Контакт

Македонија

Инженерот Ѓорѓи Лазаревски ќе сведочи како МВР 7 години масовно ги прислушувало граѓаните

Објавено пред

Во кривичниот суд во Скопје утрово продолжува судењето за предметот за масовното прислушување на СЈО, „Таргет-Тврдина“. Судијката Џенета Бектовиќ ги одложуваше речиси половина година рочиштата поради одлуката за екстрадиција на бегалецот Горан Грујевски.

dobivaj vesti na viber

На денешното рочиште треба да сведочи првиот од 100-тината сведоци предложени од СЈО, укажувачот Ѓорѓи Лазаревски, кој заедно со Звонко Костовски ги изнесе бомбите од Управата за безбедност и контраразузнавање и му ги предаде на ексдиректорот на УБК, Зоран Верушевски. Додека траело прислушувањето, Лазаревски работел како инженер во УБК.

Обвинетите за прислушувањето во предметот „Таргет-Тврдина“ на специјалното јавно обвинителство материјалите ги добивале на своите лични компјутери, а Никола Бошкоски гу уништил направените фотографии и видеа од дробењето на системите за прислушување. Единствено за ова обвинение СЈО не објави анонимизиран примерок на својата веб-страница поради многуте класифицирани документи наведени во обвинителниот акт.

Обвинителите од СЈО во воведниот говор рекоа дека ќе докажат оти во февруари 2015 година, по објавувањето на бомбите, Горан Грујевски и Сашо Мијалков се обиделе да го скријат фактот дека незаконското следење на комуникациите се одвивало во просториите на Управата за безбедност и контраразузнавање. Мијалков му наредил на Грујевски да ги уништи системите Vernit и Nice Track во време кога Nice Track сè уште бил во употреба. Грујевски, заедно со шефот на одделот за координација во УБК, Тони Јакимовски, воспоставил ад хок комисија во отсуство на какви било законски основи. Процесот го одобрила Гордана Јанкулоска, тогашната министерка за внатрешни работи. Со таквите дејства, според СЈО, му била нанесена штета на буџетот од 87.261.058 денари.

Уништувањето на системите било изведено во 2 фази. Во првата фаза системите биле уништени на 28 март 2015 година во отпадот за старо железо „БУ-БО металика“, каде што системите биле демонтирани и ставени во преси. Транспортот го организирале Грујевски, Јакимовски и Бошкоски. Уништувањето го извршиле неколку лица, како и двајца вработени во „БУ-БО металика“. Еден од членовите на комисијата го снимал со видеоснимки уништувањето на системите за прислушување.

Втората фаза се одвивала на 3 април 2015 година. Грујевски, како што пишува во извештајот, им наредил на неколку членови на комисијата да се осигурат дека системите за прислушување се целосно уништени. Второто уништување се одвивало во „Еко-циркон“ во Маџари (општина Гази Баба). Таму двајца од вработените на компанијата го ставиле згмечениот материјал во дробилка и го издробиле. Постапката била документирана со фотографии и видеоснимки. Комисијата им поднела извештај на Мијалков и Јанкулоска докажувајќи им дека задачата е извршена, а Никола Бошкоски ги уништил фотографиите и видеоснимките од операцијата.

Елена Џиланова, началничката на Секторот за телекомуникации во МВР, му помогнала на Грујевски да ги скрие доказите од следените телефонски броеви. Таа ги отстранила податоците од трите LI IMS-сервери, кои биле во сопственост на трите мобилни оператори, при што податоците ги префрлила на мемориски стик.

СЈО во предметот „Таргет“ тврди дека Сашо Мијалков формирал злосторничко здружување со цел незаконско следење на комуникациите од големи размери за да добива информации за сите општествени сфери. Основачи на злосторничкото здружување се началникот на Петтата управа, бегалецот Горан Грујевски, и шефицата на оперативното одделение, Надица Николиќ.

