Македонија
Заев не чувствува одговорност за ширењето на вирусот, за него – Филипче и Караџовски се херои
Премерот Зоран Заев не чувствува одговорност за широката распространетост на вирусот, а за министерот Венко Филипче и за здравствените работници вели дека се херои.
Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, вели: „За што да понесам одговорност, дајте ми факти“.
Заев посочи дека ако се донеселе порано мерките, тоа ќе било предвреме и ќе имало штета врз економијата, иако немало калкулации кога е во прашање здравјето.
„Кажете слободно ако ја барате мојата оставка. Нашиот здравствен персонал и сите здравствени експерти прават сѐ што е возможно и тоа што се очекувало од нив. И, апсолутно, не треба никој од здравствен аспект да понесе каква било одговорност. Тоа се нашите херои. Сите. Од министерот за здравство, до заменикот, до последниот здравствен работник. Или администрација што помага. Навистина спремаме ордени и јас ќе ги делам. Тука не гледам никаква одговорност. Ако мислите дека на овој начин барањето одговорност ќе ја промени одлуката, не. Во согласност со пресекот на неделно или двонеделно ниво се носат одлуките. Секогаш се носат мерки што се соодветни на состојбата, во согласност со анализите. Тоа е причината. Нема економски калкулации поради економските аспекти. Државата е стабилна и ликвидна финансиски. Не треба да носите предвремени мерки и да ѝ правите штета на економијата. Не мислам дека треба ниту јас да понесам одговорност бидејќи ние, за разлика од вас, сметаме дека треба да има позитивни вести. Апсолутно не чувствуваме никаква причина да понесеме одговорност. Ако има една причина каде што нешто лошо сме направиле, освен чувството дека некој треба да прави харакири? Некој да направи што и да било поради мачнотијата? Никој нема предрасуди, ниту резерви“, рече Заев.
Епидемиологот Караџовски им постави контра прашање на новинарите: „Зошто не се побара одговорност од Борис Џонсон, од Меркел? Италијанскиот премиер?“, кога го прашаа дали некој ќе понесе одговорност за широката распространетост на коронавирусот.
„Имаа по 100 илјади случаи, луѓе умираа во ходниците. Кога ние се справуваме со пандемијата, зошто не кажавме дека добро се справуваме со неа? Ми се чини дека тенденциозните работи, дека некој нешто не презел, веројатно алудирате на Комисијата дека не презела. Комисијата ги анализира податоците. Министерот е известен. Ако ме прашувате дали министерот Филипче во делот на неинформираноста на Владата – не. Вашата телевизија во недела напладне ми испрати пораки: „Дали Комисијата одржала седница, дали нешто се планира?“ Бидете сигурни, не вам, туку никому нема да му одговорам во недела дали нешто се планира кога не сме одржале состанок. Не можам да видам што се планира, кои се парите на маса. Во понеделник ги анализираме состојбите. Не можам да се претворам во дневен информатор на телевизиите или медиуми. Како министерот и премиерот, и јас сум тука“, рече Караџовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ
Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората во Берлин на Коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ).
Меџити од овој собир на дијаспората и се обрати со зборови каде им ја даде убавата вест дека на 8 мај пристигнува победата, но и за вредноста на учеството на дијаспората во овие избори кои многу добро знаат да казнуваат режими и тие кои го мразат Курти и Косово.
„Првите политички движења се отпочнати од дијаспората, како за совладување на Југославија, така и за независноста на Косово, а токму од ова дијаспора ќе пристигне и казната за ДУИ која се спротиставува на Косово и кокетира со Вучиќ”.
Тој, исто така, додаде дека сега е историскиот момент за промени во албанската политичка сцена после децении, со обединетата опозиција и со Самоопределување.
Македонија
Во Скопје санкционирани 179 возачи
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи
Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.
Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.
Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.