Македонија
Законот за јазиците испратен во Венециската комисија
Законот за јазиците е испратен до Венециската комисија. Владата бара мислење за двојазичноста, а во барањето е вклучен и алтернативниот текст со член 8, чии одредби се однесуваат на албанскиот јазик на банкнотите, хартиите од вредност и униформите на армијата и полицијата. Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека сите забелешки од Венециската комисија ќе бидат спроведени.
„Секое нивно укажување ќе биде вградено и на тој начин ќе ги отстраниме конечните резерви кај кој било граѓанин. Уште еднаш, напоменувам, ова е дадено право што досега беше забрането право. Не се плашиме поради тоа што се работи за јазици, употребата на јазиците. Полесно ќе се разбереме. Меѓу другото, според мене, досега беше блокиран процесот за да не дознаат граѓаните дека не е крај на светот. Односно е уставно право на дел од нашите граѓани, од помалобројните заедници, и со тоа ќе видат дека апсолутно ниту повредува одредено друго право ниту претставува не знам какви проблеми, како што се пишува насекаде во Македонија или се коментира. Денеска, го испраќаме и Законот и алтернативните две одредби, што уште тогаш го ветивме. Очекувам во регуларниот период, кога носи одлука, Венециската комисија да ги даде своите сугестии. Штом ќе ги даде, ние јавно ќе ги објавиме и, секако, ќе постапиме по самите сугестии“, рече Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари
Носителот на листа на кандидати за пратеници од Изборна единица 2, предводена од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, оствари средба со пензионерите од Куманово.
„Во спектарот на еднаквите можности за сите е и грижата за нашите највозрасни граѓани – пензионерите. Токму затоа, не се откажуваме! Продолжуваме со подобрување на животниот стандард на пензионерите. Во следниот мандат предвидуваме минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари. СДСМ и коалицијата “За европска иднина” продолжуваат да вложуваат на вистинскиот пат, патот кон Европа каде нашата земја ќе продолжи да се развива со нови работни места, повисоки плати, повисоки пензии и подобар животен стандард за сите”, истакна Спасовски.
Македонија
Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада
Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор бидејќи се прекршил Законот за техничката влада, соопшти заменик-министерката за финансии, Елена Петрова.
Како што вели, иако одлуките морало да бидат одобрени со нејзин потпис, како што предвидува Законот за техничката влада, министерот Бесими ги потпишал сам.
„Незаконити се одлуките на министерот за финансии и државниот секретар во Министерството за финансии по спроведените постапки за вработување и унапредување во Министерството за финансии, како и одлуките на министерот за финансии за давање согласности за вработување во јавниот сектор, сите донесени по формирањето на преодната Влада за организирање на изборите. Ова е потврдено со судски одлуки. Вишиот управен суд донесе две пресуди во моја корист, со кои ги поништи како незаконити одлуките на ДИК, кои беа донесени врз основа на барање на Министерството за финансии“, рече Петрова и додаде:
„Со поништувањето на одлуките на ДИК сите наведени акти поврзани со вработување во Министерството, кои не се потпишани со врзан потпис на министерот за финансии и на дополнителниот заменик-министер, не произведуваат правно дејство. Тоа се однесува и на издадените согласности за вработувања по сите основи во целиот јавен сектор, како и почнатите постапки врз основа на тие согласности“.
Македонија
Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд
Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд.
Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото, знамето на Исланд.
„Моторните возила од Кралството Норвешка веќе се на својата крајна дестинација. По нивното распоредување, армиските единици ќе добијат поголема транспортната способност и мобилност“, напишаа од македонската Армија.