Мијалков, Грујевски и Николиќ им наложиле на седуммина свои потчинети да внесуваат телефонски броеви во системите за прислушување (Vernit, Nice Track и IPS) за да ги следат комуникациите во УБК. Четворица од службениците се обвинети за злосторничко здружување, а СЈО не поднело обвиненија против тројцата службеници што помагале во прислушувањето зашто тие се сведоци во постапката.

Еден од нив е Звонко Костовски, главниот инженер во Одделот за одржување и телекомуникации на Петтата управа во УБК, а потоа раководител во одделот за информатичка и техничка поддршка. Костовски го надгледувал техничкиот процес на спроведување на незаконското следење на комуникациите. По барање на лидерите на групата, тој креирал посебни кориснички профили и ги групирал со име „важно“ овозможувајќи им на креаторите на групата пристап до системот за надзор и можност да ги слушаат пресретнатите комуникации лично на своите компјутери. Костовски потоа материјалите му ги предал на Ѓорѓи Лазаревски, а тој му дал на Зоран Верушевски за на крајот Верушевски да му ги предаде на Зоран Заев.

Во предметот „Таргет-Тврдина“ обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, и вработениот во УБК, Никола Бошкоски, кои чекаат политички азил во Грција, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски.

Истрагата за предметот „Тврдина“ беше отворена на 29 март 2016 година, а за предметот „Таргет“ на 17 ноември 2016 година, а поради нивната поврзаност, тие се споени во еден предмет. Обвинението е подигнато на 30 јуни 2017 година.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Објавено пред

Собранието со 78 гласа „за“ го донесе предлог-законот за измени и дополнување на Законот за извршување на санкциите.

dobivaj vesti na viber

Законот има цел решавање на безбедносните проблеми во казнено-поправните установи, создавање посигурна безбедносна средина како во затворите така и генералната и општата безбедност во државата, пред сè, преку воспоставување законска основа и формирање единици за затворско разузнавање и единици за интервенции, воспоставување систем за видеонадзор и користење боди-камери во установите, намалување на корупцијата во казнено-поправните установи, решавање на проблемот со пренатрупаноста и регулирање и унапредување на правата од работниот однос на сите категории вработени лица во КПУ и ВПУ, извести Министерството за правда.

Покрај зголемување на безбедноста на установите, унапредување на правата на осудените лица и децата, со овој предлог-закон се оди кон подобрување на статусот и на вработените во пенитенцијарниот систем. Постојат повеќе причини за донесување на предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за извршување на санкциите, како, на пример, менување во голем дел на кривичното законодавство во земјата, со тоа и предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за извршување на санкциите како важна алка во кривичното законодавство и кривичноправниот систем во целина, потоа менување на затвореничката структура во Македонија, а во голем дел појавата на сè поголем број радикализирани осудени лица, потребата од заострување на начинот на кој осудените лица по доставување на упатните акти имаа можност за менување на адресата на живеење и со тоа таканаречено избирање на казнено-поправна установа во која би ја издржувале казната и условите во неа, се додава во соопштението на Министерството за правда.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Стоилковски: Доколку Арсовска не е против нови градинки, училишта, да состави документи, а Советот ќе ги прифати онака како што таа ќе ги достави

Објавено пред

Данела Арсовска запре градба на две основни училишта, запре градба на две градинки и сопре градба на едно затворено спортско игралиште, потребно за граѓаните на општините Гази Баба, Кисела вода и Аеродром.

dobivaj vesti na viber

Арсовска запре донесени одлуки на Советот на Град Скопје за ослободување од надоместоци за уредување градежно земјиште за овие проекти, со образложение дека биле, како самата вели, неписмени, истакна на прес-конференција Наум Столковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ја повикуваме Данела Арсовска таа сама да состави вакви документи, а Советот, без сомнеж во високото ниво на писменост на Данела Арсовска, само ќе ги усвои.

Доколку Арсовска не е против нови градинки, училишта и затворени спортски објекти и ако не е против скопјани и Скопје, се очекува од неа најбргу таа самата да донесе писмени барања за овие пет проекти за скопјани, а Советот ќе ги прифати онака како што таа ќе ги достави, без сомнеж во високото ниво на писменост на Данела Арсовска“, дециден е Стоилковски.

