Македонија
(Видео) Заев: Постигнавме достоинствено решение за името – Република Северна Македонија
Република Северна Македонија (Republic of North Macedonia, на англиски) е името за севкупна употреба кое го договориле премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас. Премиерот Заев на прес-конференција заедно со членовите на Владат, информираше дека е постигнато достоинствено и историско решение за името – Република Северна Македонија со превод на сите јазици, за севкупна употреба, кое ќе се прецизира со амандман во Уставот.
„Националноста е македонска/ граѓани на Република Северна Македонија. Со решението го јакнеме идентитетот македонски. Македонскиот јазик и народ ќе бидат заштитени и зајакнати еднаш и засекогаш. Нема веќе ФИРОМ, нема веќе договори во кои се избегнува македонскиот јазик. Свои сме на своето и коченчно тоа е признато од сите наши соседи. Ќе се зајакне културниот идентитет, нашата придобивка е огромна, ветува стабилна и проперитетна иднина на нашите граѓани“, рече Заев.
Договорот ќе биде презентиран пред сите релеватни фактори во државата.По ратификацијата на договорот во Грција ќе испрати писмо до Генералниот секретар на НАТО со кој ќе го извести дека нема спор и дека нема пречка за да добиеме покана за НАТО. Писмо ќе биде испратено и до Европскиот совет, со цел да се добие датум за почеток на преговорите со ЕУ. Ако Грција не го ратификува договорот, постапката за преговорите се враќа од почеток.
Заев вели дека во договорот е предвидено наесен да има референдум и граѓаните да се изјаснат околу предлогот за името.
„Се осмеливме затоа што не ни беше сеедно, не сакаме порази, туку победи. Се определивме за иднина, за тоа имаме успех, имаме историско вековно решение. Решавајќи го спорот градиме пријателство меѓу двете земји и двата народи кое никогаш не било поголемо. Во нашите раце е клучот за европската перспектива во задницата на европските народи, за заштита на идентитетот и иднината на македонските граѓани. Решаваме спор за да ја извлечеме земјата од стегите на изолација“, рече Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале
Во 14 часот е пријавено дека на избирачко место во Штип М.Ш. (23) го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок, соопшти МВР.
Полициски службеници од СВР Штип го привеле Г.Ј. (34) од с. Тработивиште затоа што го фотографирал гласачкото ливче. Според полицијата по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
„Во 15.30 часот е пријавено дека на избирачко место бр. 1680 во с. Сопот Р.А. од с. Сопот го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.
Во 15.40 часот е пријавено дека на избирачко место бр. 2880 во Скопје Р.Х. (72) го скинал гласачкото ливче. Р.Х. е приведен и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Во 15.50 часот е пријавено дека во избирачкото место бр.2783 во Скопје Б. С. (48) го скинала гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок“, информираат од МВР.
Македонија
Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија
Народот одлучува за иднината на Македонија, порача кандидатот за претседател, Максим Димитриевски по гласањето.
„Jас го остварив своето право и гласав. Народот одлучува за иднината на Македонија! Посакувам демократски избори и можност граѓаните самостојно да одлучат!“, рече Димитриевски, споделувајќи фотографии од гласањето.
Македонија
Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт
Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот круг од претседателските избори.
„Јас никогаш не агитирам за себе, граѓаните знаат за кого да гласаат, знаат да си го искористат избирачкото право. Генерации гинеле за негово користење! Споредете и направете го вистинскиот избор!“, додаде таа.