Македонија
Исчезната жена од населбата Драчево, семејството бара помош за нејзино пронаоѓање
Ви се обраќам за да побарам помош од вас во подигање на свеста на надлежните органи и населениото во потрагата на мајка ми, која исчезна на 22 март. Подолу оставив опис на ситуацијата. Доколку може да објавите на вашите медиуми, ќе ни бидете од многу голема помош. Нашето семејство е мало и ни е потребна сета помош за да се пронајде мајка ми.
„Виолета Јаневска, на возраст од 60 години, последен пат видена на 22.3.2022, вторник, во 17.30-18 часот кај поштата во населбата Драчево. Телефонот ѝ е забележан последно на базната станица во Јурумлери, што фаќа далечина од неколку километри. Облечена е во црно. Црн капут, тегет тренирки и црни чевли. Треба со себе да носи црвена торба и очила за гледање. Висока е 166 см, има 52 килограма, црвена коса, со малку пробелено. На десната страна на усната има израсток. Има зелени очи. Нема претходни психички нарушувања и болести ниту, пак, е зависна од некакви супстанции и лекарства. Многу е одговорна и организирана личност, работи како сметководител на Факултетот за безбедност повеќе од 40 години. Се грижи за себе и за своето здравје и има активен и здрав начин на живеење.
Излезе од дома кратко за да си ги земе очилата, кои ги има подигнато, и потоа ѝ се губи трагата.
Телефон за контакт: 071 370 185. Доколку сте во можност за волонтирање за барање, барајте ме.
Однапред им се заблагодарувам на сите што ни помагаат и ќе ни помогнат во потрагата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата
Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов по првиот круг од претседателските избори.
„Затоа е потребна општа мобилизација за уште посилна победа на коалицијата “Твоја Македонија” предводена од ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните ги отпишаа СДСМ, да запнеме сите заедно да ги отпишеме и ДУИ. Овојпат ДУИ мора да падне! Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата!“, порача Анеглов.
Ангелов пред еден месец соопшти дека неговата партија излегува од коалицијата предводена од СДСМ.
Тој со години се залагаше воените инвалиди и семејства на загинатите бранители да бидат обештетени, но немаше слух од своите коалициони партнери. Како што самиот рече, добивал поддршка од премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, но поради противењето на ДУИ тоа не се случило.
Македонија
Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи
Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските избори освои само 8.103 гласови односно 0,90%. Тоа е помалку од бројот на собрани потписи за претседателска кандидатура, зад која му се потпишаа 10.000 граѓани.
Јакимовски во неговата општина освои 2.143 гласови, додека во родната Крива Паланка за Јакимовски гласале 182 граѓани.
Тој вчеравечер призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова. Додаде дека не е задоволен од изборниот резултат.
Поразот на Јакимовски вчера беше главна тема на социјалните мрежи.
Стевчо Јакимовски ни комшиите не го гласале. Пошо да го гласаа ќе тепаше у прв круг.
— Ракун (@HumoroidM) April 24, 2024
И доктортот Нико Беќаровски за него објави хумористичен статус.
„Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“, напиша тој на фејсбук.
Стевчо Јакимовски во првиот круг заврши последен по бројот на гласови на претседателските избори.
Македонија
Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро
На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија.
Тој соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, а беше познат и како крал на местенките во фудбалот.
Соработуваше со големи музички ѕвезди, како Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгоевиќ, „Бјело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена.
Своевремено има изјавено дека организирал 5.000 концерти и многубројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.