Македонија
Инспекторат за животна средина: Кај МЗТ дошло до капење на киселина од метален резервоар
Државниот инспекторат за животна средина ги демантира наводите на Инспекторатот на Град Скопје дека имало истекување на солна киселина во близина на МЗТ, заради тоа што се преземени мерки за преточување во друг резервоар.
„Ваквите лажни информации за наводно истекување на киселина шират паника и дезинформаицја кај граѓаните“, се вели во соопштението.Исто така, ДИЖС ја демантира информацијата што е пласирана до медиумите дека Макохемија АД-Скопје не поседува елаборат за заштита на животнта средина, субјектот поседува Согласност на еколошки елаботат со архивски број 11-1139/2 од 12.03.2004 година, согласно тогашните законски прописи. ДИЖС изнесените лаги и клевети на градските власти дека другите институции не постапуваат ги смета како недолично однесување на институцијата и ги отфрла во целост, се додава во сопштението.
Како што наведуваат од Државниот инспекторат за животна средина, по добиените информаци од социјалните мрежи за ширење неподнослива миризба од страна на граѓаните на населба Автокоманда во оштина Гази Баба, на 2 декември постапувајќи по службена должност извршиле вонреден инспекциски надзор кај правниот субјект Макохемија АД-Скопје, ул.Перо Наков бр.41 (која не се наоѓа во кругот на МЗТ). Притоа е констатирано дека претходниот ден околу 19 часот дошло до капење на хлороводородна киселина со концентрација од 30-32 % која била скаладирана во метален резервоар со капацитет од 50 тона. Во моментот на прокапувањето во резервоарот имало количина на залиха од 10-15 тони. Резервоарите каде што се складира хлороводородна киселина имаат изградено танквана – непропустлив бетонски базен заради заштита. Веднаш по утврдувањето на прокапувањето од страна на правниот субјект преземени се превентивни мерки.
По пријава од општински советник на Општина Гази Баба за непријатен мирис во околина на фабриката МЗТ, дежурните екипи на Инспекторат на град Скопје пред два дена информираа дека веднаш реагирале и го пронашле сторителот.
„Се работи за правен субјект што работи со прекурзори, на лице место е констатирано дека се работи за истекување на солна киселина од цистерна, веднаш се преземени итни мерки за спречување на понатамошно истекување. Правниот субјект не поседува елаборат за заштита на животната средина, направен е записник за понатамошно постапување“, соопшти Инспекторатот на Град Скопје на Фејсбук.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно и потопло со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има локален слаб дожд, краткотрајно пороен, проследен со појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.
Во Скопје променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 22 степена.
Во четврток ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи, а на повисоките планини ќе преминуваат во повремен слаб снег. Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време.
Македонија
„Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи“, се наведува во извештајот на Стејт департментот
Министерот за правда ги затвори бугарските културни клубови „Цар Борис Трети“ и „Иван (Ванчо) Михајлов“, повикувајќи се на законот од 2022 година, со кој се бара од организациите именувани по поддржувачи или соработници на фашизмот да ги променат своите имиња, се наведува во извештајот на Стејт департментот.
„Во февруари, по препорака на Комисијата за антидискриминација, обвинителството во Битола отвори прелиминарна истрага за клубот „Иван (Ванчо) Михајлов“ поради говор на омраза. Претседателот на клубот беше обвинет за поттикнување етничка и расна омраза и нетолеранција и ширење расизам и ксенофобија. Две лица се обвинети за нанесување тешки телесни повреди на Христијан Пендиков, кој се саморегистрирал како Бугарин, по национална и етничка основа на омраза“, се вели во извештајот.
Во однос на слобода на здружување во Бугарија, во извештајот се наведува дека Законот предвидува право на слобода на здружување и владата генерално го почитувала.
„Властите продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи како што се Обединета македонска организација-Илинден, Друштвото на угнетените Македонци во Бугарија-жртви на комунистичкиот терор, Здружението за заштита на основните индивидуални човекови права 2023 година и Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ и покрај бројните претходни одлуки на Европскиот суд за човекови права дека негирањето ја нарушува слободата на здружување на групите.
Во февруари, Окружниот суд во Пловдив ја потврди одлуката на Агенцијата за регистрација со која се одбива регистрацијата на Обединетата македонска организација Илинден-Пловдив со образложение дека целите на групата, вклучително и официјалното признавање на македонското етничко малцинство, биле насочени кон поделба на нацијата и ќе создадат услови за етнички конфликт. Во мај, Апелацискиот суд во Пловдив ја потврди одлуката на понискиот суд“, нотира извештајот.