Македонија
Иванов упати честитка до припадниците на влашката заедница во земјава
Претседателот Ѓорге Иванов упати честитка до припадниците на влашката заедница во земјава, по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите.
„Дозволете ми, вам, на припадниците на влашката заедница во Република Македонија, да ви го честитам големиот празник. Овој значаен празник е потсетување на вековниот стремеж на Власите за зачувување и промовирање на својот сопствен јазик, култура и традиција. На овој ден, 23 Мај 1905 година, Османлиската Империја донесе ираде со кое само беше призната реалноста дека Власите се посебен народ со свој јазик, култура и идентитет. Со тоа се отвори ново поглавје во долгата и исклучително богата историја на влашкиот народ. Таа историја сведочи за едно нешто, а тоа е дека Власите и како народ, но и како поединци имале голема улога во борбата за слобода, државност и независност на Република Македонија.
Припадниците на влашката заедница се дел од сите сфери на општественото живеење, со што даваат препознатлив придонес во целокупниот развој на Република Македонија. Исклучително одговорниот однос на Власите кон својата држава Република Македонија и кон своите сограѓани од другите етнички заедници може да послужи како пример за градење и за негување меѓусебна доверба. Таквата доверба е потреба на секој поединец и претставува врзивно ткиво на целото македонско мултиетничко општество. Обврска на Република Македонија е да продолжи да го чува, развива и промовира етничкиот, јазичниот и културниот идентитет на Власите во духот на европските вредности.
Честитајќи ви го денешниот празник, дозволете ми да го изразам своето уверување дека со заеднички напори ќе продолжиме да работиме во интерес на Република Македонија, градејќи подобра и посветла иднина за сите граѓани“, се вели во честитката на претседателот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Штипјанец и скопјанец фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим го покажал ливчето на набљудувач
Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип. Покрај тоа, во Бучим, Радовишко, има едно лице што го покажало гласачкото ливче на набљудувач, изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.
Тој додаде дека досега МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир при гласањето, односно гласањето се одвива мирно и без проблеми.
Ангеловски дополни и дека димна бомба има на гласачко место, а пријавени се и летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити.
До 11 часот е пријавено дека на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до 9 часот, се искачи на 12,78 отсто.
Македонија
Димна бомба на гласачко место, летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити пријавени во МВР
Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информира за текот на изборниот процес од отворањето на избирачките места.
„Досега МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир при гласањето, тоа се одвива мирно, без проблеми. Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип. Покрај тоа, во Бучим, Радовишко, има едно лице што го покажало гласачкото ливче на набљудувач.
За сите овие настани, како што вели тој, се преземаат мерки за расчистување на случаите.
„Покрај тоа, на територијата на општина Чаир се забележани летоци, кои биле оставени на паркирани возила, а исто така се испишани и два графита. На едно гласачко место во Скопје, покрај испишаниот графит, од страна на претседател на избирачки одбор е пријавено дека во 6.30 часот во ходникот е пронајдена димна бомба. Веднаш се преземени мерки и активности и на ова место гласањето се одвива непречено“, додава Ангеловски.
Апелира до граѓаните и учесниците на изборите – во текот на гласањето, до завршувањето, да се воздржат од какви било инциденти.
Македонија
На 12,78 отсто се искачи одѕивот до 11 часот, најголем во Демир Капија – 23,99 отсто
До 11 часот на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи на 12,78 отсто.
Најголем е одѕивот во Демир Капија – 23,99 отсто, каде што од вкупно 3.208 граѓани до 11 часот гласале 769.
На седмите претседателски избори во земјата право на глас имаат 1.814.317 граѓани на 3.480 избирачки места.