македонија15 часа

Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот

Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Како што...

Македонија15 часа

Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто....

Македонија16 часа

Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати

Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки...

Македонија18 часа

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на...

Македонија20 часа

Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач

Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип....