Контакт

Македонија

Интервју со професор Горан Ајдински: УКИМ заслужува многу повеќе

Објавено пред

Професоре Ајдински, Вие сте познат во универзитетскатa и во пошироката јавност како успешен декан во два мандата на еден од најголемите факултети – Филозофскиот факултет во Скопје. Познат стручњак во својата област дефектологија, а за нас новинарите и како човек што секогаш е достапен за разговор. Професоре, темата за рангирањето на Универзитетот била отсекогаш актуелна, но во последните години некако како да доминира во споредба со другите теми во високото образование. Што се случува со рангирањето, зошто за оваа тема постојат постојани несогласувања на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и какво е Вашето видување?

dobivaj vesti na viber

Темата со рангирањето на универзитетите отсекогаш била актуелна, но се сложувам, не толку како во последните години. Има објаснување зошто тоа е така. До 2016 година нашиот Универзитет одржуваше одреден континуитет на раст на светските ранг-листи, но потоа почна со неговиот пад. Факт е дека на некои листи, како што е на еминентната листа на SCImago, тој закрепнува и полека се искачува на ранг-листата. Но, за жал, место за задоволство, а уште повеќе за бомбастични изјави дека се случил не знам каков напредок, едноставно – нема. Анализирајте го само графиконот од достапните податоци на официјалната страница на SCImago од 2009 до денес. Може да видите дека УКИМ од 814. место во 2009 година, во мандатот на претходните ректорски управи до 2016 година, за седум години се искачи на 629. место (покачување за 185 места). На светските ранг-листи од калибарот на SCImago ова е сериозен напредок. Меѓутоа, во периодот од 2016 до 2020 додина, за четири години, УКИМ падна на 734. место (пад за 105 места). Факт е дека со последното рангирање има подобрување, но сѐ уште УКИМ не е на нивото на кое беше во 2016 година. Навистина, како професор не знам како да реагирам кога ќе слушнам коментар дека е добро тоа што УКИМ напреднал на ранг-листите, па уште се праќаат имејлови до сите професори дека напорите на менаџментот на УКИМ вродиле со плод итн. За каков напредок треба да зборуваме ако не може да ги продолжиме конитунитетот, напредокот и развојот на Универзитетот ако не успееме да ги задржиме позициите на ранг-листите од времето кога можевме да се пофалиме дека сме едни од најдобрите во регионот. Но, не зборуваме само за SCImago. Видете ги и другите ранг-листи (CWUR, Webometrics и др.).

Ова што Вие го кажувате навистина заслужува внимание. А што се случува, кој всушност се занимава со оваа проблематика?

Тоа не го кажувам јас, тоа го кажуваат јавно објавените податоци. Јас само се обидувам да ги интерпретирам и да си дадам самиот објаснување што се случува на УКИМ.

Вообичаено, ако има некој напредок на некоја ранг-листа, официјално професорите добиваат честитки на имејл и некој сака да си припише заслуга за напредокот и тоа е во ред. Но, кога оди УКИМ надолу, тогаш со тоа се занимаваат повеќе луѓе и почнуваат објаснувања дека базата на податоци не била релевантна, дека се сменила методологијата на рангирање, дека не знам што уште не се случило. И, накратко, секаде може да има грешка, освен кај нас.

А дали навистина може да се случи грешка на ранг-листите?

Веројатно може и грешки се случуваат. Но, она што мене лично ми пречи е тоа што секогаш грешката се бара кај другиот и секогаш прашањето се сведува на тоа да се мобилизираат што е можно поголем број експерти експресно да објаснуваат дека УКИМ е супер и сѐ е како што треба. Ние сме академска средина и треба да користиме академски методи. Доколку некој има документирани докази дека во некоја ранг-листа се случила грешка, има начин како тоа да се исправи. Се праќа писмо до институцијата што го извршила рангирањето со барање за корекција, а не соопштенија до професорите и јавноста со разни објаснување и убедувања. Со секое објавување на некое јавно веќе публицирано рангирање ситуацијата се повторува. Последниот пат нѐ убедуваа дека базата на податоци Google Scholar не била релевантна и слични небулози. Ако оваа база е нерелавантна, тогаш зошто сите во февруари 2021 година добивме писмо од ректорот задолжително да отвориме профил во три бази, меѓу кои и Google Scholar? И ако не е релевантна, зошто некои од тие што тоа го тврдат не му напишаат на „Гугл“ и не им кажат на луѓето таму дека базата не им чини?

Може ли да ни кажете поконкретно зашто толкава полемика за базите на податоци, каква е нивната улога во рангирањето?

Денес, во светот постојат голем број институции што вршат рангирање и имаат своја ранг-листа. Има многу, но можам да ви набројам барем десеттина што ги следам (Schangai, QS World University Rankings, Times Higher Education Ranking, Scimago, CWUR, Multiranking, RUR, AD ranking, Webometrics итн.). Кога институциите вршат рангирање, тие не ве познаваат ниту вас, ниту мене ниту моите колеги, туку тие повлекуваат податоци за тоа што е предмет на рангирањето во согласност со методологијата на рангирањето од некоја база на податоци. На пример, базата на Google Scholar ја користат Webometrics, AD Ranking и други, Scimago ја користи Scopus. Но, најголемиот број институции за рангирање ги користат Google Scholar и ResearchGate. Основното правило на секој што сака да врши рангирање е јасно да ги објави методологијата на рангирање и базата на податоци (или базите) што ги користи. И тука нема ништо нејасно. Нема правило дека еден ист универзитет на разни ранг-листи треба да биде на иста позиција. Друго е прашањето какви податоци од Универзитетот ние сме внеле во тие бази, дали податоците од нашите професори постојат само под името на УКИМ или и под друго име, големината на универзитетот, што секако има влијание во рангирањето и др. Уште еднаш да потенцирам, никогаш не треба апсолутно да се исклучи постоење грешка, но ако состојбата со Универзитетот е слична на сите ранг-листи, не сум убеден дека сите грешат. Што и да е причината, ректорот и проректорите требаше да го отворат ова прашање со една поширока консултација и дебата, во најмала рака не само со сегашната ректорска гарнитура туку и со поранешните декани и ректори, кои сигурно ќе дадеа значајни совети и мислења.

Ајдински говори и за рангирањето

Зошто за еден универзитет е важно да биде добро рангиран?

За рангирањето можеме долго да полемизираме дали и колку е тоа важно. За еден универзитет, пред сè, најважно е тој да биде добар универзитет кој ќе работи и ќе придонесува за развојот на државата. Но, рангирањето е битно за меѓународно легитимирање на универзитетот. Кога конкурираме за некој меѓународен проект, кога аплицираме во некоја асоцијација, за некој конзорциум, за некоја позиција и сл., секогаш тој од спротивната страна сака да види, едноставно кажано, со кого си има работа. Затоа е битно УКИМ да биде добро рангиран. Рангирањето само по себе нема веднаш да ни донесе финансии и да ни ги реши сите проблеми на Универзитетот, но ќе ни даде повеќе можности. Ние можеме безбројпати да повториме дека сме најстар, најдобар, најголем, но без меѓународна потврда, сето тоа многу не ни вреди зашто не е доволно да си најстар и најголем, туку како таков треба да бидеш и најпрогресивен и најавангарден во истражувањата, во идеите, во проектите.

Професоре, ги споменавте финансиите. Неодамна прочитавме една изјава дека кога ќе се покачат платите на професорите, ќе се подобрат и рангирањето и состојбата во науката. Дали финансиите се клучот за решавање на проблемот?

Не знам на која изјава мислите, јас исто така прочитав една изјава дадена во врска со покачувањето на платите, што воопшто не ми се допадна и имам, се разбира, за тоа поинакво мислење. Платите се плати, а финансирањето на науката е финансирање на науката. Каква врска има ниската плата со лошото рангирање на Универзитетот? Незначителна, иако знаеме дека не може да има мотивација кај наставниот кадар за работа без солидни примања. Во овој случај потребна е поголема посветеност, да не кажам преговори и притисок, за да се избориме за поголеми примања на релација Ректорат – МОН. Но, тоа е нешто друго.

Ако некој кажува дека платите на професорите треба да им служат за покривање трошоци за објавување трудови, тогаш нема за што да разговараме. Оној што тоа го кажува нема доволно познавање на системот. Финансирањето на науката треба да се решава одделно од платата. Ниту ако се покачи платата, ќе се покачат средствата за наука ниту, пак, ако се зголемат средствата за наука, ќе се покачат платите. Независно за кој универзитет станува збор, должност е на секој ректор, проректор за финансии, па и ректорска управа, да се борат и за двете.

