Македонија
Избрано најдоброто решение за кружниот тек во Битола
По објавениот јавен повик со наслов „Круг на јарболите“, објавен од Општина Битола за решение на кружниот тек на влезот во градот од страната на Прилеп, денес пред јавноста беа претставени притигнатите идејни решенија и победничкиот проект.
Градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска, истакна дека ова е можност да им се даде шанса на младите за да ги реализираат своите идеи, токму во местото каде што живеат.
„На повикот добивме пет апликанти и можам да кажам дека сите пет решенија се навистина креативни, инвентивни и убави на свој начин. Но, квалитетот и вредноста во овој повик, од една страна, е што им овозможувате на граѓаните да се вложат и да се внесат во тоа како треба да изглеад нивниот град, а од друга, сите идеи и креативност што ја имаат младите да им дадете можност да биде материјализирана. Ова е прв повик од ваков карактер, но тука нема да застанеме. Идејата, која е првонаградена, ќе ја реализираме во кружниот тек, а некои од другите идеи ќе биде настојувано да бидат реализирани во другите делови од градот во зависност од понудените карактеристики“, рече Петровска.
Победници на конкурсот се младите архитекти Мила Рориќ и Дејан Томски, кои го образложија своето идејно решение, преку кое ќе бидат претставени сите почесни конзулати во градот, со свои поставени знамиња.
„Појдовната идеја на нашето решение беше ‘Кругот на јарболите’ да претставува еден пријателстки поздрав за секој посетител на градот, но и за жителите, исто како што градот Битола како град на конзулите претставува симбол на соработката на пријателството и народите. Ние секако се надевавме на победа во овој конкурс“, истакнаа победничките автори на проектот.
Победничкиот проект од страна на Општина Битола е награден со 1.000 евра, а другите пријавени дела со по 100 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.