Македонија
Заев по казната за Најчевска: И јас платив за фрлањето боја, ќе го разгледаме ова прашање
По изрекувањето глоба од 200 евра од страна на МВР на професорката Мирјана Најчевска за фрлање боја на објекти во државна сопственост за време на шарената револуција, премиерот Зоран Заев преку социјалните мрежи тврди дека претставници на извршната власт ќе го разгледаат прашањето со прекршочните казни и ќе разговараат со засегнатите граѓани за можни решенија, со цел да се зачува честа на граѓанскиот активизам. Тој вели дека казна за фрлање боја платил и тој.
„Претставници на извршната власт ќе го разгледаат прашањето со прекршочните казни од шарената револуција и ќе разговараат со засегнатите граѓани за можни решенија со целосно почитување на судската власт, но и почитување на демократските принципи и интегритетот на граѓаните. Прекршоците со фрлањето боја во времето на протестното движење ги правевме свесно знаејќи ја цената на казната, но со повисока цел – слобода и ослободување на институциите. Слична казна за фрлање боја веќе платив и јас лично. Ќе разговараме со граѓаните за решенија што ќе ја чуваат честа на граѓанскиот активизам и лично како граѓани ќе ги поддржиме солидарните иницијативи“, пишува Заев.
Најчевска добила две решенија со кои Комисијата за прекршоци при МВР утврдила дека таа е одговорна за фрлањето боја. Професорката рече дека нема намера да ја плати казната, а решението ќе го оспори пред Управниот суд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.