Македонија
„Земи здив“ со седум мобилни станици ќе го мери квалитетот на воздухот во Битола
Во Малата сала на Центар за култура – Битола беше промовирана платформата за следење на квалитетот на амбиенталниот воздух „Земи здив“, а истовремено беше објавен и првиот месечен извештај за квалитетот на воздухот генериран врз основа на мерењата направени во февруари со 4-те активни мерни станици во мрежата на платформата „Земи здив“.
Платформата е формирана од страна на 5 здруженија на граѓани на почетокот на март со основна цел: воспоставување и одржување сензорска мрежа за континуирано следење на квалитетот на амбиенталниот воздух, која ќе генерира податоци и информации што ќе бидат достапни за граѓаните.
„Земи здив“ следењето на параметрите на квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола во овој момент го врши со 7 сертифицирани мобилни мерни станици кои се набавени од независната глобална светска мрежа AIRLY и се референтни уреди што ги поседуваат сите сертификати за квалитет и стандард ISO EN 16450:2017. Сензорите на овие мерни станици мерат концентрации на ПМ 1 (единствен уред во Македонија што ја мери концентрацијата на овие честички), ПМ 2,5, ПМ 10 и од нив го генерираат нивото на CAQI. Покрај овие параметри, тие ја мерат и температурата, како и воздушниот притисок и влажностa на воздухот, а податоците се графички презентирани на веб-платформата на AIRLY, на која може да се пристапи од секој паметен уред. Податоците се прикажуваат во реално време, а вредностите се ажурираат на секои 3 минути. Нашата заложба е инсталирање дополнителни 13 сензори, кои со постојните 7 ќе генерираат точни интерполирани мерења и податоци за секој дел од Битола.
Податоците од ваквата мрежа ќе помогнат во идентификација и мапирање на загадувачите и ќе бидат основа за доставување поднесоци до институциите, кои ќе се базираат на докажливи податоци од мрежата. Анализата на податоците од мрежата ќе овозможи изработка на месечни и квартални извештаи за квалитетот на воздухот врз база на кои ќе се предлагаат конкретни мерки и ќе се следат ефектите од спроведувањето на тие мерки. Сето ова, заедно со користењето на алгоритмите за прогноза на аерозагадувањето, ќе помогне во изнаоѓање соодветни решенија што треба да се применуваат при креирањето на политиките во борбата со загадувачите и последиците од загадениот воздух. Податоците генерирани преку мрежата се од јавен карактер и ќе им бидат достапни и на овластените субјекти (општинската власт, инспекциите за животна средина, градоначалникот, Советот на Општина Битола), кои располагаат со овластувањата да преземат соодветни мерки. Податоците од континуираното следење на квалитетот на воздухот, структурирани во месечни и годишни извештаи, ќе бидат алатка преку која граѓаните ќе може да проценат дали се преземаат мерки за намалување на загадувањето и каква е ефективноста на мерките што ги преземаат носителите на јавни функции.
Граѓанските организации Центар за европски развој и интеграција, „Сфера Македонија“, „Геосфера“, „Јасмин“ и младинската асоцијација ИМКА како основачи на платформата „Земи здив“, заедно со здруженијата што ќе ѝ се приклучат на оваа платформа, ќе се грижат за одржување, развој и проширување на мрежата.
Загадениот воздух е јавен проблем во Битола за кој веќе постои високо ниво на свест кај граѓаните. Платформата „Земи здив“ преку генерирање релевантни податоци во реално време ќе им помогне на граѓаните да преземат индивидуални мерки за заштита и намалување на изложеноста на аерозагадување и подигање на индивидуалната еколошка свест, што ќе води кон промена на дел од навиките.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи“, се наведува во извештајот на Стејт департментот
Министерот за правда ги затвори бугарските културни клубови „Цар Борис Трети“ и „Иван (Ванчо) Михајлов“, повикувајќи се на законот од 2022 година, со кој се бара од организациите именувани по поддржувачи или соработници на фашизмот да ги променат своите имиња, се наведува во извештајот на Стејт департментот.