Професоре Ајдински, би сакале да ја искористиме можноста да Ве прашаме и за последната актуелност на Универзитетот. Како што ни е познато, деновиве почна постапката за избор на нов ректор на Универзитетот за нареднниот мандатен период. Имате ли сознанија колку кандидати за ректор ќе има на овие избори? И да бидеме директни, планирате ли Вие да се кандидирате?

Бидејќи ме прашавте директно, така и ќе Ви одговорам. Да, планирам да се кандидирам.

Ајдински ќе биде кандидат за ректор, открива за „Макфакс“

Може ли барем накратко да ги слушнеме Вашите мотиви за кандидатурата?

Секако, иако во оваа фаза не би сакал да отворам теми за кои треба повеќе простор. Но, тоа што би можел да кажам е дека на УКИМ сум вработен релиси три децении и, за жал (а тоа не е само моја перцепција), УКИМ веќе повеќе години не е оној УКИМ што заеднички го градевме, што заеднички го чувавме, се гордеевме со него и се радувавме на секој успех. Не е тоа веќе УКИМ полн со задоволни студенти и професори. Јас повеќепати за многу прашања настапував критички и тоа можеби некому не му се допаѓаше, иако конструктивните спротивни мислења се тие што ги придвижуваат работите напред. Сето тоа беше со цел колку што можам да влијаам работите да се поправат. За жал, тие не одат во добра насока. Од позиција на ректор сакам да го дадам својот придонес и да го ставам на располагање своето долгогодишно искуство како наставно-научен работник и поранешен декан – со заеднички сили да го вратиме УКИМ таму каде што беше и каде што припаѓа – меѓу најдобрите универзитети, респектиран од сите, отворен универзитет, препознатлив на меѓународен план. Ќе биде навистина тешко, но мора да направиме многу повеќе за нашиот универзитет.

Што се однесува до другиот дел од Вашето прашање, дали ќе се јават други кандидати и кој ќе се јави, навистина не би знаел да Ви кажам затоа што конкурсот е отворен и секој има право да се кандидира. Кога велам има право, мислам на законското право. А ако говорам за етичкото и моралното, тогаш би рекол дека кој и да било што учествувал директно или индиректно во назадувањето на УКИМ би било премногу да го бара гласот од професорите и студентите.

На УКИМ му требаат промени.

Македонија

Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ

Објавено пред

Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората во Берлин на Коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ).

dobivaj vesti na viber

Меџити од овој собир на дијаспората и се обрати со зборови каде им ја даде убавата вест дека на 8 мај пристигнува победата, но и за вредноста на учеството на дијаспората во овие избори кои многу добро знаат да казнуваат режими и тие кои го мразат Курти и Косово.

„Првите политички движења се отпочнати од дијаспората, како за совладување на Југославија, така и за независноста на Косово, а токму од ова дијаспора ќе пристигне и казната за ДУИ која се спротиставува на Косово и кокетира со Вучиќ”.

Тој, исто така, додаде дека сега е историскиот момент за промени во албанската политичка сцена после децении, со обединетата опозиција и со Самоопределување.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во Скопје санкционирани 179 возачи

Објавено пред

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол…

dobivaj vesti na viber

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Прикажи повеќе...

Македонија

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Објавено пред

Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.

dobivaj vesti na viber

Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.

Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 минути

Десетгодишно дете призна дека убило човек пред две години, полицијата во Тексас во шок

Десетгодишно дете од американската сојузна држава Тексас, кое било испрашувано поради наводна закана дека ќе го убие својот соученик, им...

Македонија19 минути

Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ

Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората...

Свет25 минути

Северна Кореја тестираше „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала боева глава со „супер-голема“ крстосувачка ракета и нова противвоздушна ракета. Тестот за моќност на...

Македонија2 часа

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Во рамки на кампањата за парламентарните избори, која почна во четвртокот, и денеска кандидатите за пратеници во шесте изборни единици...

Македонија2 часа

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија2 часа

Силјановска-Давкова со 8 прашања, како граѓаните да се решат дали и за кого ќе гласаат на изборите 

Во својот говор на синоќешниот митинг во Крива Паланка професорката Горданa Силјановска -Давкова порача дека оваа власт не креира рационални политики,...

Македонија13 часа

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост, рече Пендаровски

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија14 часа

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија14 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија14 часа

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија19 часа

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија19 часа

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија20 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија22 часа

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија1 ден

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет1 ден

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет1 ден

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија1 ден

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија1 ден

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет1 ден

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...