Македонија
Заев-Џачка: Одговорното лидерство и договорот од Преспа се придобивка и на регионот
Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска се сретна со Олта Џачка, министерка за одбрана на Република Албанија.
На средбата било поздравено одговорното лидерство на премиерот Заев, што овозможило постигнување договор со јужниот сосед на нашата држава и реализација на договорот од Преспа, соопшти владината прес-служба. Оценето е дека договорот е пример како се решаваат билатерални прашања доколку постои искрена политичка волја поради што договорот од Преспа е придобивка како за нашата држава така и за напредокот на целиот регион.
Исто така, на состанокот изразена е поддршка од Албанија за отворените интеграции на Република Северна Македонија во НАТО, како и благодарност од премиерот Заев до албанскиот колега, премиерот Еди Рама, до владата на Република Албанија и до граѓаните за поддршката на НАТО-интеграциите на нашата земја.
„Интеграцијата во НАТО значи мир и стабилност, но и подобра економија за нашите граѓани. Веќе е зголемен бројот на инвеститори што инвестираат или најавија дека ќе инвестираат во нашата земја. Тоа е голема придобивка за квалитетот на живот на граѓаните во нашата држава по политиките на добрососедство зад кои застанавме и затворањето на сите отворени прашања со нашите соседи, како и интегративниот концепт во нашата држава – едно општество за сите граѓани“, рече премиерот Заев.
Заклучено е дека двете земји, Република Северна Македонија и Република Албанија, со искреното меѓусебно пријателство создаваат услови за развој на соработката, како и дека таквиот пристап влијае позитивно во европските аспирации и очекувања и на двете држави и на регионот.
„Ако ја зголемиме соработката меѓу државите од Западен Балкан, ќе имаме уште поголемо почитување од Европската унија“, рече премиерот Заев.
Тој охрабри за зголемување на соработката во областа на одбраната и рече дека нашата држава е подготвена да ги следи позитивните искуства за вложувања во Армијата според НАТО-стандардите. Заев информира дека во тек се реформи во нашата држава во повеќе области, како и дека во завршна фаза се реформите во безбедносниот сектор што се одвиваат во соработка со земјите членки на НАТО.
На средбата е констатирано и дека успешно се реализира соработката меѓу двете држави во областа на инфраструктурното поврзување и енергетиката, како и дека се отвораат можности за проширување и во другите области од значење за граѓаните на двете земји и на регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Просечна пензија од 30.000 денари и минимална пензија од 20.000 денари“, најави Ковачевски
За нашите пензионери обезбедуваме просечна пензија од 30.000 денари и минимална пензија од 20.000 денари, порача од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата за евопска иднина, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Ковачевски нагласи дека пензиите денескка, во однос на 2016 година се зголемени за 55% и ќе продолжат да растат.
„Јас ветувам дека ќе работам ден и ноќ да ги исполнам очекувањата на мнозинството граѓани да живеат во европска Македонија. Не се откажавме досега, нема да се откажеме ниту отсега. Ние не се откажуваме од иднината“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Демир Капија.
Македонија
Ковачевски: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
„СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата. Ние нудиме јасен план и визија како до 2030 година Северна Македонија да стане земја членка на ЕУ. Наспроти нашите политички конкуренти ВМРО – ДПМНЕ кои немаат ниту план, ниту визија, ниту одлучност, ниту волја да го направат тоа“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, од предизборниот митинг во Демир Капија.
Ковачевски нагласи дека изборот е кристално јасен.
„Избирате помеѓу надеж за подобра, европска иднина со СДСМ или безнадежност и враќање назад со ВМРО ДПМНЕ. Нашите идеи се прогресивни, со јасна визија за европска иднина на државата за што имаме голема поддршка од нашите пријатели од ЕУ“, истакна Ковачевски.
Претседателот на СДСМ додаде дека од друга страна, Мицкоски ќе го одолговлекува европскиот пат и за тоа ќе го обвини Брисел.
„ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите, напротив, може да слушнете нивни изјави каде велат дека не треба да станеме членка на ЕУ сто години, а можеби и никогаш. Тоа покажува дека ја продолжуваат политиката на Никола Груевски. Со нив, Северна Македонија ќе се врати во чекалниците и во темното минато на недемократските процеси“, нагласи Ковачевски.
„СДСМ никогаш не се откажува! И нашите противници мора да го знаат тоа! Не ни треба враќање назад во изолација и неизвесност туку напредок и членство во ЕУ, нема откажување од подобра иднина за нашите граѓани“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Демир Капија.
Македонија
Јакимовски: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ водат ноевска политика, зошто не одговорите на уцените?
„Секојдневно сме буквално бомбардирани од нови и нови уцени и закани од страна на господинот Османи и од страна на господинот Таравари и заедно и едниот и другиот велат дека тие нема да влезат во Влада со оној што нема да го смени Уставот и нема да прават Влада со оној што нема да поддржи измена на Уставот во којшто претседателот ќе се бира во Парламентот“, рече претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од Струмица.
„Јас не можам да се изначудам зошто нема никаква реакција од кандидатот Доналд Реган, ниту пак од господинот Стево Пендаровски. Ај што тие не реагираат на овие уцени, но уште повеќе не можам да се изначудам како може да нема реакција ниту од ВМРО-ДПМНЕ, ниту од Мицкоски, ниту од Ковачевски, ниту од СДСМ. Практично се гледа дека водат ноевска политика, односно, главата е ставена во песок и на овие закани и на овие уцени никако не одговараат.
Јас јавно ги прашувам: Ќе се одважите ли некогаш на овие уцени да одговорите со ваш одговор, а тоа е одговорот дека ако има уцени за состав на Влада, ние ќе направиме широка коалиција меѓу ВМРО, СДСМ и сите останати што сакаат да влезат во Влада, па кој сака бујрум, кој не сака нека еди надвор?
Ова го очекува македонскиот народ. До кога мислат да го понижуваат токму партиите кои се претставници на македонскиот народ? Буквално го умревме овој народ од разочарувања и буквално главната причина зошто ни се иселуваат младите луѓе од Република Македонија е токму разочараноста од политичките и духовните водачи на нас Македонците во Република Македонија.
Еве јавно кажувам, зошто не излезете да одговорите на овие закани? Зошто господинот Мицкоски цело време се прави дека тој кога ќе дојде на власт, тој ќе го скротел ДУИ. На ваков ли начин ќе го скротите? Што на сите овие закани вие сте ја ставиле главата како ној во песок и цело време ќутите и ништо не одговарате. Во крајна линија, зошто не излезеш да одговориш дека со уцени и со закани не си подготвен да соработуваш, па макар и да не формираш Влада и да го видам тој што ќе формира Влада потоа како ќе му се дигне целиот македонски народ затоа што прифаќа уцени и затоа што со секои нови избори, со секои промени на Уставот, нас Македонците не поткусуруваат како монета и практично ништо не останува ниту од нашиот идентитет, ниту од нашиот јазик, ниту од нашата гордост.
Јас морам да прашам, тие велат дека Македонија да била повторно горда. Кога била Македонија горда? Може да одговорат од ВМРО-ДПМНЕ, во времето на Груевски, или пак во времето на Љупчо Георгиевски, или пак во времето на Бранко Црвенковски? Јас знам дека тие одговорот го немаат и тоа им е самo обична парола, а јас јасно ќе им кажам: Најгорди бевме зa време на Титова Југославија, тогаш бевме многу поголеми Македонци и се чувствувавме горди. Вашиот начин на практицирање на политиката не доведе да бидеме најпонижен народ во Европа и со свиткана кичма, со прекршена кичма, да одиме кон Европа. И јас сакам јасно да ви покажам дека има граѓани во Република Македонија кои не се согласуваат со овие ваши политики и се подготвени да се спротивстават на сите уцени и закани кои доаѓаат од било кој дел и од било кој политички субјект, без разликадали се работи од внатре од Република Македонија, или пак тоа доаѓа од надвор“, истакна Јакимовски.