Македонија
Почнува чистењето на линданот од малата депонија во ОХИС
Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, денес го потпишa решението за одобрување на планот за ремедијација на локалитетот на ОХИС АД Скопје, со што ќе може да почнат активностите за отстранување на линданот и на почвата контаминирана со линдан од малата депонија.
„Министерството за животна средина и просторно планирање во изминатиот период ги спроведе сите подготвителни активности за финализирање на планот за ремедијација со УНИДО и на меѓународен тендер избраната фирма ‘Полиеко’ за безбедно чистење и ремедијација на малата депонија со опасниот историски отпад линдан, како и за дефинирање на временската рамка на изведбените работи“, соопшти Министерството.
Министерот Нуредини формира работна група и на вчерашната седница ја информира Владата дека е подготвено решение за одобрување на планот со прилог на активности што треба да бидат преземени од страна на фирмата изведувач, а во согласност со Законот за животната средина.
Во постапка се издавање две дозволи за извоз на опасен отпад од страна на МЖСПП во согласност со Базелската конвенција – за Франција, каде што ќе се извезе линданот, и за Холандија, каде што ќе се извезе контаминираната земја под линданот. Според временската рамка, предвидено е процесот на отстранување дел од малата депонија да заврши до почетокот на наредната годината доколку дозволат условите со пандемијата, при што би се отстраниле првите количини (~ 700 тони) на почва контаминирана со HCH и чист HCH-отпад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.