Македонија
Заев од Гевгелија: Новата економска визија обезбедува уште повеќе пари назад кај граѓаните и компаниите
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во Гевгелија зборуваше за новата економска визија за развој на државата по надминување на кризата и ги претстави плановите пред гевгеличани за развој на нова македонска економија која, како што кажа, ќе продуцира нови работни места, повисоки плати, повисоки пензии и подобар животен стандард за сите.
„Во Гевгелија 357 фирми добија од државата директна помош за плати 14,500 денари и супституција за придонесите за плати. 56 компании добија бескаматни кредити од Развојната банка, а 5400 граѓани досега добиле државна платежна картичка. Сé се тоа ваши пари пуштени назад. На времето одеа во споменици, во музеи и во жални врби. Има компании кои зборуваат и во гевгелиско-валандовскиот и во струмичкиот и насекаде дека прв пат добиле нешто од државата, добиле пари и поддршка. 70 милиони евра го помогнавме стопанството само од буџетот. Отворивме 64 илјади нови, конкретни, реални работни места. А ќе продолжиме уште повеќе, уште подобро“, посочи Заев.
Воедно тој додаде дека во следниот четиригодишен мандат вкупно 600 милиони евра ќе насочат кон домашните компании и странските директни инвестиции, 300 милиони ќе бидат директна буџетска поддршка, а 300 милиони евра од европските фондови.
„Следува четврт пакет на мерки за поддршка во кој сите пензионери со пензија под 15,000 денари ќе добијат државна платежна картичка и ваучер. Сите невработени, пасивни баратели на работа ќе добијат следен пакет на државна платежна картичка, сите неевидентирани невработени, најсиромашните граѓани ќе добијат државна платежна картичка за да ги потрошат парите, да решат некој проблем дома но и да поддржат и туризам и угостителство и да купуваат домашни производи и услуги“, додаде Заев.
На крајот од своето обраќање тој ги повика гевгеличани да излезат на изборите кои ќе бидат безбедни по здравјето и да заокружат 3 за СДСМ и коалицијата „Можеме“ .
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови
Наставата во учебната 2023/2024 година ќе се реализира целосно како што предвидуваат плановите за организација на работата на основните и средните училишта. Иако гласањето во рамки на првиот и вториот изборен круг е закажано во работни денови, учениците нема да изгубат од наставата и да пропуштат дел од наставниот материјал, велат од МОН.
Министерството за образование и наука информира дека 23 април и 7 мај, односно деновите пред гласањето ќе бидат работни за сите училишта. При тоа, во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес, наставата ќе се реализира од 7:00 до 11:00 часот, со скратени наставни часови за сите одделенија, односно класови. Во останатите училишта каде не се спроведува гласање, наставата се реализира вообичаено и согласно предвидениот дневен распоред.
Потсетуваат дека наставната година за учениците од средните училишта трае до 10 јуни, додека за учениците од основните училишта до 17 јуни.
Македонија
Мицкоски: Во програмата „Платформа 1198“ предвидени се повеќе од 2 милијарди евра во инфраструктура, 250 милиони евра годишно кон општините, завршување на автопатот Кичево – Охрид
„Повеќе од 2 милијарди евра се планирани да се инвестираат во инфраструктурата. Тука е оној проект кој е многу значаен, а тоа се реалоцирање средства од буџетот кон општините во вредност од 250 милиони евра годишно или за еден четиригодишен мандат тоа би било точно 1 милијарда евра“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешниот увид на градежни активности во поранешната касарна во Охрид.
„Ги повикувам општините, не само онаму каде имаме градоначалници кои доаѓаат од редот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата туку и оние општини каде има градоначалници од СДСМ, ДУИ, Алијанса на Албанците, БЕСА, но и независни градоначалници да прават проекти бидејќи првиот оглас откако ребалансот на буџетот ќе се случи во јули месец, првиот оглас ќе биде објавен некаде есента септември, за да може да аплицираат за проекти кои ќе бидат важни за граѓаните“, порача Мицкоски.
Тој истакна дека нема да бидат влада само онаму каде има градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, туку влада за сите граѓани.
„Амбицијата ни е во еден момент да се работи на минимум 500 точки, 500 локации на територијата на цела Македонија со што ќе бидат задоволени потребите на граѓаните. Ние нема да бидеме влада само онаму каде има градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, туку сакаме да бидеме влада за сите граѓани и да покажеме дека не се сите политичари исти, да покажеме дека немаме намера да ги делиме граѓаните како тоа што правеше сегашната влада“, вели Мицкоски.
Додаде дека еден од приоритетите е конечното завршување на автопатот Кичево – Охрид.
„Исто така тука се еден од приоритетите и конечно завршување на автопатот Кичево – Охрид. Рековме според нашата анализа тоа би било некаде околу 2026 година, втората половина на 2026 година. Реализација на тековните автопати Тетово – Гостивар, Прилеп – Битола. Многу други проекти поврзани со локалната инфраструктура, железничката инфраструктура, возови, вагони итн., нешто што е дел од програмата „Платформа 1198“, посочи Мицкоски.
Порљача граѓаните детално да ја прочитаат „Платформа 1198“ бидејќи има детално за секого по нешто.
„Цениме дека сето тоа што е таму содржано е возможно да се реализира и ќе го реализираме. Чуда не ветувавме, ние не сме чудотворци, чуда се невозможни, сите оние кои ветуваат чуда не ја говорат вистината. Ве молам прочитајте ја програмата „Платформа 1198“ и ќе го најдете патот како Македонија ќе се развива и ќе биде повторно горда и Македонија ќе биде повторно твоја“, дециден е Мицкоски.
Македонија
Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања
Ние водиме позитивна кампања, кампања на проекти, кампања на надеж, кампања која ќе ја врати довербата во институциите по шест и половина години многу криминал грабеж на институциите на Македонија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој денеска е во Охрид, а коментирајќи каква кампања ќе води партијата и каква кампања очекува воопшто.
Мицкоски рече дека идејата е да се води кампања со која ќе им се врати надежта на граѓаните.
„Малкумина се граѓани од прв ред, тука пред се мислам на неколкумина од ДУИ и малкумина измеќари од раководството СДСМ, сите други имаат чувство дека се граѓани од втор ред“, вели Мицкоски.
Според Мицкоски тоа е работа која мора да се смени во наредниот период.
„Тоа мора да се смени и по 8 мај да има и одговорност. Желни сме да го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија“, кажа Мицкоски.