Во спротивно, како што рече, Данела Арсовска само ќе докаже дека е продолжена рака на Миле Зечевиќ и на СДС наспроти вистинските потреби на скопјани за две градинки, две училишта и за спортски објекти.

Прикажи повеќе...

Македонија

Прва пресуда за говор на омраза врз основа на сексуална ориентација

Објавено пред

Основниот суд во Неготино, како надлежен првостепен кривичен суд, одлучувајќи по обвинителен предлог на Основното јавно обвинителство Кавадарци, а по кривична пријава од „Квир центар“, против лицето С. М. од општина Демир Капија, за сторено кривично дело ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл. 394-г ст. 1 од Кривичниот законик, на 15 март 2024 година донесе пресуда дека обвинетиот е виновен за делото за кое се товари.

dobivaj vesti na viber

Обвинетиот во јули минатата година на социјалната мрежа „Фејсбук“ под споделена медиумска содржина има напишано два коментара со вознемирувачки говор на омраза кон ЛГБТИ+ заедницата, во кои се повикува на насилство кон оваа маргинализирана група. Со тоа обвинетиот сторил кривично дело ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл. 394-г ст. 1 од Кривичниот законик, па судот му изрече алтернативна мерка – условна осуда, казна затвор во траење од една година. Утврдената казна затвор нема да се изврши доколку обвинетиот во рок од една година по правосилноста на пресудата не стори друго кривично дело.

Ова е прва осудителна пресуда во судската пракса на Македонија, со која се санкционира говор на омраза врз основа на сексуална ориентација, иако уште од февруари 2014 година со измените и дополнувањата на Кривичниот законик говорот на омраза е класифициран како кривично дело, па оттаму се забранува и казнува говор на омраза и ширење материјали преку интернет, кои промовираат или поттикнуваат омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз која било дискриминаторска основа. Според чл. 394-г ст. 1 од КЗ, за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем предвидена е казна затвор од една до пет години за секој што ќе предизвика или ќе разгори омраза, раздор или нетрпеливост, врз некоја дискриминаторска основа, вклучително врз основа на припадност на маргинализирана група.

Скопскиот „Квир центар“ ја поздравува одлуката на судот, кој демонстрира дека ги сфаќа сериозно поттикнувањето насилство и креирањето загрозувачка средина за ЛГБТИ+ луѓето. Говорот на омраза поттикнува сторување дела од омраза, па „Квир центар“ смета дека оваа осудителна пресуда е значајна победа во нашите напори да креираме безбедно опкружување за сите граѓани, без разлика на тоа поради кој основ или нивна различност ќе бидат цел на говор на омраза или дела од омраза.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија20 минути

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ1 час

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија1 час

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија2 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија5 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет5 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет5 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија5 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион5 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет6 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет6 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија20 часа

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија21 час

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија23 часа

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија1 ден

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...

Македонија1 ден

„Вреди“: Албанците нема да му простат на Бујар Османи за случајот Монструм

Претходно кога објаснувавме кој е Бујар Османи, дојде време да се откриваат неговите корупциски скандали, но и политичките ставови што...

Македонија1 ден

Мицкоски: Имаме принципиелен договор за настап на парламентарните избори врз кој ќе функционираме како идна влада

Ние имаме принципиелни разговори и преговори и принципиелен заеднички договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму, врз...

Свет1 ден

Бајден: Да ja ​​заштитиме Украина од месарот Путин

Американскиот претседател Џозеф Бајден уште еднаш го навреди рускиот претседател Владимир Путин говорејќи пред гласачите во американската сојузна држава Северна...

Регион1 ден

Вучиќ: Следуваат тешки денови за Србија, не ми е лесно да кажам какви вести добивме

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека пред Србија претстојат тешки денови, пренесува „Нова.рс“. Вучиќ најави дека во наредните денови...

Македонија1 ден

СДСМ: Скопје е запустен град, граѓаните се изневерени, ДПМНЕ нема план за иднината

Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје. Откако ги изневерија граѓаните на Скопје,...