Македонија
(Видео) Заев: Преговорите за членство во ЕУ ќе ги водат најдобрите луѓе од институциите
Премиерот Зоран Заев преку седницата на Комисијата за европски прашања вели дека по одлуката за почнување преговори за членство во Европската Унија веднаш ќе почне да ја подготвува преговарачката структура.
Заев истакна дека се израдувале на препораката, но истовремено ја продолжиле европската динамика. Премиерот вели дека во Владата се спремал планот „18“, а ќе се работи со сите политички партии.
„По донесувањето на одлуките за преговори во јуни, ќе ги подготвиме и преговарачите. Со овој чекор ќе демонстрираме сериозност. Овде ќе ни требаат најдобрите луѓе од институциите. Треба да имаме предвид дека членството во ЕУ ќе ги отвори најголемите теми, како реформите во судството, владеење на правото, човекови права и така натаму. Реформиран државен систем ќе ни помогне да станеме до европските политички системи. Ги засукаваме ракавите, нè чека полни раце работа“, кажа Заев во обраќањето.
Премиерот подвлече дека Владата ќе продолжи со засилена динамика.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
За кампањата на Пендаровски се користат државни ресурси-дали и анкети и стратегиите за кампањата се платени со народни пари, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Стево Пендаровски го погази зборот по којзнае кој пат. Велеше дека нема да се користат државни ресурси во неговата кампања, за сега да бидеме сведоци дека вицепремиерот Маричиќ со службено возило дојде да се потпише за кандидатурата на Пендаровски, па дури и самиот Пендаровски се појави на промоција на проект кој нема никаква врска со неговите досегашни надлежности и искористи службено возило за да оди на отворање на штаб на СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Дали ова не е злоупотреба на државата за партиски цели? Дали народните пари се трошат за партиските и изборните цели? Дали и колку државни ресурси се потрошени за ангажирање на анкети и стратези за кампањата на Пендаровски? Еднаш кога веќе не си отстои на зборот, зошто јавноста би верувала на чесен збор дека не се трошени државни ресурси во претсрет на кампањата на Пендаровски и во други случаи?! Надлежните институции треба внимателно да ги следат активностите на Пендаровски, СДС и ДУИ во пресрет и за време на кампањата. Дали Пендаровски заборави за тоа што го зборуваше кога објаснуваше дека не треба да се мешаат државата и партијата?“, дополнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што велат, можеби Пендаровски заборавил што зборувал, ама јавноста гледа што прави и како си ги погазува своите зборови.
„Пендаровски го девалвираше достоинството на народот и на Македонија. Затоа време е за промени“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Скопје
Без струја неколку скопски општини
Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат следните корисници:
· Во период од 09,00 до 12,00 часот дел од корисниците од с. Крушопек ( влезот на селото) о. Сарај;
· Од 10,00 до 15,00 часот дел од ул.4 во Сарај о. Сарај;
· Од 08,30 до 15,30 часот дел од ул. Македонско-Косовска Бригада, дел од ул. Никола Малешевски и дел од ул. Џон Кенеди бр.27 о. Чаир;
· Во период од 09,00 до 15,00 часот дел од ул.2 и дел од ул.10 с. Долно Лисиче о. Аеродром.
Сервисни информации
Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини снег
Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Од среда следува период на стабилно време со ниски утрински температури, кои наместа ќе се спуштат под нула, а дневните ќе бидат во постепен пораст.