Македонија
(Видео) Затворот во Шуто Оризари реновиран по половина век
Затворот во Шуто Оризари по половина век постоење, не е повеќе дивоградба. Директорот Есад Рахиќ денес давајќи отчет за сработеното, откако тој е „главен менаџер на Шутка”, како што самиот се нарекува, рече дека затворот конечно добил имотен лист.
„Со моето доаѓање, од јули месец, успеавме да го регулираме имотниот лист заедно со Катастар, реновирани се шест од вкупно 10 ќелии во блок Б, со донации почна обновата на покривот, донирани се ќебиња, чаршафи, облека и еден замрзнувач обновена е една бања, а имаме и донацоја бетонски платна за еден нов ѕид”, вели директорот Рахиќ.
Тој објасни дека во затворот се веќе инсталирани фотоволтаици со кои ќе се произведува струја за топлење вода за потребите на затворот.
За да се справат нелегалното користење телефони во затворот, директорот Рахиќ најави вградување централа и говорници каде разговорите ќе се снимаат, а затворениците ќе ги користат со најава.
Директорот Рахиќ денес го промовираше изгледот на новите затворски полицајци.
„Имаме 11 нови затворски полицајци, а се надевам дека нивниот број следната година ќе се искачи на 24 и ќе функционираат како интервентна единица”, рече директорот Рахиќ.
За 30 отсто се покачени платите на сите вработени во затворот. Бројот на полицајци кои се грижат за безбедноста поради пензионирање ќе се симне од сегашните 106 на 94-5, но примени се нови 11 затворски полицајци, а планирани се уште 10 нови со кои Рахиќ вели дека ќе успеат да го кренат бројот до 125- 135, што, според него, е оптимално за затвор со капацитет од 350 затвореници.
Како новина Рахиќ најави дека популарното хашко одделение ќе биде преуредено во женско одделение, а во затворот ќе се уреди и соба за молитви.
Вработените во затворот му дадоа благодарница на директорот Рахиќ и му посакаа долго да остане на функцијата, а тој на шега рече „подобро ќе беше да беше ќеш, ама добро е и вака. Лесно е да се биде добар директор ако имате добри соработници”.
За Нова година, директорот Рахиќ рече дека преку донации обезбедиле 400 ќебапи кои ќе ги додадат на затвореничките оброци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Јавното обвинителство се координира со останатите институции за обезбедување фер и демократски изборен процес
Координација на активностите за успешно спроведување на претстојните избори, со поддршка од сите институции кои се дел од овој процес, беше тема на денешниот состанок на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски со претседателот на Владата на Република Северна Македонија Талат Џафери. На средбата присуствуваше и јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, претседател на Комисијата во Јавното обвинителство за следење на евентуални изборни нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите.
На средбата заеднички се констатираше дека двојните избори во државава се од исклучителна важност во рамки на очекувањата за напредок на Република Северна Македонија во евроинтеграцискиот процес и во таа насока се потенцираше улогата на сите надлежни институции и потребата од ефикасно дејствување, со цел спроведување фер и демократски изборни процеси. Се нагласи и очекувањето од двете страни, дека сите учесници во изборите го согледуваат својот дел од одговорноста и ќе придонесат во поттикнувањето и одржувањето атмосфера на конструктивност.
Во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, денеска, јавниот обвинител Бајрами и членови на Комисијата остварија работна средба со членовите на Државната изборна комисија, на која двете институции меѓусебно се информираа за текот на подготовките за организација и следење на изборниот процес, како и потенцијалните ризици. Привремената комисија во Јавното обвинителство непосредно ќе комуницира со членовите на ДИК во текот на спроведувањето на изборниот процес и особено на денот на гласањето за да се информира за сите евентуални изборни нерегуларности кои би можеле да бидат предмет на кривична одговорност за сторителите.
Македонија
Склучен меморандум за соработка помеѓу Економскиот факултет – Скопје и „Кроација осигурување“ АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје
Денес во просториите на Економскиот факултет – Скопје, деканот проф. д-р Предраг Трпески одржа состанок со г-дин Александар Манев-генерален директор на Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје и со претставници од истата институција.
Во рамки на остварената средба, се одвиваше плодна дискусија во насока на унапредување и продлабочување на меѓусебната соработка помеѓу двете институции како и обезбедување достапност на професионална размена на искуства заради остварување на заеднички цели. Во таа насока, состанокот се заокружи со потпишување на Меморандум за соработка помеѓу двете страни со кој се официјализираше соработоката помеѓу Економскиот факултет – Скопје и Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје.
Со ова, двете институции се согласија да соработуваат во реализација на широк спектар на активности и иницијативи од взаемен интерес за едукација и подобрување на знаењето и стручноста преку најразлични активности и проекти од взаемен и општествен интерес, реализирање на практична настава за студентите од Факултетот, презентирање на практични проблеми, решенија, предизвици и можности за студентите на Факултетот, организирање работилници и конференции, и други активности.
За време на посетата, генералниот директор, г-дин Александар Манев и останатите претставници, во придружба на деканот и продеканите на Економскиот факултет – Скопје, ги разгледаа капацитетите со кои располага Економскиот факултет – Скопје.
ПР
Македонија
Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара
Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на матичниот лекар во скопска Железара, кој беше најден со девет убодни рани.
„Во согласност со моите информации приведено е уште едно лице. Приведени се вкупно три лица. Претресот е завршен во текот на доцните часови. Се продолжува со други истражни дејства сè со цел да може да се утврди соодветната фактичка состојба. Штом имаме дополнителни нови информации, јавноста ќе биде дополнително известена“, рече Тошковски.
Тој не сакаше да ги коментира обвинувањата од СДСМ дека откога е дојден на местото министер за внатрешни работи, работите не одат на подобро.
„Вакви изјави не заслужуваат сериозен одговор затоа што се несериозни изјави. Тотално не би ги коментирал“, рече Тошковски и додаде дека македонскиот народ се смее на она што се обидуваат да го тераат како приказна и повика да завршат ваквите паушални обвинувања.