„Во февруари, по препорака на Комисијата за антидискриминација, обвинителството во Битола отвори прелиминарна истрага за клубот „Иван (Ванчо) Михајлов“ поради говор на омраза. Претседателот на клубот беше обвинет за поттикнување етничка и расна омраза и нетолеранција и ширење расизам и ксенофобија. Две лица се обвинети за нанесување тешки телесни повреди на Христијан Пендиков, кој се саморегистрирал како Бугарин, по национална и етничка основа на омраза“, се вели во извештајот.
Во однос на слобода на здружување во Бугарија, во извештајот се наведува дека Законот предвидува право на слобода на здружување и владата генерално го почитувала.
„Властите продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи како што се Обединета македонска организација-Илинден, Друштвото на угнетените Македонци во Бугарија-жртви на комунистичкиот терор, Здружението за заштита на основните индивидуални човекови права 2023 година и Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ и покрај бројните претходни одлуки на Европскиот суд за човекови права дека негирањето ја нарушува слободата на здружување на групите.
Во февруари, Окружниот суд во Пловдив ја потврди одлуката на Агенцијата за регистрација со која се одбива регистрацијата на Обединетата македонска организација Илинден-Пловдив со образложение дека целите на групата, вклучително и официјалното признавање на македонското етничко малцинство, биле насочени кон поделба на нацијата и ќе создадат услови за етнички конфликт. Во мај, Апелацискиот суд во Пловдив ја потврди одлуката на понискиот суд“, нотира извештајот.
Македонија
Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ-и заедницата и поткопана слобода на изразување, забележа Стејт департментот во извештајот за човекови права во Македонија
Сериозна владина корупција, сериозни ограничувања на слободата на изразување и слободата на медиумите, насилство и закани за насилство насочени кон ЛГБТ-и заедницата се само дел од забелешките во извештајот на Стејт департментот за состојбата со човековите права во Северна Македонија во 2023 година.
Извештајот меѓудругото нотира значителни „одложувања во судењата кои вклучуваат сериозна корупција, при што само неколку беа завршени до септември, вклучително и оние против поранешни владини функционери. Уставот предвидува независно судство, но владата не секогаш ја почитувала судската независност и непристрасност, вели извештајот.
„Веродостојните извештаи за неоправдано судско несоодветно однесување, непотребен политички и деловен притисок врз судиите, непотизам, клиентелизам, долготрајна правда, несоодветно финансирање, отпор кон користење на законски задолжителна технологија и недоволен кадар, ја попречија судската ефикасност и влијаеше на довербата на јавноста во владеењето на правото“.
Анкетите покажале силна недоверба на јавноста кон судството.
„Унапредување под политичко влијание без заслуга или транспарентност се случи во судството и обвинителството. Во јануари, Судскиот совет утврди дека двајца судии на Апелациониот суд во Скопје свесно ги одложиле одлуките за да ги истуркаат обвинетите да го поминат рокот на застареност. На 26 април, Судскиот совет го разреши својот претседател, потег што критичарите тврдеа дека укажува на политичко мешање. Двајца членови поднесоа оставки од Судскиот совет како одговор, а неколку истакнати граѓански организации побараа целосна оставка на Советот“.
Слободата на изразување била поткопана од неефикасноста на правосудниот систем, недостатокот на транспарентност во однос на медиумското рекламирање од страна на државните институции, несоодветното однесување во име на јавните службеници во нивната интеракција со новинарите, притисокот врз новинарите кои истражуваат корупција, дезинформациите, говорот на омраза во онлајн и социјалните медиуми, и самоцензура.
Македонија
Одрони на неколку патни правци
ЦУК извести дека преку единствениот број за Итни повици Е-112 добиена е дојава за одрон на патот кај Калиманци, на регионалниот пат Македонска Каменица-Виница, 5 километри пред влезот на Македонска Каменица.
За настанатата состојба известени се ЈП за оддржување на регионалните и магистралните патни правец и екипите се излезени на терен за да го саниррат одронот, додаваат од ЦУК.
Исто така добиена е дојава за одрон на патен правец село Удово-Демир Капија.
„Точната локација е 2-3 километри после село Удово во правец спрема Демир Капија. За настанатата состојба известени се ЈП за оддржување на регионалните и магистралните патни правец и екипите се излезени на терен за да го санираат одронот“, соопшти ЦУК.